Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Бидејќи по медиумите се појавија тврдења дека се ќе се „среди“ ако ТЕ - ТО проработи, еве накратко што значи ТЕ- ТО
ТЕ – ТО за еден час работа ќе троши 57 илјади нормални кубни метри гас. Илјада нормaлни метри гас , за четвртиот квартал оваа година, чинат 579,2200 US$ ( тоа е набавна цена кон Гаспром – експорт Москва ). Што значи за еден час работа ТЕ – ТО чини 33015 US$. Или за еден месец работа на ТЕ – ТО само за гас ќе треба да се плати речиси 24 милиони US$, а за 6 месеци 144 US$ милиони
TE – TO ja доведе Топлификација до пропаст, А сега авторите на оваа мегаломанска промашена инвестиција посакуваат Рапублика Македонија да го национализира ТЕ – ТО и да граѓаните на Република Македонија плаќаат за нивните промашени мегаломански идеи.
 
Каде се парите од делените дивиденди? Како се делеле дивиденди а немало пари за работа и се кревале кредити?
 
Јас можам да го кажам мојот став за управниот одбор на Топлификација, ама не е за на форум.
Затоа и сме на форум да си го кажеме ставот под некое сосема трето име .
--- надополнето: 5 декември 2012 во 14:32 ---
Каде се парите од делените дивиденди? Како се делеле дивиденди а немало пари за работа и се кревале кредити?
Парите од поделената дивидена е кај акционерите,а како била поделена дивиденда ако фирмата била во загуба и подигала кредити за да работи тоа ретко кој може да ти го каже.:confused:
 
Препорачувам на сите која ја следат ситуцијата околу Топлификација да го прочитаат овој текст, бидејќи од него може да се согледа тактиката која ја користи Топлификација.
Топлификација постојано ја обвинува Регулаторна, а Регулаторна постојано и одобрува се што ќе посака. Ова се „ игри без граници“.
Инаку ситуацијата е сосема спротивна. Регулаторна и овозможи цени повисоко за 300%. Регулаторна ги донесе Правилата по кои исклучените треба да плаќаат. Регулаторна прифаќа трошкови дека Топлификација троши два три пати повеќе гориво одколку што стварно троши, Регулаторна и дозволи да „ мери “ со калориметри и ако тоа мерење не е точно и представува измама и грабеж.....
Сега е во тек „ офанзивата “ на Топлификација а по недела две Регулаторна се ќе одобри.
Погледнете ги написи по веснициве: Топлификација ја обвинува Регулаторна
http://www.time.mk/?search=news&query=топлификација
 
ДА ДА ДА, така е. Абе мамето ни го ебаа, овие ги обвинуваат оние бла бла, на крај што се случува, си седат заедно во меана и се смеат со милионите во џебот. Граѓаните на крајот со огромни сметки, ама не смеат ниту да излезат на протест оти ќе им се случи што им се случува на лекариве. Тоталитарна власт и тоа е тоа. Ако се во право или едните или другите, зошто не излезат да кажат пред народот што се случува и кој е проблемот со топлификација и регулаторна. Да објаснат. Како може да објаснат дека биле во Америка, и ете сите компании се затрчаа да инвестират во Македонија се чудам кај да аплицирам за работа. Ако има некаков договор кој е потпишан со едната и другата страна, едната страна ако не го почитува ќе го раскинат, или на суд ќе оди делото и така натаму....А што се случува...Игри без граници....Ништо не е случајно во оваа држава верувајте...ништо
 
Денес ја добив сметката на Топлификација за ноември
Како исклучен треба да платам на Топлификација:
1.209,50 денари
 
Денес ја добив сметката на Топлификација за ноември
Како исклучен треба да платам на Топлификација:
1.209,50 денари

Ццц, брука за нив, повеќе од 500-600 денари не треба да плаќаш (ако се оди според квадратура).
Мене целата сметка ми е 2.000 што се греам, тебе 1200 за ништо.
 
Ццц, брука за нив, повеќе од 500-600 денари не треба да плаќаш (ако се оди според квадратура).
Мене целата сметка ми е 2.000 што се греам, тебе 1200 за ништо.
E Moj Другар....
Нема тука логика.... има само вешти криминалци...
Килограм мазут , според најнова екстра висока цена, заедно со сите давачки, чини 42, 241 денари за еден килограм. Килограм мазут содржи барем 12 KWh енергија. Што значи дека 1KWh чини помалку од 3, 5 денари.
За затоплување на мојот стан потребни се околу 6000 KWh ( мојот стан е најгоре и е неповолен инаку на другите им е потербно помалку ) за цела зима, а тоа е : 6000 * 3,5 = 19500
А сега Топлификација се жали дека и биле ниски цените и бара да и дадат 25 милиони евра, ....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom