Помош при избор на факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Delux123
  • Време на започнување Време на започнување
Јазик, дете, јазик...
Ги отвора вратите, што математиката ги затвора!
 
Можда ќе сум офф, ама не се согласувам. Математика или ти оди или не. Наставникот во основно бил ист за сите, па имаш луѓе кои излегле од исто основно со сосем различни основи математика. Или ти фаќа кликерот или не. Во 90% од случаите не е крив професорот, туку ученикот. Се заебаваат во основно и средно,поминале на лепе очи и сега на факс се како изгубени германци. Математика ако не си ја сфатил основата уште во 5 одд, пиши пропало. Се се' надоврзува едно на друго.

Ако во основно наставникот ти ја претстави математиката ко боза ондак понатака нема да ти биде језа да ја учиш. На секој ама буквално секој може да му иде математика. Башка имаш тешка контрадикторност тука, еднаш викаш дека ти треба кликер па понатака викаш дека тие што се заебавале во основно на факс се како изгубени.
А веруј, тие на кои што им иде математика у 99% од случаевите плаќале приватни часови.
--- надополнето: 3 декември 2012 во 16:09 ---
Фала ви на одговорите!
Е сега кога кажав да нема математика не мислев во целост 4години да нема воопште математика да има али бројот да биде мал затоа што од 5одд не сум ја фанал математика да учам и сега пробувам али тешко да се вклучам.

Филозофски, Филолошки, Економски, Правен, Педагошки
Кој од овие факултети според вас е најдобро платен ? (дали да размислувам за некои од овие)

Англискиот јазик ми оди многу добро дали за него има вработеност да продолжам факултет на тој смер ?
--- надополнето: 3 декември 2012 во 14:13 ---
Филолошки ,Економски факултет ..

Ништо поврзано со основно ништо поврзано со средно информатика
Дали по запишувањето би успеал да се вклопам некако во сето тоа ?

*Без заебанции без никакви коментари
Незнам кај да прашам единствена помош на кој налетав е форумот

Филозофски - Не.
Филолошки - Ги има премногу а нема кај да те вработат освен ако не студираш радикални јазици ко Корејски.
Економски - Џабе работна снага ќе бидеш(Види филолошки(Тука нема радикални јазици нажалост.)).
Правен - Ако планираш само да дипломираш види Економски. Тука треба да се посереш од учење.
Педагошки - Не.

Дете, загреј го столчето и ој си на ИНФО.
 
Ако си при пари, оди во странство.

Пример, во Словенија ако сакаш да студираш ( знам со сигурност за стоматологија ) ќе те финансираат самите но ќе треба да работиш таму 5 години минимум.

Има многу факултети во странство што го практикуваат ова, на странски студенти да им дадат шанса да ги пополнат дефицитарните кадри. Доколку нешто те привлекува воопшто да не се мислиш.

Во Турција ако сакаш да студираш, оди во Турска амбасада, кажи дека си заинтересиран за некоја икс факултет да студираш. Имаат посебни опции. Една година ќе бидеш таму ќе учиш јазик, потоа започнуваш со студирањето. Целиот престој ти е бесплатен, факултетот е бесплатен, но, дали ќе треба да останеш таму да работиш некоај година после тоа незнам. Во секој случај е одлична можноста.

Освен природно научен факултет да изучуваш сето друго ти е пренатрупано со студенти, дипломци и магистри. Поради ова треба да се затворат многу факултети на најмалку 8 години бидејќи кадар има премногу.

Би те советувал, да разгледаш на интернет, опции на странските факултети и нивните стипендии. Да испратиш писма, или да одиш на информативен разговор во амбасадите и директно да прашаш, сигурно некаде ќе има можност која ќе ти одговара, да земеш странски јазик да изучуваш во овој период кој ќе одговара со земјата каде што ќе одиш на студирање.

Тука не.
 
Не слушај никој што ти кажува. Од родители до другари и вака по форуми само ти можеш да си направиш правилен избор за себе. Ако со сила се втурнеш некаде ќе си направиш само полошо. Затоа е лошо кај тие што им сугерираат од дома што да учат би рекол со сила. Остави времето да минува и размислувај повеќе што сакаш да учиш и евентуално да работиш во иднина.
 
