Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Дури и пред фризерница со полу мокри коси на дожд се пуши.Очекувам дека инспекцииве и по куќи ќе ни влага...
Некако изгубив желба за одење некаде,дали во јавни простории, дали на гости кај роднини и пријатели...излези момче надвор на тераса...
Ствар на навика.
На следната генарација ќе и бидат сосема нормални новите стандарди. Посебно тоа дека не е нормално да трпиш некој да ти дува тутунски чад во лична или во јавна просторија, па вклучително и во фризерница.

За денешната генерација (пушачи)... дел од нив како тебе најверојатно ќе изгубат желба да одат во јавни простории (позитивно за сите други, пошто не ги труеш), а дел ќе престанат да пушат или ќе намалат (пак позитивно).

Reality check: Излегување пред фризерница со полумокра коса на дожд и на ладно... Што е тоа ако не дефиниција на зависност?
Интересен факт: Во Русија да ја средуваше косата, ќе требаше да идеш и на 15 метри подалеку од влезот на фризерницата. :)
 
значи колку змараат одредени луѓе со темава не се ни сами свесни..... ке се пронајдат сами во посто....
 
Цигарите се штетни рековте?
А млекото ?????
Ај сега продолжите да го дрвите како тоа некој ви дувал со чад од цигара и ве изложувал на опасности, а од друга страна ги наклукавте децата со токсини и тоа пази од млекото.
А кај е тука месото, лебот, соковите и што ти јас знам.
Ми ве дупат како сакаат, само не сакате да си признаете дека сте обични марионети и дека никој ама ич кур не го боли за вашето здравје. Си се радвате како деца на черешна дека сега живеете поздрав живот пошто не дишете чад од цигари, а од друга страна да ви кажат што конзумирате секојдневно од тутнот салата ке правите за мезе од него:).
Ај ке ви текни кога ке ви дијагностицираат рак а вие цело време здрава храна и здрав живот сте живееле. Тогаш кој ке ви биди крив, пушачите или млекарата?
 
:)

На секој може да му се случи такво страње во животот, со задршка дека здрав живот сигурно не одмага. Секому неговото и по сопствен избор за одлуката дали ќе води здрав живот или не.
Јас лично, велам да не му се случи таква работа што напиша на никој. Но за тебе @мкд владе ќе додам и ова, тоа што им посакуваш да им се случи на другите, на тебе два пати да ти се врати... Па сега ти види, дали за убаво ќе збориш или за дијагноза на ... ќе зборуваш.

Назад на темата, вези колку сакаш ама само кај вас зависниците има логика консумирање на еден токсин да оправдуваш со присуство на други токсини.
Иначе за офтопиков твој, за млеково демек на време реагираа, ама ич не ми е јасно како за пченката (со истите микотоксини) не летаа глави (фотељи), пошто таа влегла во државава и била одредено време во продажба и покрај сите демек контроли на квалитет што ги има на граница.

Нејсе, државава па и рајата во неа, треба да еволуира а за тоа треба време. Какви пациенти сме, кај нас изгледа ќе треба троа повеќе време.
 
А, така викаш значи.... Дај ко така да се предозираме со никотин :facepalm:
 
А, така викаш значи.... Дај ко така да се предозираме со никотин :facepalm:
Не бе никотинот сега е демоде.
Следете ја модата и удрете на алфа токсини:facepalm:
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 11:34 ---
:)

На секој може да му се случи такво страње во животот, со задршка дека здрав живот сигурно не одмага. Секому неговото и по сопствен избор за одлуката дали ќе води здрав живот или не.
Јас лично, велам да не му се случи таква работа што напиша на никој. Но за тебе @мкд владе ќе додам и ова, тоа што им посакуваш да им се случи на другите, на тебе два пати да ти се врати... Па сега ти види, дали за убаво ќе збориш или за дијагноза на ... ќе зборуваш.

Назад на темата, вези колку сакаш ама само кај вас зависниците има логика консумирање на еден токсин да оправдуваш со присуство на други токсини.
Иначе за офтопиков твој, за млеково демек на време реагираа, ама ич не ми е јасно како за пченката (со истите микотоксини) не летаа глави (фотељи), пошто таа влегла во државава и била одредено време во продажба и покрај сите демек контроли на квалитет што ги има на граница.

Нејсе, државава па и рајата во неа, треба да еволуира а за тоа треба време. Какви пациенти сме, кај нас изгледа ќе треба троа повеќе време.
За малце скоро цела поента на муабетот ке ја промашеше, ама за малце.
Ете ке ти болдирам кај си во право, па извлечи сам заклучок што сакав да кажам. Не се работи во тоа дали јас оправдувам замена на еден токсин со друг, туку реалноста каква е. Ти додека се радваш дека те заштитиле од некој токсин и сега нормално благодарејки на тоа си мислиш дека живееш поздрав живот, од друга страна некој друг те има наклукано со еден куп други токсини за кои или појма немаат дека се штетни ( допрва ке се откријат) или ете на нејќење се откриле или сосем свесно се пуштени во оптек ради некој бенефит или економска корист. А колку има што не се откриени или не се излезени во јавност( на глобално ниво).
Сакам да ти кажам дека никој ама ич не го заболе нити за моето нити за твоето здравје, туку некој на ова клава дебели пари. Дали фармацевската индустрија, дали прехрамбената дали хемиската или било која индустрија. Ние сме само играчи, марионети во една поголема игра, но разликата е што ти со цел ум си мислиш дека музиката е наменета за тебе за ти да играш па целиот кефој се имаш фатено на оро и скокаш па скокаш целиот кефој и насмеан, додека некој за тоа време си мисли која ке биди следната песна.
 
Не се работи во тоа дали јас оправдувам замена на еден токсин со друг, туку реалноста каква е. Ти додека се радваш дека те заштитиле од некој токсин и сега нормално благодарејки на тоа си мислиш дека живееш поздрав живот, од друга страна некој друг те има наклукано со еден куп други токсини за кои или појма немаат дека се штетни ( допрва ке се откријат) или ете на нејќење се откриле или сосем свесно се пуштени во оптек ради некој бенефит или економска корист. А колку има што не се откриени или не се излезени во јавност( на глобално ниво).
Се извинувам ама на темава тукму за тоа се работи, пола постови се од консументите на цигари во контекст: консумирање на еден токсин е фаталистички оправдано со присуство на други токсини.

Сакам да ти кажам дека никој ама ич не го заболе нити за моето нити за твоето здравје, туку некој на ова клава дебели пари. Дали фармацевската индустрија, дали прехрамбената дали хемиската или било која индустрија. Ние сме само играчи, марионети во една поголема игра, но разликата е што ти со цел ум си мислиш дека музиката е наменета за тебе за ти да играш па целиот кефој се имаш фатено на оро и скокаш па скокаш целиот кефој и насмеан, додека некој за тоа време си мисли која ке биди следната песна.
Ова е се точно, ама поентата не е дека треба да се залагаш за укинување на легислатива со која се регулира цигарскиот чад како токсин. Поентата е да се залагаме сите за легислативи со кои ќе се регулираат сите други токсини.

Штом одиме офтопик, да напишам и дека проблемот во оваа држава и не се легислативите и законите. Проблемот е примената на тие закони.
Во опасност да навлезам во политика, (а како да не влезам кога политиката ни ги крои сите овие работи) ниту една власт што сме ја имале до сега не ги применува законите целосно и неселективно. Проблемот е во несвесноста на народот, импотенцијата да ги казнат тие што не си ја работат работата, преку негласање за нив. И преку протести, не протести против партии (организирани од други партии) туку протести против негативните случување во секојдневието.
Да нагласам дека тука не пишувам конкретно за едните или за другите, исто страње се сите.

На таа свесност на народот треба да се работи, не мора да е политичка свесност, доволно е да се има свесност за сопствената добробит.
Кога излезе во јавност аферата со токсичната пченка требаше да има големи протести и да летаат глави/фотељи. Пошто и на нив политичарите им е важно да ги гласаат и затоа ќе летнеа некои фотељи. Што е добро за сите, зошто следниот морж во фотељата нема да ги остави толку да забушаваат тие што работат на контрола на квалитетот на храната.
 
Јееееее нема веќе пушење :D И сега сите седат надвор а јас сама седам у кафич ... АМА АКО :)
 
Убаво е времето сеа, слободно седете си внатре, ние ќе си пафкаме надвор :D
 
sum glasal opcija 1, ama deka ne pushev pred 2-3 godini.... mi smeta sea da, sedish u nekoja prostorija i ne mozes da pafnesh... a koa sum pijan pafkam kaj sakam, so koj sakam, kade sakam, kolku sakam ... :icon_mrgr:
 
Убаво е времето сеа, слободно седете си внатре, ние ќе си пафкаме надвор :D

Дап, прекрасно време надвор.

