Јанша призна: Словенија е пред банкрот (Протести во Словенија заради штедните мерки)

Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
И кое е нивното решение? Како Словенија да се спаси од банкрот без кризните мерки?
Да го знаев тоа, немаше сега да седам пред Кајгана :cool:!
Словенците се друг народ, со подруги сфаќања, нормално е да протестираат против некој што буквално ги изукраде, тоа го гледам и во мојот сектор, каде што 3 плати им скратија, работат секојдневно без ни еден слободен ден, за викенди имаат двојни смени!
--- надополнето: 5 декември 2012 во 22:09 ---
Ваљда џабе е сега кога на време не мислеле... така ќе биде и кај нас за извесен период... за жал... до гуша сме во долгови кои не можеме да ги исплатиме...
Само не се луѓето криви, туку владеачката гарнитура! Овие лоповиве што ги имаат на власт, ќе да се дојдени од Македонија! Или ментори имаат од МК! :sneaky:
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
DIRLJIVO PISMO POLICAJCA IZ SLOVENIJE: Nemam novca za rođendan sinu, i ja sam dio naroda…

Ti ljudi nisu lopovi i kriminalci, oni su gladni! To rade da bi preživjeli. Da prežive u Sloveniji koja je trebala postati nova Švicarska. :pos:(кој високо лета-ниско паѓа)
Tu se više ne da živjeti. Ti gladni ljudi koji su ukrali pecivo i kruh su osuđeni. A tajkuni, vladajući i gradonačelnici ne. Zato samo poručujem vlastima: još uvijek sam čovjek, još uvijek što je pravo a što krivo. Čak i kad stavim kacigu, pancirku, prsluk i držim pendrek.
Ni kada mi zapovjedite, neću dariti po gladnom komšiji!
Poručujem Goreneku, Janši i svim ostalima, lijevima i desnima! Nikad više neću udariti po onima koji protestuju. Neću udariti gladne ljude, koji su gladni zbog vaše nesposobnosti. Neću po ljudima koji su u pravu! Neću po gladnom komšiji, sinu, ocu majci, sestri…!
Neću to činiti niti na zapovijed! Nisam tako odgojen.
A ti, dragi kolega?
Sin je plakao kad sam mu rekao da ne može pozvati prijatelje
 
Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
И кое е нивното решение? Како Словенија да се спаси од банкрот без кризните мерки?
Да се организираат роденденски журки за сите деца на џандари, како џандарите би биле помотивирани да удираат и да ја менаџираат кризата.
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Да го знаев тоа, немаше сега да седам пред Кајгана :cool:!
Словенците се друг народ, со подруги сфаќања, нормално е да протестираат против некој што буквално ги изукраде, тоа го гледам и во мојот сектор, каде што 3 плати им скратија, работат секојдневно без ни еден слободен ден, за викенди имаат двојни смени!
--- надополнето: 5 декември 2012 во 22:09 ---

Само не се луѓето криви, туку владеачката гарнитура! Овие лоповиве што ги имаат на власт, ќе да се дојдени од Македонија! Или ментори имаат од МК! :sneaky:
Ма јебеш ги и едни и други се то требит да се запали...:D Ах комунизам златен... и анархија...
Шала на страна сепак не ја ставам целата кривица на владата и компанија... туку и лугето си се криви што допуштиле до тој степен да дојдат па дури тогаш да се пробудат дека нешто не е во ред... така е и кај нас сега... се е супер наводно... ама што ќе донесе денешнава ситуација со долговиве ќе видиме...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.313
Поени од реакции
26.231
Да го знаев тоа, немаше сега да седам пред Кајгана :cool:!
Словенците се друг народ, со подруги сфаќања, нормално е да протестираат против некој што буквално ги изукраде, тоа го гледам и во мојот сектор, каде што 3 плати им скратија, работат секојдневно без ни еден слободен ден, за викенди имаат двојни смени!
Не треба ти, треба тие што протестираат да знаат. Не е тоа некоја нуклеарна програма, па да ја држат во тајност. Така оди тоа со општите протести. Протестантите имаат платформа, па наоѓаат партија што ќе им ја поддржи и таа партија доаѓа на власт да ја спроведе. Овие протестираат затоа што некој ги крадел... Јака платформа, сигурно ќе најдат некој политичар што ќе им вети дека нема да ги краде.
Да се организираат роденденски журки за сите деца на џандари, како џандарите би биле помотивирани да удираат и да ја менаџираат кризата.
Успеаа окупаторине од Њујорк да ги однесат протестите на ново ниво. Сега сите почнаа да протестираат затоа што било модерно.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Не треба ти, треба тие што протестираат да знаат. Не е тоа некоја нуклеарна програма, па да ја држат во тајност. Така оди тоа со општите протести. Протестантите имаат платформа, па наоѓаат партија што ќе им ја поддржи и таа партија доаѓа на власт да ја спроведе. Овие протестираат затоа што некој ги крадел... Јака платформа, сигурно ќе најдат некој политичар што ќе им вети дека нема да ги краде.

