Автомобили во размер

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Најдобрата тема на форумов.....браво за сите љубители на минијатурата, макетите....

За жал мојата колекција е останата само на неколку модели и тоа од поново време. Не сум купил одамна некој модел, иако имам многу кеиф. Со тоа што приметувам дека burrago кој е најзастапен кај нас, денес и пред многу години, нема многу допирни точки, исто за жал.
Во добро сеќавање ми е Corgi (не знам колку од вас имаат модели од нив), англиска фирма, која се продаваше во неколкуте фри-шопови/комисиони во Скопје (да, низ Скопје, во времето на Анте Марковиќ). Имаа многу добро изработени шасии од метал, со многу детали и со отварање на врати, хауби па и на многу малите размери. Дали се погоди и времето, ептен детиште сум бил, истите продавници кратко траеа - а добар филм беа - ти купуваат количка, кесичка M&M's и чоколада Cadbury's - денеска ги имате во Веро, другиве 2 работи, ама оттогаш количкиве не сум ги видел по наши продавници. Далеку се од хипер-реализмот на Аутоарт (и цените) и се во некоја бураго-класа, која нажалост опаѓа во квалитет....

Ме инспириравте да си пазарам нешто....ќе стаам слики, штом го напраам тоа....
Баш ми се прави кејф што ете се појавуваат "нови" луѓе кои се колекционери на автомобили во размер. Инаку кај нас моментално на пазаров, за жал, се застапени само Bburago, Maisto и Mondo брендовите. Далеку сме од Autoart и Kyosho и верувам дека ретки ќе бидат тие што ќе ги купуваат поради солените цени. :)
 
И се мислам на Х6ката од Бураго, ама многу промашен ми изгледа размерот... ctrkantia , ти ја имаше или грешам? Гледам цениве по маркетите од 2100 денари за Бураго, снижени се на 1490 или 1690 за модел, кој како... Нови Маисто макети одамна не сум видел да донесат.
 
И се мислам на Х6ката од Бураго, ама многу промашен ми изгледа размерот... ctrkantia , ти ја имаше или грешам? Гледам цениве по маркетите од 2100 денари за Бураго, снижени се на 1490 или 1690 за модел, кој како... Нови Маисто макети одамна не сум видел да донесат.
Батали ја Х6-ката од Bburago, имав прилика да ја видам без кутија, онака детално. Многу е промашена во предницата, посебно во делот на шофершајбната и фалат или се промашени многу детали. Ако можеш да си дозволиш би те советувал да ја ѕирнеш од Kyosho или поефтината варијанта од Welly, нормално од странство, тука ги нема. Неспоредливо подобри во однос на Bburago. Колку пари, толку музика. :)
 
На прво место го ставам Welly ама кај нас го нема... А Кјошо е далеку од тоа што планирам да потрошам на модел засега.
 
Нема големи разлкики,а на прво видување не се ни приметуваат.Треба да гиимашдвата моделаедендодруг за да приметишразлка
Моментално од тоашто се нуди на нашиот пазар најдобри се Мондомоторс,кај нив веќе има модели што им се отвара се.
Маисто место да подобрува тој уназадува,Porshe Panmerata од Маисто толку е промашена а е поскапа од Вели на која се и се отвара.
За Porshe Panmerata од Норев немам коментар.
Најново што разбрав дека Мондомоторсќе го купувал Вели кој бил пред банкрот.
 
Пред некоја недела во Прага заглавив во една продавница за моделчиња, ама ако немаше милион :eek: Се шашардисав скроз. За жал бев при крај со патувањето, следствено и со парите, а и проблем ќе имав со транспортот, за да земам некое моделче... ќе остани за некоја наредна прилика. Буквално, немаше модел што го немаше внатре... од нови модели, па се’ до стари, источно-европски возила и комунистички. Цените, просек 40 евра и нагоре... :(
 
На прво место го ставам Welly ама кај нас го нема... А Кјошо е далеку од тоа што планирам да потрошам на модел засега.
Имаш on-line продавници и таму го има welly
 
Еве ја мојата 1/18 Bburago C5 turbo корвета на која работев и на која ги оставив нервите за да ја средам. :D

Изгледаше вака :


А сега вака, значи нова жолта боја, нови бандажи офарбани во црна боја, рол бар кој сам го направив од парчиња пластика, нова тркачка внатрешност со нови седишта во боја на каросерија, боца за пожар, тапацир, модифицирана инструм. табла со детали во боја на каросерија, тотално редизајниран мотор со вградено турбо и интеркулер и плус детали по вистински 1/1 модел, кров офарбан во мат црна боја и затемнета задна шофершајбна. А да заборавив фалат само уште новите алуминиумски издуви на кои работам моментално, пластичните изгледаа смешно.

















 
Еве ми го следниот проект, 1/18 Opel Astra GTC од Welly, на која планирам да и вградам V6 мотор со сите детали кои можам да ги направам. Бојата ќе си остане иста зошто ми се допаѓа оваа нијанса на сина, а и веќе ладно е надвор за фарбање. :mad:

20120119143334.jpg


Еве го фабричкиот мотор кој е едно големо парче пластика (нема вистински блок како другите модели) на кој пред некое време му додадов некои детали но сега не ми се допаѓа.

20120119143537.jpg

И еве го V6 моторот кој сакам да го вградам и модифицирам, потекнува од Alfa GTV V6.
20121118115116.jpg

:)
 
Во викендот што изминува се занимавав со ова:

Менување издуви на Х5

пред
hpim09506cq.jpg

После
WP_002092.jpg

Менување бандажи

предWP_002102.jpg

после
WP_002107.jpg
 
dscf3121o.jpg

‘Воа е мојо последен улов: „Рено Твинго„. М 1:24:
 
Ова е мојата тазе набавка: „Фиат 500 Абарт„, М 1:24:

DSCF3126.JPG


Не сум редовен купувач на овие модели, иако веќе ми се насобра солидна збирка од нив. Она кое посебно ми оди на нерви, тоа е ужасниот неквалитет од овие модели, така да секој трет модел кој го имам, има по некоја фалинка: се клати ретровизор, фар, трепкач....Одвратно.

Какви се Вашите искуства на тема „квалитет„ од предметниве модели?
 
Ова е мојата тазе набавка: „Фиат 500 Абарт„, М 1:24:


Не сум редовен купувач на овие модели, иако веќе ми се насобра солидна збирка од нив. Она кое посебно ми оди на нерви, тоа е ужасниот неквалитет од овие модели, така да секој трет модел кој го имам, има по некоја фалинка: се клати ретровизор, фар, трепкач....Одвратно.

Какви се Вашите искуства на тема „квалитет„ од предметниве модели?
Па тие шо ги имам Burago и Maisto се од ’90-тите и се далеку подобри од денешниве...
 
Претпоставувам дека е така, а претпоставувам и дека не се произведени во Кина...:mad:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom