Еве на што се должи ослобудувањето на Харадинај!
Вознемирувачко фото: Ѕверски убиени сведоците против Харадинај
Петок, 30 Ноември 2012 14:39
Дури 19 сведоци против Рамуш Харадинај, кој вчера беше ослободен во Хаг, се брутално убиени ненадејно, со куршум во главата. По нивната ликвидација, останатите потенцијални сведоци се откажаа од сведочењето пред Трибуналот, пишува српски Телеграф, а пренесува Денешен.
Српскиот обвинител за воени злосторства Владимир Вукчевиќ, непосредно пред донесувањето на ослободителната пресуда, потсети дека во случајот на Харадинај сведоците или се убиени или се откажале од сведочењето стравувајќи за својот живот, а за таквиот епилог вели дека е виновна неспособноста на хашките службеници.
Сите убиени сведоци
Исмет Мусај е убиен во 2001 година непосредно пред почетокот на судењето за случајот „Дукаџини“ во Приштина.
Садик Муричи, заштитен сведок, убиен е во 2002 во Печ.
Весељ Муричи, заштитен сведок, убиен е во 2002 година од огнено оружје.
Беким Мустафа и Авни Ељазај се убиени во 2002 од огнено оружје.
Смаиљ Хардарај е убиен на 17 февруари 2002 година од огнено оружје во заседа во местото Витомирица кај Печ.
Тахир Земај е убиен на 4 јануари 2003 во заседа со огнено оружје во Печ.
Иљир Сељимај и сопругата на неговиот брат Ферид, се убиени во заседа со огнено оружје.
Сабахете Тољај и Исуф Хакљај, припадници на КПС, се убиени во заседа на 24 ноември 2003 година.
Садик Мусај е убиен на 1 февруари 2005 година.
Синан Мусај исчезнал на 14 јуни 2005, за време на судирите на Косово и Метохија, како припадник на ФАРК.
Џељадин Мусај е убиен на 16 јуни 2005 со огнено оружје во заседа кај бензинската пумпа „Молика“ во селото Расиќ кај Печ.
Кујтим Бериша на 17 јули 2007 година настрада во сообраќајна несреќа во Подгорица
http://kurir.mk/svet/region/93927-Voznemiruvacko-foto-DZverski-ubieni-svedocite-protiv-Haradinaj