п.с. офтопи: во известувања ми пишува дека си ме цитирала, ама никаде не гледам цитат во твоето мислење. Дали е баг не знам, па претпоставив дека си ме цитирала.
Врска немам, мислам дека одма под твоето мислење почнав да пишувам, не се сеќавам дали кликнав на цитирај копчето.
Види Крејзи јас напишав субјективно искуство за тоа што за време на тој семинар видов- дека се понапредни од нас и може да се научи нешто од нив. Знам дека моето откритие не може да се рамни со откритието на Колумбо кога ја видел Америка, но сепак е некој субјективен впечаток, а не рафинирана и преработена сторија.
На форумов сигурно има поупатени од мене па нека напишат повеќе. Еве ти ако си била (било како не мора семинар) кажи твои впечатоци како е таму да знаеме да се информираме и ние со информации од прва рака.
Фала Богу дека е субјективно мислење, мене не ми е намерата да го омаловажам твојот впечаток или искуство, само ти викам дека тоа било пред две години, а и било семинар, знаеш кога си пократок период на одредено место, не можеш да ја видиш целата слика, според мене за да добиеш претстава за одредена држава и нејзиниот систем мораш да живееш во неа. Не е некакво несогласување, само ти велам како јас ги перцепирам работите.
Не го ни негирав твојот став дека има систем кој функционира, но секој систем има дупки, а политичките елити, секаде низ светот, гледаат да ги лепат дупките со привремени решенија и проблемите под тепих да ги пикаат, но кога тогаш истите излагаат на површина. Претпоставувам истото е и со Словенците (барем од ова што го читам изминатиов период).
Еве
Jagod4e живее т.е студира таму, така да таа може малку повеќе да елаборира за тоа како функционира системот, а мислам дека и малку во претходните постови и ја начна таа тема. И Словенците се луѓе како и сите останати народи, покрај другото се и Балканци, колку и тоа да го мразат и бегаат од тоа. Можеби најдалеку изгураа, можеби највеќе се развија од сите поранешни екс ју држави, ама на крајот од денот и тие се дел од Балканот и тие и покрај различниот менталитет, сепак не се совршени и не се имуни на кризи.
Што се однесува до болдот отвори доста битно прашање. Може ќе сме офтопик ама да не се отвара тема и мене таа работа не ми е јасна. Ме прашувале пријатели странци кога ќе дојдат кај нас сите ми велат е како е можно да е државата сиромашна кога се добро изгледа. Сите сте добро облечене, добра храна јадете, дома кај сите е наместено, кафаните полни итн.
Па да малце сме оф-топик, ама делумен оф-топик е ова, пак е во склад со темата. Тоа е тој муабет што ти го кажувам. Ќе дојде странец во Скопје, ќе оди по ресторани, кафичи, дискотеки, ќе оди на места кај што одат младите и ќе мисли дека па шо се жалат овие, види ги све имаат. Затоа и ти го споменав тој факт, едно е да одиш да посетиш една држава, сосема е друго да живееш во неа.
За крај ќе се повторам дека со сториите кои ги читаме ние само си се тешиме. Демек види ги Грциве или незнам кој криза имаат. Имаат де, ама ние си сме пак последни во се.
Па шо знам, мене не ме теши тоа. Само ја гледам фактичката состојба и во регионот и во светот. Не ме теши фактот дека и други луѓе немаат што да јадат, напротив, жал ми е за луѓето што си ги губат работите, не добиваат плата, рмбаат за да скрпат за живот. Тоа не ми е за тешење...