Успеаа окупаторине од Њујорк да ги однесат протестите на ново ниво. Сега сите почнаа да протестираат затоа што било модерно.
Па то ти викам, протестираат затоа што се во криза! А овие кутриве овде долго време неможеа да склопат влада, зошто се лопови внатре, за која партија би се врзале кога на никоја не им веруваат!
Тие се револтирани, го јадоја на големо, ама се има граница на толеранција, unlike us!
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.313
Поени од реакции
26.231
Па то ти викам, протестираат затоа што се во криза! А овие кутриве овде долго време неможеа да склопат влада, зошто се лопови внатре, за која партија би се врзале кога на никоја не им веруваат!
Тие се револтирани, го јадоја на големо, ама се има граница на толеранција, unlike us!
А кој протестира кога не е во криза? Значи, како протестантите мислат државата да излезе од криза? Ако немаат одговор на ова прашање џабе протестираат. Долго време не можеа да склопат влада затоа што не сакаа Србин за премиер, а не затоа што се лопови внатре. Лоповите најлесно се договараат. И повторно, ако не поддржат ниедна партија, што би ја прифатила нивната иницијатива (макар што, овде нема ни иницијатива), џабе протестираат.

Гледаме колку нивниот револт и граница на толеранција им донесоа нешто. И ќе гледаме во иднина, кога кратењата ќе станат уште посилни.
 
Член од
17 јули 2010
Мислења
1.422
Поени од реакции
2.203
Кој е начинот за да се спротивставиме на тактиката на оваа влада.На сите протести што се организираат,власта прави контрапротести пред СДСМ.Така беше и со стечајците,и покачувањето на струјата.Значи она нема слух за проблемите на народот!

Тој народ што ја поставил таа влада, е истиот што може да ја сруши! Најтрагично од се, е тоа што од внатре сме трули, од внатре имаме предавници, затоа не можеме да сме мнозинство, и не успеваме!
--- надополнето: 6 декември 2012 во 00:02 ---
А кој протестира кога не е во криза? Значи, како протестантите мислат државата да излезе од криза? Ако немаат одговор на ова прашање џабе протестираат. Долго време не можеа да склопат влада затоа што не сакаа Србин за премиер, а не затоа што се лопови внатре. Лоповите најлесно се договараат. И повторно, ако не поддржат ниедна партија, што би ја прифатила нивната иницијатива (макар што, овде нема ни иницијатива), џабе протестираат.

Гледаме колку нивниот револт и граница на толеранција им донесоа нешто. И ќе гледаме во иднина, кога кратењата ќе станат уште посилни.
А ти мислиш дека е подобро Канглер да остане на чело на Марибор? Еве пример да речеме!

Грешка си, ако мислиш дека за џабе протестираат! Со тоа покажуваат дека нема веќе манипулација! И секоја една партија што ќе дојде на власт ќе паѓа и паѓа, ако не исполнува барем еден дел од нивните барања! Словенците не се така лекоумни како нас, да допуштаат некој да ги изукраде и да ги доведе до питачки стап!

Од друга страна пак, за кризните мерки, се потребни, но гледај сите старосни групи овде се погодени од нив!
Ги намалија пензиите, платите во администрацијата, платите во здравството се намалени, каснат со исплаќање, а некои и ќе се опростат со 3 плати, стипендиите на студентите им се укинати, некои и на пола се намалени, и ред други работи....
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.313
Поени од реакции
26.231
Канглер не е ниту проблем, ниту решение на проблемот. Тоа што го таргетираат заради неговите контроверзи само покажува дека протестантите одат на линија на помал отпор и не знаат што сакаат.

Како смената на Канглер ќе ги зголеми пензиите, платите во администрација, во здравство или стипендиите? Партиите ќе одат и доаѓаат и така во круг. Ко да им е гајле. Да беа Словенците различни од нас, немаше Јанша 30 години да им се мота во политика и да го бираат на разноразни функции.
 
R

Randy

Гостин

Јанша колку што ми е мене познато не им се мота 30 години како што ти велиш. Тој беше избран 2004 еден мандат па беше во опозиција и оваа година повторно доби уште еден мандат. Можно е да грешам, но така ми кажаа едни пријатели што се таму и на лето доаѓаат кај нас на гости.
Што се однесува до Словенците. Можеме многу работи од нив да научиме, не се за џабе цело време понапред и побогати од нас. Пред 2 години бев на семинар дотаму и све беше средено, функционира системот.
Би додал само дека медиумиве нам ни ги сервираат приказниве за да си се тешиме. Демек ево криза е секаде и во јакиве земји гледајте не сме ние за никаде. Нешто во тој стил. Ама ние и понатаму ќе заостануваме 100 години зад сите.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А шо нашиве плаќаат и луѓе да протестираат во Словенија, Италија, Шпанија, Грција? Нема криза бе таму, тоа само нас медиумите ни го сервираат?:unsure:

Светската криза не е заговор на македонските медиуми да не лажат овде, туку е реалност. Си напишал пред две години дека си бил таму и се било средено и функционирал системот. Како можеш само од еден семинар истото да го заклучиш? Не се знае што се криело под површината и што сега излегува. Може некој од Белгија да дојде на семинар во Охрид или во Скопје во Холидеј Ин и по тоа да заклучи дека се функционира, ама не е баш така, нели?

За Македонија е друг момент, тоа дека сме во економска криза никој ниту го порекнува, ниту го негира, ама медиумите не може да ни сервираат нешто што не постои. Кризата во ЕУ постои и ќе продолжи да се продлабочува, посебно поларизираноста меѓу појаките и послабите членки ќе се зголемува, што значи дека и ќе мора да се бара решение за проблемот.
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Krizata vo Slovenija e realna i dlaboko ja potresuva taa drzava. Situacijata e slicna na taa vo Grcija. Vladeackata struktura e mnogu korumpirana, imaat tajkuni, kriminal, a posebno se visoki cenite koi jasno dovedoa do revolt kaj narodot.

Na udar na merkite za stedenje e se' na sto se naviknale Slovencite. Vladata na Jansa im spremi sega reforma na penziskiot sistem.

Na poslednite izbori pred desetina dena izlegoa rekordno mal broj lugje.

Vo medjuvreme Kangler podnese ostavka.

http://www.advance.hr/vijesti/prva-pobjeda-slovenske-pobune-gradonacelnik-maribora-franc-kangler-podnosi-ostavku-borba-se-nastavlja/

.

.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
По коментариве, ни против корумпирани градоначалници не треба да се протестира...
 
R

Randy

Гостин
А шо нашиве плаќаат и луѓе да протестираат во Словенија, Италија, Шпанија, Грција? Нема криза бе таму, тоа само нас медиумите ни го сервираат?:unsure:

Светската криза не е заговор на македонските медиуми да не лажат овде, туку е реалност. Си напишал пред две години дека си бил таму и се било средено и функционирал системот. Како можеш само од еден семинар истото да го заклучиш? Не се знае што се криело под површината и што сега излегува. Може некој од Белгија да дојде на семинар во Охрид или во Скопје во Холидеј Ин и по тоа да заклучи дека се функционира, ама не е баш така, нели?

За Македонија е друг момент, тоа дека сме во економска криза никој ниту го порекнува, ниту го негира, ама медиумите не може да ни сервираат нешто што не постои. Кризата во ЕУ постои и ќе продолжи да се продлабочува, посебно поларизираноста меѓу појаките и послабите членки ќе се зголемува, што значи дека и ќе мора да се бара решение за проблемот.
Види Крејзи јас напишав субјективно искуство за тоа што за време на тој семинар видов- дека се понапредни од нас и може да се научи нешто од нив. Знам дека моето откритие не може да се рамни со откритието на Колумбо кога ја видел Америка, но сепак е некој субјективен впечаток, а не рафинирана и преработена сторија.
На форумов сигурно има поупатени од мене па нека напишат повеќе. Еве ти ако си била (било како не мора семинар) кажи твои впечатоци како е таму да знаеме да се информираме и ние со посвежи информации од прва рака.
Што се однесува до болдот отвори доста битно прашање. Може ќе сме офтопик ама да не се отвара тема и мене таа работа не ми е јасна. Ме прашувале пријатели странци кога ќе дојдат кај нас сите ми велат е како е можно да е државата сиромашна кога се добро изгледа. Сите сте добро облечени, добра храна јадете, дома кај сите е наместено, кафаните полни итн.
За крај ќе се повторам дека со сториите кои ги читаме ние само си се тешиме. Демек види ги Грциве или незнам кој криза имаат. Имаат де, ама ние си сме пак последни во се.