Имам еден комшија разговаравме планирал да се запипе Менаџмент во Скопје бил факултетот никаде на интернет неможам да најдам за што служи тој факултет и каде можиш да се вработиш истот прашање и за Економски ?

Каде се вработува со овие два факултети ?
--- надополнето: 3 декември 2012 во 18:06 ---
п.с Имам претстава дека на кој факултет да се запишам никој нема да биде лесен сепак би одбрал некој полесен да би можел да го завршам во иднина по друго е со факултет макар во Македонија сеедно е со основно,средно,факултето,вишо :(
 
би сакал да продолжам да го усовршувам знаењето во електро , но сепак сум слаб во математика и англиски , а останатите си немам проблем , иде матура , а морам да одберам помеѓу англиски и математика , па сега сум во небрано ... со останатите сум константен ... сега што да правам , чаре некое ?
 
Што и да ти се каже за ова прашање ти треба сам да си одлучиш. Ти подобро знаеш на што повеќе ќе се снајдеш, и почитувај ја малку интуицијата :)
 
Јазик, дете, јазик...
Ги отвора вратите, што математиката ги затвора!
Јазикот ги отвора вратите ама за излез надвор од Македонија. Јазик може да се научи и со курсеви а не да се губи време по факултет.
 
Јас тотално се сложувам со Gangnam Style, имам еден другар кој заврши филолошки, англиски и германски. Сеуште е невработен, па вели ќе одел во странство, на тоа го запрашав: „што ќе работиш таму? (во смисла на кој „занает“) како ќе се снајдеш за работа?“ а тој ми одговори, па знам јазик. Му велам, добро бе, па и јас знам англиски и германски, ама имам и машински факултет, и магистратура на инженерство на животна средина, неколку други курсеви, а-тести, а ти што... Момчето се изгуби и почна да плаче...
 
Јазикот ги отвора вратите ама за излез надвор од Македонија. Јазик може да се научи и со курсеви а не да се губи време по факултет.

Па да тоа и ми беше поентата :) , од овде аир не видовме...:)
И да, до некаде во право си за факсот, дека е губење време, мислам дека денес поуспешно ќе се снајдеш ако знаеш некој занаат, одколку да учиш еве да речеме на економски...o_O
Но, факсот не мора по дифолт да значи губење време.....
 
Мој совет за сите на темава, запишете се на ФИНКИ, факултет No.1 од сите во македонија, доколку сте теленти за PC и Информатика , признат е во цел свет, во спротивно боље да не се запишувате. Толку :)
пс. кој е за на финки нека ме контактира мене ако му треба нешо :)
 
Финки го признаваат ли во Америка?
На едно девојче од УГД и ја признаа во Америка.
http://www.fakulteti.mk/news/11-10-...vniot_univerzitet_ugd_se_priznati_vo_sad.aspx
 
Финки го признаваат ли во Америка?
На едно девојче од УГД и ја признаа во Америка.
http://www.fakulteti.mk/news/11-10-...vniot_univerzitet_ugd_se_priznati_vo_sad.aspx
Признат е во цел свет ФИНКИ , да точна ти е информацијата , девојката учеше и заврши во Штип на Универ. Гоце Делчев сега таму и работи во Америка.
 
Признат е во цел свет ФИНКИ , да точна ти е информацијата , девојката учеше и заврши во Штип на Универ. Гоце Делчев сега таму и работи во Америка.
На Pace University во Њујорк студира и асистентка е. Добро е што она има роднини таму и има каде да живее, а сама да си ги плаќа трошковите малку е потешко. :)
Имаш некое инфо дали некој од студентите од ФИНКИ успеал да продолжи да студира надвор од Македонија без да полага дополнителни испити?
Знам дека оние на медицина што се на УГД им е призната во Германија. А и одма ги зимаат на пракса во болниците во Берлин, а кај нас кога ќе го има ова бе тешка мизерија сме. :tapp:
 
Нигде не е признаен медицинскиот факултет било во штип било во скопје, единствено за специјализантите кои имаат добра пара да отидат на пракса негде во европа да земат некое сертификатче и да научат барем нешто..затоа што кај нас на медициснките факултети нема пракса , уствари нема услови за пракса , здравството тоне . Инаку да ви кажам само на сите кога видов на медицина дека се запишава деца со слаб просек со двојки и тројки на ошта медицина во скопје ми се стемни, за Штип да не правам моабет .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom