Биртии

M

MrzaRules

Гостин
leandra не треба да се срамиш оти не ја знаеш песната, срамота е ако знаеш ваква песна, ако може да се нарече песна. :D
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
leandra не треба да се срамиш оти не ја знаеш песната, срамота е ако знаеш ваква песна, ако може да се нарече песна. :D
Женати ни избега, ајде следен пат и ти со нас :) Ќе ги учиме песните напамет!
 
M

MrzaRules

Гостин
Женати ни избега, ајде следен пат и ти со нас :) Ќе ги учиме песните напамет!
Аиии немој такви муабети жити све :S за во меана не откажувам, ама да ме тераш да ги учам песмиве, и ја ќе избегам :D :pos:
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Еден другар вчера ми ја кажуе ваа:
Ни се здосадуе по кафичиве,викаме ај по една ракија да фатиме.Влегуваме у кафанава,шо ќе видиме -расфрлани чаршави,калишта на подот а и нешто лошо мириса упм..
Се довлечкуе келнеров,разбушавен целиот,фаца-зошто си ме мајко родила.
Му викам:
шо е работава ваму,као бомба да паднала.
абе остај се,мртовец имавме.
па ваму ли го донесоа мртовецот вака шо смрди,да му ебам мајката
ќути,не прашуј
:eek::eek:







 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Еден другар вчера ми ја кажуе ваа:
Ни се здосадуе по кафичиве,викаме ај по една ракија да фатиме.Влегуваме у кафанава,шо ќе видиме -расфрлани чаршави,калишта на подот а и нешто лошо мириса упм..
Се довлечкуе келнеров,разбушавен целиот,фаца-зошто си ме мајко родила.
Му викам:
шо е работава ваму,као бомба да паднала.
абе остај се,мртовец имавме.
па ваму ли го донесоа мртовецот вака шо смрди,да му ебам мајката
ќути,не прашуј
:eek::eek:
Да не сте влегле у капела :pos:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Еден другар вчера ми ја кажуе ваа:
Ни се здосадуе по кафичиве,викаме ај по една ракија да фатиме.Влегуваме у кафанава,шо ќе видиме -расфрлани чаршави,калишта на подот а и нешто лошо мириса упм..
Се довлечкуе келнеров,разбушавен целиот,фаца-зошто си ме мајко родила.
Му викам:
шо е работава ваму,као бомба да паднала.
абе остај се,мртовец имавме.
па ваму ли го донесоа мртовецот вака шо смрди,да му ебам мајката
ќути,не прашуј
:eek::eek:
Кажувај ја кафаната!:D
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Еден другар вчера ми ја кажуе ваа:
Ни се здосадуе по кафичиве,викаме ај по една ракија да фатиме.Влегуваме у кафанава,шо ќе видиме -расфрлани чаршави,калишта на подот а и нешто лошо мириса упм..
Се довлечкуе келнеров,разбушавен целиот,фаца-зошто си ме мајко родила.
Му викам:
шо е работава ваму,као бомба да паднала.
абе остај се,мртовец имавме.
па ваму ли го донесоа мртовецот вака шо смрди,да му ебам мајката
ќути,не прашуј
:eek::eek:
Накај Бутел е кафанава? Има до неа едни големи порти?

Да не шиткаат свеќи и цвеќиња околу кафанава?

Аааааааааааааа. Мртовец им донеле....

Ми се иде на ракија и мене таму.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.968
Накај Бутел е кафанава? Има до неа едни големи порти?

Да не шиткаат свеќи и цвеќиња околу кафанава?

Аааааааааааааа. Мртовец им донеле....

Ми се иде на ракија и мене таму.
Абе, ако го донеле и не е толку страшно,замисли сам да дошол :pos:
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.003
Поени од реакции
24.477
Четвртиот дел од фељтонот наречен желба ќе го насочам малку кон модерните времиња и хибридизацијата, амфибијзацијата и аморфизацијата на биртиите. Сите ќе ви кажат дека џинсот е Евергрин. Меѓутоа со текот на времињата дизајнот на самиот џинс претрпувал измени од класични до искинати до избледени до варијации во боја и слично. Иако кога се биртиите во прашање јас се држам до онаа Русовата-Returum ad naturum, навраќајќи се на исконското, сепак човек мора да биде со текот на настаните на тоа поле. Што е во суштина хибридна/амфибијска/аморфна биртија? Тоа е биртија која е модифицирана и отстапува од својата првобитна верзија на прашина, мрсна певаљка, сељаци со копачи и рамбовки за која што сите имаат претства, но сепак останува во својот ДНК код биртија бидејќи класификацијата и категоризацијата на биртиите предимствено се врши според духот, атмосферата, идеолошката матрица односно нетангибилните елементи, а тек секундарни се физичките карактеристики и естетиката. Па според тоа модерните времиња донесоа различна хибридизација на биртиите и како пример ќе одвојам неколку.

Окарина

Тафталиџе дефинитивно има свои коњи за трка. После споменатаите култни Хилда и Веки, Окарина важи за доста популарна биртија последните 2-3 години. Малку историјат за неа. Тафталиџани, Карпошлии и секако старите љубители на биртијството од цело Скопје и Македонија ја памтат по старото хумористично но и култно име-Чврга, некои и ден денес се ориентираат по тоа име. Пред некоја година откако Драган Даутовски ја афирмираше окарината како антички инструмент, моја претпоставка е дека новиот газда што ја откупи Чврга под таа тогаш фама околу инструментот а и по тенденцијата на биртиите во последно време да им се даваат имиња што асоцираат на антиквизацијата на македониумот ја има крстено Окарина.

Но Окарина не е биртија во класичната смисла на зборот. Ако влезете во Хилда и во Окарина ќе осетите драстична разлика. Окарина е средена, вложено е во ентериерот кој иако не е уметнички врхунац, сепак е Перикле, Михеланџело и Кензо Танге во споредба со Хилда. Има ер кондишн, чисти чаршафи, чист прибор, нови тањири и сервис за ручавање, келнерите имаат дрес код, цените се соленки и не соодветсвуваат на биртијашките. Местото е измислено за се поголемиот број на новопечени, оципелени, модерни сељаци кои од една страна сакаат во кафаната да ечи Шабан, Харис, Халид и Цеца ама од друга страна кафаната да биде софистицирана, да нема тепачки, да одат видни луѓе во одела и кравати, да не мириса се на пот, да биде на ниво. Е сега во очите на повеќето кои се навикнати да размислуваат во кутијата т.е. боксот, поимот биртија и поимот класа се компатибилни колку и поимите Ана Јовковска и мода или Ла Кања бар со интелигенција и естетика. Но кога може да има рап-транс, турборок, хаус џез и секако технометал вардар, ондак зошто да не постои и classy биртија?

Како што нагласив, местото е рај за модерните сеаци. Сите секторски менаџерчиња од Т-Мобајл, банкиве, Пивари, мивари кои се само еден ранг погоре од титулата Референт за аналлингус а мислат дека се Си И О, сељачиња (во демунитив) кои сакаат турбофолк а се пичици у душа да одат на ха-це места каде што можат да добијат флаша во глава, своето катче го наоѓаат таму. Скопските и провинцијалски пичици кои повремено сакаат сепак да ја испукаат коренитата и вродена шабанарија, простотилук и пијанчење во себе а воедно не сакаат да бидат етикетирани како сељанки и невкусни во Окарина ќе ја најдат својата оаза, затоа што токму таа амфибијзација на Окарина ти ги овозможува и двете работи да си сељак а да не си, to have your cake and to eat it, затоа и е толку успешна. Но и покрај ова одалечување од вистинските врдности, Окарина е ок место пристојно, со ок цени споредено со другите фенси биртии од тој хибриден тип кои се накотија а кои ќе ги споменам понатаму, барем така беше последен пат кога бев пред едно 7-8 месеци кога еден пар другари и другарка кои требаше да се венчаат ме викнаа за стручен консултант дали да го одберат певаљот што пеел во Окарина за нивната свадба. Им реков дека ако ја фати Краљица мога срца од Шабан во таа октава, без да изгуби здив или да ја исфалшира нарочито на екстра тешкиот дел долгото О- во Моооооооога ондак да го земат. Само што го кажав тоа како под телепатија пејачот ја испеа баш таа песна, не ја фати како Шабан но сепак се снајде најдобро што можеше и поради тоа отстапив од моите ригорозни критериуми и му дадов тамбс ап. Таму и кумашинот правеше веридба, таму и се собиравме од клас средно за да се видиме после долго време, таму за малце ќе упецав една пастрмка од оние ендемичните што ти е по малце криво што побегнале. За сите вас кои колата сакате да ја возите 120 ама со 9 ер-бега, кои сакате клима во канцеларија ама да не дува кај вас него кај колегата, кои во лето викате-Пекол е не се трпи а во зима-Измрзнавме како пингвини, кои гласате за ВМСМ и СДРО за 4 години да ги пцуете и на следните избори пак да ги гласате, вие кои со гордост живеете на работ на бездната со мимимум пари, здравје и муниција во вашата омилена видео игра, сите вие мои драги луѓе кои уплаќате 110 евра за десет дена одмор во Турција очекувате тајландски масажерки, фински сауни, шведски маси, јапонски ЛЦД телевизори и програма од амерички сателити, ако ви се приоди некогаш во кафана тогаш Окарина е правото место за вас.

Да се потсетиме на гореспоменатата култна биртијашка песни која ги премостува генерациските јазови и газови

 

Kajgana Shop

На врв Bottom