ај и јас да пишам нешто на оваа тема, од мое искуство
користам конвектори ATLANTIC, некое француско чудо. првиот го земав на тепка. 2kw е. ко за проба. ја исфрлав од употреба термопечката од 4kw. цена некаде околу 5000-5500 ден. троа поскапа од некои други модели на пазарот. и тоа во сред зима го земав. сметката за струја ми беше до плафон. а пазење за полнење на печката само на ефтина струја. а згора на тоа и ....... топло само во собата кај се наоѓа печката (ходникот никако). ОК, да не должам, во сред зима купувам конвектор и прв ен го вклучувам. ......... ми се чини ок. ај ке видам деновиве како е, а и со сметка на крај на месец. ............ сабајле станувам, излагам од ходник и ЧУДО. ходникот топол. си викам у Пи... Матер. можно ли е? ај ај си викам, не се радувај ко куре на пијано пиче, ке ја видиш сметката. и така јас цел месец, загреан, .... но со внимавање во кој модул на раб е (има 2 модула, еден за појако кога си дома и еден за послабо кога си излезен или спиеш. а термостатот го оставаш на исто место, кај мене беше на 5-5,5 од 8 за макс) чекам сметка. ......... да не ти се верува!!! не знам точно колку проценти, но беше ПОМАЛА. ауууууууу, не ми се веруваше. ке се подмочав од среќа. но како за поука, 2kw ми беше премногу. и така јас после тоа си купив уште 2 комада. од 1kw и 1,2kw (под 5000 ден за парче). а печките, 4kw и 2kw ги избацив од употреба. е сега, .... со сите 3 конвектори, .... сметката ми беше макс во најладните месеци 8000-8500 ден. и тоа без многу да пазам (заедно со останатите потреби од струја). тоа така беше 3-4 год.и тоа по кратки ракави да шеташ
лани пак, не знам што ми текна, ги вклучив само малите. и пак целиот стан (50м2) ми беше топол. но затоа сите врати отворени цело време. сметка пак тука некаде. така да, ..... ќе кажам вака, и да е сметка од 10 000 ден за месец, во јан и феб јас сум секогаш ЗА конвекторите се додека не видам или пробам како е на земјен гас, кој сметам дека би бил поефтин.
П.С. најефтино е мислам на соларна и ветерници, но многу скапа инвестиција.