R
Randy
Гостин
Мислам дека доста реално размислуваш. И јас имам слично мислење. Сепак мислам дека ќе се средат и за брзо време ќе ги поправат недостатоците. Според економски показатели се во подобра ситуација отколку некои други држави кои ги зафати кризата како што е на пример Грција.Не го ни негирав твојот став дека има систем кој функционира, но секој систем има дупки, а политичките елити, секаде низ светот, гледаат да ги лепат дупките со привремени решенија и проблемите под тепих да ги пикаат, но кога тогаш истите излагаат на површина. Претпоставувам истото е и со Словенците (барем од ова што го читам изминатиов период).
Еве Jagod4e живее т.е студира таму, така да таа може малку повеќе да елаборира за тоа како функционира системот, а мислам дека и малку во претходните постови и ја начна таа тема. И Словенците се луѓе како и сите останати народи, покрај другото се и Балканци, колку и тоа да го мразат и бегаат од тоа. Можеби најдалеку изгураа, можеби највеќе се развија од сите поранешни екс ју држави, ама на крајот од денот и тие се дел од Балканот и тие и покрај различниот менталитет, сепак не се совршени и не се имуни на кризи.