Реакции на Законот против пушење на јавни места

  • Креатор на темата Креатор на темата *-----*
  • Време на започнување Време на започнување

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714
Ниту еден закон, никаде на земјинава топка, не се почитува доколку мнозинството население не го сака тој закон. Законот не е доволно да се напише само и под автоматизам да очекуваш тој да се почитува. Треба луѓето/населението да го сакаат тој закон, а овој закон, во оваа форма, мнозинството население не го сака. Не дека така велам, туку штом истиот толку многу и често се прекршува... логички...
Примерот со лук не држи вода. Ако во диско од 200 души ти крцкаш лук - ти си друже лудак. Е сега, во истото тоа диско на минимум 100 души (половина) да им се пуши а да не смеат да го направат тоа поради другата половина, нема многу смисла.
Единствен начин законов максимално да се почитува (не велам целосно, секогаш и секаде се кршат закони) е власта
1. или на сопствениците на локалите да остави да одлучат дали во тој конкретен локал се пуши или не
- така ти и јас уште на влез ќе видиме дека локалов е за (не)пушачи, па ќе си влеземе... или нема.
2. или на сопствениците на локали да им наложи да имаат дел за пушачи и дел за непушачи.

Законот далеку од тоа да е убаво напишан и да е на место, и со мене се согласуваат многу луѓе. Затоа и не се почитува нели.

Види ги резултатите на анкетата дали мнозинството е против овој закон.. бај д веј
се согласувам колку-толку со напишаното, а за тоа со лукот напишав : како ќе им биде да го направам тоа и тоа....
секако нема да им биде убаво, па затоа напоменав за оние што се против овој закон да помислат дека на некого му се гади од смрдеата на цигарите, му штети по здравјето значи дека секој не е како нив...
 
Форум на кој (претпоставувам) третина од членството се малолетници не е некој извор со кредибилитет.
Не оди подалеку, штом законот масовно не се почитува - мнозинството не го сака.
 
кога на свадба или ете во кафана има помалце гости надвор отколку внатре, тогаш ке речиме дека законот е на место.
доттогаш слободно џвакај лук и не се капи по две недели. сепак е твое право и никој не може да ти забрани, што пушачите не можат да се пофалат.
па уште и бил дискриминиран. не го знаеш ни значењето на зборот.
 
Ниту еден закон, никаде на земјинава топка, не се почитува доколку мнозинството население не го сака тој закон.
...
Законот далеку од тоа да е убаво напишан и да е на место, и со мене се согласуваат многу луѓе. Затоа и не се почитува нели.
Законот не се почитува само и само заради една единствена причина.
Полицијата не си ја работи работата. (или кои и да се служби/инспекции задолжени за регулирање на ова).

П.С. Пушачите секако не се мнозинстовото, едноставно се најгласни затоа што се најзасегнати.
 
Сепак останувам на ставот дека присилно не можеш да имплементираш закон. Секој закон треба да го бара населението, за нив се носи законот. А овој закон остај што не го бараше никој, туку и има голема одбивност према него. Така да џабе и полиција и инспекции.
А во право си. Не сме мнозинство туку околу 37 отсто.
 
Тука кај нас, се се сведува на тоа дека не функционира правната држава.
Полиција и инспекции никогаш не се џабе, ваква раја само така се учи на ред.

Без намера да споредувам баби и жаби, народов не го прифаќа ни законот за хигиена (или како и да се вика)... па спред твојата (популистичка) логика следи дека е во ред да се фрла ѓубре и да се плука насекаде. Едноставно народот така сака, така е научен одсекогаш.

Токму за тоа „учење„ зборуваме кај ваквите закони. За тоа што е „нормално„ а што не е...
Една две генерации после нашава, никако нема да им јасно за што всушност биле ваквиве полемики во денешново општество.

Како што денес за нас е норма да се истушираш еднаш на ден, а неколку (една?) генерации пред нас еднаш неделно било норма за хигиена.
 
Како што денес за нас е норма да се истушираш еднаш на ден, а неколку (една?) генерации пред нас еднаш неделно било норма за хигиена.
Тука те чекав.
Туширањето еднаш на ден не е вметнато во ниту еден закон, но сепак го практикуваме тоа. Едноставно општеството го сака/бара тоа.
Забрането пушење на јавни места не бара општеството. Барем не сите. Поделени се мислењата, погледни ја анкетата погоре, фифти-фифти се поделени мислењата.
Кога општеството ќе го бара тоа нема да има потреба да се донесе закон, едноставно ќе стане секојдневие да не се пуши, ко што е примерот со туширањето.
Мизда му пајчина, во Германија палев цигара во пицерија, во Македонија не смеам. Како беше поговоркана, поголеми папа од папата изиграваме. Стимулираме производство на тутун, имаме огромен процент население пушачи (Германците ги шибаме) и пак носиме вакви ригорозни закони.
Извини ама ваков пристап нема шанса да помине. Без разлика на полиција и инспекции, нема да помине верувај ми. Затоа и не се трудат до толку.
 
Тука кај нас, се се сведува на тоа дека не функционира правната држава.
Полиција и инспекции никогаш не се џабе, ваква раја само така се учи на ред.

Без намера да споредувам баби и жаби, народов не го прифаќа ни законот за хигиена (или како и да се вика)... па спред твојата (популистичка) логика следи дека е во ред да се фрла ѓубре и да се плука насекаде. Едноставно народот така сака, така е научен одсекогаш.