п.с. офтопик: во известувања ми пишува дека си ме цитирала, ама никаде не гледам цитат во твоето мислење. Дали е баг не знам, па претпоставив дека си ме цитирала.
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
п.с. офтопи: во известувања ми пишува дека си ме цитирала, ама никаде не гледам цитат во твоето мислење. Дали е баг не знам, па претпоставив дека си ме цитирала.
Врска немам, мислам дека одма под твоето мислење почнав да пишувам, не се сеќавам дали кликнав на цитирај копчето. :)
Види Крејзи јас напишав субјективно искуство за тоа што за време на тој семинар видов- дека се понапредни од нас и може да се научи нешто од нив. Знам дека моето откритие не може да се рамни со откритието на Колумбо кога ја видел Америка, но сепак е некој субјективен впечаток, а не рафинирана и преработена сторија.
На форумов сигурно има поупатени од мене па нека напишат повеќе. Еве ти ако си била (било како не мора семинар) кажи твои впечатоци како е таму да знаеме да се информираме и ние со информации од прва рака.
Фала Богу дека е субјективно мислење, мене не ми е намерата да го омаловажам твојот впечаток или искуство, само ти викам дека тоа било пред две години, а и било семинар, знаеш кога си пократок период на одредено место, не можеш да ја видиш целата слика, според мене за да добиеш претстава за одредена држава и нејзиниот систем мораш да живееш во неа. Не е некакво несогласување, само ти велам како јас ги перцепирам работите. :) Не го ни негирав твојот став дека има систем кој функционира, но секој систем има дупки, а политичките елити, секаде низ светот, гледаат да ги лепат дупките со привремени решенија и проблемите под тепих да ги пикаат, но кога тогаш истите излагаат на површина. Претпоставувам истото е и со Словенците (барем од ова што го читам изминатиов период).
Еве Jagod4e живее т.е студира таму, така да таа може малку повеќе да елаборира за тоа како функционира системот, а мислам дека и малку во претходните постови и ја начна таа тема. И Словенците се луѓе како и сите останати народи, покрај другото се и Балканци, колку и тоа да го мразат и бегаат од тоа. Можеби најдалеку изгураа, можеби највеќе се развија од сите поранешни екс ју држави, ама на крајот од денот и тие се дел од Балканот и тие и покрај различниот менталитет, сепак не се совршени и не се имуни на кризи. :)
Што се однесува до болдот отвори доста битно прашање. Може ќе сме офтопик ама да не се отвара тема и мене таа работа не ми е јасна. Ме прашувале пријатели странци кога ќе дојдат кај нас сите ми велат е како е можно да е државата сиромашна кога се добро изгледа. Сите сте добро облечене, добра храна јадете, дома кај сите е наместено, кафаните полни итн.
Па да малце сме оф-топик, ама делумен оф-топик е ова, пак е во склад со темата. Тоа е тој муабет што ти го кажувам. Ќе дојде странец во Скопје, ќе оди по ресторани, кафичи, дискотеки, ќе оди на места кај што одат младите и ќе мисли дека па шо се жалат овие, види ги све имаат. Затоа и ти го споменав тој факт, едно е да одиш да посетиш една држава, сосема е друго да живееш во неа. :)

За крај ќе се повторам дека со сториите кои ги читаме ние само си се тешиме. Демек види ги Грциве или незнам кој криза имаат. Имаат де, ама ние си сме пак последни во се.
Па шо знам, мене не ме теши тоа. Само ја гледам фактичката состојба и во регионот и во светот. Не ме теши фактот дека и други луѓе немаат што да јадат, напротив, жал ми е за луѓето што си ги губат работите, не добиваат плата, рмбаат за да скрпат за живот. Тоа не ми е за тешење...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom