Најдобрата тема на форумов.....браво за сите љубители на минијатурата, макетите....
За жал мојата колекција е останата само на неколку модели и тоа од поново време. Не сум купил одамна некој модел, иако имам многу кеиф. Со тоа што приметувам дека burrago кој е најзастапен кај нас, денес и пред многу години, нема многу допирни точки, исто за жал.
Во добро сеќавање ми е Corgi (не знам колку од вас имаат модели од нив), англиска фирма, која се продаваше во неколкуте фри-шопови/комисиони во Скопје (да, низ Скопје, во времето на Анте Марковиќ). Имаа многу добро изработени шасии од метал, со многу детали и со отварање на врати, хауби па и на многу малите размери. Дали се погоди и времето, ептен детиште сум бил, истите продавници кратко траеа - а добар филм беа - ти купуваат количка, кесичка M&M's и чоколада Cadbury's - денеска ги имате во Веро, другиве 2 работи, ама оттогаш количкиве не сум ги видел по наши продавници. Далеку се од хипер-реализмот на Аутоарт (и цените) и се во некоја бураго-класа, која нажалост опаѓа во квалитет....
Ме инспириравте да си пазарам нешто....ќе стаам слики, штом го напраам тоа....