pop.jpg
6.jpg
sr_poplavi-500.jpg
 
@Vanlok убаво е што се залагаш да се укинат или контролираат сите токсини, но за жал и сам знаеш дека тоа едноставно не е можно. И грешка си дека тоа зависи од партиите или државата. Некој друг тука ги трга конците, само искрено ми е жал што не можеш тоа да го сватиш или не сакаш тоа да го сватиш. Ти си се запнал за никотинот или чадот од цигари како најголемо зло. Можам да ти набројам уште еден куп кои се далеку потоксични па никому ништо и се толерираат не само тука туку секаде и налет то нигде фама не се крева.
А каде се оние токсини за кои и не знаеме дека се штетни а ке откриеме по неколку децении. Па нив никотинот може вода да им носи од едноставна причина што тој е тука со векови па никому ништо. Си живееле луѓето.
Мислам дека многу порано ти имав објаснето од каде е цела оваа фама не само за никотинот туку генерално за скоро се, ама очигледно не ти одговара да ја сватиш или прочиташ па едноставно ја игнорираш, и најмалце од се има врска со неговата токсичност , уште помалце со твоето здравје.
Затоа ти велам друг ги трга конците но ти упорно си мислиш дека некој се грижи за твоето здравје, па уште и слепо му веруваш дека е така.
Ај да не се мачиш да бараш само ке ти нагласам обрни малце повеке внимание на осигурителните компании( да и здравственото осигурување спаѓа во нив) и колку тие имаат желба да платат за било што иако се обврзани. Сигурен сум дека досега си имал прилика да се соочиш со нивните исплати и процедури. Е сега види ја малце големата слика на еден глобален пазар како цел свет.
Па да не ја заборавиме тука и фармацевската индустрија и мислам полека полека ако гледаш реално на работите ке почнат коцкичките да ти се склопуваат. На тоа додади ги и големите корпорации и работите стануваат многу појасни.
И да не се лажеме , не е само чадот од тутун на мета, има тука и многу други кои се најдоја на нож само затоа што не им одговара на осигурителните компании, фармацијата и другите гранки на индустријата кои имаат ептен моќно лоби и со тоа можат да диктираат носење на закони и легислативи.
Па сега твое е дали ке видиш колку е сатот или упорно слепо ке веруваш на се што ке слушниш посебно од моќните лоби групи.
Па да запнат ке ти докажат дека и кока-колата е штетна, дури доттаму ќе се чудиш како сме уште живи, па одма после ке следува забрана на ждригање на јавни места пошто со тоа им го нарушуваш комфорот на тие околу тебе и ги изложуваш на токсините. Да почнат да фрчат тужби во Америка дека ради конузмација на кока-кола тие добиле незнам што( ајде шекер на пример) и да почнат да бараат милионски оштети од осигурителните компании и фарамцијата ке видиш како се ке се смени за брзо време и одма таа ке ја доживее истата судбина како цигарите.
 
@Vanlok убаво е што се залагаш да се укинат или контролираат сите токсини, но за жал и сам знаеш дека тоа едноставно не е можно. И грешка си дека тоа зависи од партиите или државата. Некој друг тука ги трга конците, само искрено ми е жал што не можеш тоа да го сватиш или не сакаш тоа да го сватиш. Ти си се запнал за никотинот или чадот од цигари како најголемо зло. Можам да ти набројам уште еден куп кои се далеку потоксични па никому ништо и се толерираат не само тука туку секаде и налет то нигде фама не се крева.
А каде се оние токсини за кои и не знаеме дека се штетни а ке откриеме по неколку децении. Па нив никотинот може вода да им носи од едноставна причина што тој е тука со векови па никому ништо. Си живееле луѓето...
Te читам и нема да се обидам да те спорам. Тоа дека се игнорираат еден куп опасни страња а не го игнорираат цигарскиот чад, итн итн... нема да го спорам тоа. Ниту тоа дека тие што ги влечат конците се мотивирани од исклучиво сопствени интереси. Нема да го спорам ни тоа.

Само никако не кажуваш јасно, што се обидуваш да направиш. Да ни ја зголемиш свесноста за опасностите по здравјето. Да ни ја зголемиш свесноста дека животот (и здравјето) ни се контролирани од нескрупулозни ликови/структури...

Се обидуваш да ја зголемиш свесноста или се обидуваш да не убедиш фаталистички да се согласиме, „па ајде покрај сите страња и ова цигарскиот чад ќе го истрпиме?
Ајде кажи конкретно, не туку врдај-мрдај лево десно наокулу... :)
 
Сакам да ти кажам не наседнувај на рекламите;).
Животот е премногу краток за да го поминиш само во трева јадење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom