ок, кога збориме за печки и грејни тела се мисли на kw/h. значи потрошена моќност на час
за колите kw е ознака за моќност. w=моќност.
палетите мислам дека треба да се обележани со мерна единица калории. односно колку топлина може да емитува тоа тело на такво или онакво гориво. а ако е ставена kw, тогаш е компаративно изведено од калориите
е сега најбитното што ме праша. колкав простор може да загрее. за ова мора да се земат во обзир неколку работи. изолација на ѕидови, прозори и врати, под (дали има некој под тебе или е подрум, а и над тебе исто важи, и како последна ставка што треба да се земе во обзир е дали си на ветровито место или не. во мојот случај е, имам одлична изолација на ѕидови, прозори и врати (скапо ама исплатливо и тоа го имам сменето во тек на 3 год, никако наеднаш), и сум на провев. од 3 страни не сум опколен со други станови и има голем провев од надвор.
а за принципот на раб на конвекторите и печките, ............ и двата работат на грејачи, но пецката има цигли кои се загреваат и треба да даваат топлина подолго време. и се е тоа супер во теорија, ама праксата некако сосема спротивно кажува. како и зошто не знам одговор. конвекторите пак по теорија би требало да се 1000 пати поскапи ама не се, а грејачот работи 24 часа. и трагедијата да биде поголема, ....... загреваат поголема површина.
така да, за тие 35м2 што ги спомнува
valvoline мислам дека би му биле доволни 2 ком од по 1kw.
се надевам дека разјаснив бар малку. тоа е мое искуство. и пак ќе назначам, сигурно има подобри начини за греење, ама во мом не сум во можност да барам и екпериментирам.