Четвртиот дел од фељтонот наречен желба ќе го насочам малку кон модерните времиња и хибридизацијата, амфибијзацијата и аморфизацијата на биртиите. Сите ќе ви кажат дека џинсот е Евергрин. Меѓутоа со текот на времињата дизајнот на самиот џинс претрпувал измени од класични до искинати до избледени до варијации во боја и слично. Иако кога се биртиите во прашање јас се држам до онаа Русовата-Returum ad naturum, навраќајќи се на исконското, сепак човек мора да биде со текот на настаните на тоа поле. Што е во суштина хибридна/амфибијска/аморфна биртија? Тоа е биртија која е модифицирана и отстапува од својата првобитна верзија на прашина, мрсна певаљка, сељаци со копачи и рамбовки за која што сите имаат претства, но сепак останува во својот ДНК код биртија бидејќи класификацијата и категоризацијата на биртиите предимствено се врши според духот, атмосферата, идеолошката матрица односно нетангибилните елементи, а тек секундарни се физичките карактеристики и естетиката. Па според тоа модерните времиња донесоа различна хибридизација на биртиите и како пример ќе одвојам неколку.
Окарина
Тафталиџе дефинитивно има свои коњи за трка. После споменатаите култни Хилда и Веки, Окарина важи за доста популарна биртија последните 2-3 години. Малку историјат за неа. Тафталиџани, Карпошлии и секако старите љубители на биртијството од цело Скопје и Македонија ја памтат по старото хумористично но и култно име-Чврга, некои и ден денес се ориентираат по тоа име. Пред некоја година откако Драган Даутовски ја афирмираше окарината како антички инструмент, моја претпоставка е дека новиот газда што ја откупи Чврга под таа тогаш фама околу инструментот а и по тенденцијата на биртиите во последно време да им се даваат имиња што асоцираат на антиквизацијата на македониумот ја има крстено Окарина.
Но Окарина не е биртија во класичната смисла на зборот. Ако влезете во Хилда и во Окарина ќе осетите драстична разлика. Окарина е средена, вложено е во ентериерот кој иако не е уметнички врхунац, сепак е Перикле, Михеланџело и Кензо Танге во споредба со Хилда. Има ер кондишн, чисти чаршафи, чист прибор, нови тањири и сервис за ручавање, келнерите имаат дрес код, цените се соленки и не соодветсвуваат на биртијашките. Местото е измислено за се поголемиот број на новопечени, оципелени, модерни сељаци кои од една страна сакаат во кафаната да ечи Шабан, Харис, Халид и Цеца ама од друга страна кафаната да биде софистицирана, да нема тепачки, да одат видни луѓе во одела и кравати, да не мириса се на пот, да биде на ниво. Е сега во очите на повеќето кои се навикнати да размислуваат во кутијата т.е. боксот, поимот биртија и поимот класа се компатибилни колку и поимите Ана Јовковска и мода или Ла Кања бар со интелигенција и естетика. Но кога може да има рап-транс, турборок, хаус џез и секако технометал вардар, ондак зошто да не постои и classy биртија?
Како што нагласив, местото е рај за модерните сеаци. Сите секторски менаџерчиња од Т-Мобајл, банкиве, Пивари, мивари кои се само еден ранг погоре од титулата Референт за аналлингус а мислат дека се Си И О, сељачиња (во демунитив) кои сакаат турбофолк а се пичици у душа да одат на ха-це места каде што можат да добијат флаша во глава, своето катче го наоѓаат таму. Скопските и провинцијалски пичици кои повремено сакаат сепак да ја испукаат коренитата и вродена шабанарија, простотилук и пијанчење во себе а воедно не сакаат да бидат етикетирани како сељанки и невкусни во Окарина ќе ја најдат својата оаза, затоа што токму таа амфибијзација на Окарина ти ги овозможува и двете работи да си сељак а да не си, to have your cake and to eat it, затоа и е толку успешна. Но и покрај ова одалечување од вистинските врдности, Окарина е ок место пристојно, со ок цени споредено со другите фенси биртии од тој хибриден тип кои се накотија а кои ќе ги споменам понатаму, барем така беше последен пат кога бев пред едно 7-8 месеци кога еден пар другари и другарка кои требаше да се венчаат ме викнаа за стручен консултант дали да го одберат певаљот што пеел во Окарина за нивната свадба. Им реков дека ако ја фати Краљица мога срца од Шабан во таа октава, без да изгуби здив или да ја исфалшира нарочито на екстра тешкиот дел долгото О- во Моооооооога ондак да го земат. Само што го кажав тоа како под телепатија пејачот ја испеа баш таа песна, не ја фати како Шабан но сепак се снајде најдобро што можеше и поради тоа отстапив од моите ригорозни критериуми и му дадов тамбс ап. Таму и кумашинот правеше веридба, таму и се собиравме од клас средно за да се видиме после долго време, таму за малце ќе упецав една пастрмка од оние ендемичните што ти е по малце криво што побегнале. За сите вас кои колата сакате да ја возите 120 ама со 9 ер-бега, кои сакате клима во канцеларија ама да не дува кај вас него кај колегата, кои во лето викате-Пекол е не се трпи а во зима-Измрзнавме како пингвини, кои гласате за ВМСМ и СДРО за 4 години да ги пцуете и на следните избори пак да ги гласате, вие кои со гордост живеете на работ на бездната со мимимум пари, здравје и муниција во вашата омилена видео игра, сите вие мои драги луѓе кои уплаќате 110 евра за десет дена одмор во Турција очекувате тајландски масажерки, фински сауни, шведски маси, јапонски ЛЦД телевизори и програма од амерички сателити, ако ви се приоди некогаш во кафана тогаш Окарина е правото место за вас.
Да се потсетиме на гореспоменатата култна биртијашка песни која ги премостува генерациските јазови и газови