Токму за тоа „учење„ зборуваме кај ваквите закони. За тоа што е „нормално„ а што не е...
Една две генерации после нашава, никако нема да им јасно за што всушност биле ваквиве полемики во денешново општество.

Како што денес за нас е норма да се истушираш еднаш на ден, а неколку (една?) генерации пред нас еднаш неделно било норма за хигиена.

Tocno taka se raboti za navika osven spomenatiot zakon za higiena imame red drugi zakoni koi mnozinstvoto ne gi odobruva bidejki navikata si e navika i so mentalitet kako nasiot tesko se menuva. Isto e i so zakonot za alhohol sepak toj e dobar za opstestvoto a los za mladite i za pijanicite. Ako pusenjeto bese potreba ke gi razberev ama vaka da se treskaat za cigari e naivna i glupava situacija koja tie samite ne mozat da si ja resat pa kriv im e zakonot.
 
Чекај нели на законите треба да се прилагодат граѓаните така беше? Пушач никој не се родил, ако ти или било кој не се прилагодува на овој закон тогаш проблемот е кај тебе, што треба да стане сега анархија, во суштина тука се работи за добро, туку проблемот е во засадувањето на старите навики... Можда и мене не ми одговара алхохол да се продава до 19 саат ама сум се прилагодил на тоа пошто закон си е закон, можеби во Косово сеуште не функционираат законите па таму имаме еден вид анархија, пример за држава која нема напредок.
 
Бидејќи имаш грешка од старт не сакам да ти реплицирам повеќе.
Чекај нели на законите треба да се прилагодат граѓаните така беше?
Обратното е во слободно демократско општество какво што се декларира нашево.
Ако голем дел од населението сака да пуши трева - ќе се легализира пушењето трева. Или проституцијата.
Во неслободните општества власта носи закони а народот мора да ги поштује. Помеша малку ама ај.
 
ако утре донесат закон за на пример дека четири дена во неделата не смееш да ја возиш колата со образложение дека ем е поздраво и ем е поеколошки, како ке реагираш.
ке се прилагодуваш и ке си легнеш на брашното или ке се бунтуваш и ке речеш море стварно глууууп закон?
ете и овај би бил поврзан и со твоето здравје и со здравјето на тие кои те опкружуваат. што се тие должни да дишат издувни гасови од твојата кола, ете јас на пример точак си возам, зошто сум јас дожен да дишам издувни гасови?? да не не се штетни случајно??
е одтаму можеш да ја гледаш работата, а не само како непушач.
од гледна точка на тој што вози точак и ти имаш нездрава навика, башка хемороиди, а и тука е секако онаа легендарното пасивно труење со издувни гасови.
 
Бидејќи имаш грешка од старт не сакам да ти реплицирам повеќе.

Обратното е во слободно демократско општество какво што се декларира нашево.
Ако голем дел од населението сака да пуши трева - ќе се легализира пушењето трева. Или проституцијата.
Во неслободните општества власта носи закони а народот мора да ги поштује. Помеша малку ама ај.

Бидејќи имаш грешка од старт нема што да влагаме во дебата а тоа е едноставно - постои закон, јас да видам некој да пуши по кафаниве го пријавувам одма.
 
Тука те чекав.
Туширањето еднаш на ден не е вметнато во ниту еден закон, но сепак го практикуваме тоа. Едноставно општеството го сака/бара тоа.
Забрането пушење на јавни места не бара општеството. Барем не сите. Поделени се мислењата, погледни ја анкетата погоре, фифти-фифти се поделени мислењата.
Кога општеството ќе го бара тоа нема да има потреба да се донесе закон, едноставно ќе стане секојдневие да не се пуши, ко што е примерот со туширањето.
Нехигиената на гостите во една кафеана (на пример) не штети на здравјето на другите гости и на вработените (освен можеби менталното), како што тоа го прави тутунскиот чад.

А јас сепак напомнав дека не сакам да споредувам баби и жаби.
Туширањето го спомнав како очигледен пример за тоа што е денешната представа за хигина во споредба со онаа од пред неколку генерации. Конекцијата со пушењето е само споредба на фактот дека и тоа една навика која во иднина ќе биде намалена на ниво на бројот на луѓе кои денес не ја практикуваат денешната норма за хигиена.

Извини ама ваков пристап нема шанса да помине. Без разлика на полиција и инспекции, нема да помине верувај ми. Затоа и не се трудат до толку.
Токму напротив.
По неколку казни и најинаетливиот пушач брзо ќе научи дека законот е неисплатливо да не го почитуваш. Демантирај ме ако можеш, или можеби ти можеш да си дозолиш редовно да плаќаш казни?

Полицијата не се труди затоа што така функционираат работите овде (во сите неприватни институции во државава). Никој не си ја работи работата колку што може, туку ја работи онолку колку да не го кара шефот.
Кога станува збор за полицијата, целата ситуација има и друга заднина во однос на нецелосното спроведување на законите... ама тоа е веќе политичка дискусија а темава секако не е политичка.
 
Токму напротив.
По неколку казни и најинаетливиот пушач брзо ќе научи дека законот е неисплатливо да не го почитуваш. Демантирај ме ако можеш, или можеби ти можеш да си дозолиш редовно да плаќаш казни?

Баш затоа никој веќе не павка мара или шприца хорс и кока.
Ради ЗАКОНОТ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom