Абе зависи колку сакаат да се замараат, разни сценарија се можни, јас имам стотици порачки направено до сега, царински давачки имам платено само во 3-4 наврати, а според закон требало во многу повеќе случаи, барем во пола од нив. Зависи и каков телефон ќе порачаш, но олеснително е тоа што не е воопшто чудно телефон да кошта 50 долари на пример. Ептен ако се посомневаат во вредноста означена на пакетот, имаат право да ти побараат да поднесеш фактура, а ти на твоја одговорност можеш да им испечатиш фактура со каква сакаш вредност. Во реалноста ова ретко се случува, и мислам дека одлучуваат генерално врз основа на вредноста декларирана на пакетот, односно фактурата што самиот продавач понекогаш ја остава внатре во пакетот. Во најлош случај, да те царинат на вистинската вредност ќе те фати да платиш до кај 2000 денари. Сето ова важи за пратки што одат преку обична пошта, имај во предвид дека компаниите како Федекс, ДХЛ, УПС, доколку пратката треба да помине царинска постапка, ќе те одерат за нивната услуга, 50ина евра наплаќаат за шпедиција и лежарина.