Кај нас тоа не важи, цената на телефонот е поскапа отколку во мобилара ИАКО го земаш на 2 години СО НАЈВИСОКА претплата
Не знам за скапи модели на телефони а и не ме интересираат. Ама за солидни ентри левел телефони, евтините постпејд понуди се одлична работа.
Пример, ONE (промоцијата им трае уште денес) за 200ден. претплата со договор на 2год. добиваш 1000мин. во кругот на ONE, 20мин. за другите мрежи, по 50 СМС и ММС пораки, и 50Мb интернет месечно.
Вчера го земав ова за близок, и со договорот гратис Samsung Chat 355
Значи за 2.400 илјади годишно, или 4.800 и. плаќани на две години, по 200ден. месечно, добиваш солиден ентри левел телефон и постпејд привилегии. Добра опција за мала сума пари.
Сигурен сум дека и другите оператори, особено ВИП, имаат слични понуди.
Од како ВИП влезе во играта, многу работи се сменија и конкуренцијата си го прави своето.
Постпејд е ОК опција за поевтини телефони и дефинитивно најевтин облик на мобилна комуникација. Припејд е само за луѓе кои имаат точно определени потреби (други да ги бараат). Дури и во тој случај денес има постпејд пакети со мала претплата и ако барем малку се зборува, тоа е поевтино и од припејд.
Тоа е само за цената на разговорите, кога ќе се стави цената на телефоните на вага, постпејд е дефинитивно најевтина опција.