Телефон во готово или на претплата (post-paid) ?

  • Креатор на темата Креатор на темата edin4o
  • Време на започнување Време на започнување

Телефон во готово или на претплата (post-paid) ?

  • Кеш кеш готовина

    Гласови: 29 63,0%
  • Отплатување само!

    Гласови: 17 37,0%

  • Вкупно гласачи
    46

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Локација
Десно од левото
Веб-сајт
gamezone.com.mk
Ова го отворив чисто од информативен карактер. Моето семејство ништо не зема на одплата/кредити така да сите работи што сме ги купувале сме ги купиле во готово. Истото важи и за телефоните.

Според вас, дали е подобро да се земе телефон во готово - да се дадат сите пари одеднаш и да не му се мисли, или постепено (нели, со камата) да отплатувате некој телефон (без разлика дали станува збор за 2,3 или повеќе години) ?

Според мене е најдобро во готово - не му ја мислиш и мирна глава. Доколку сакам да земам телефон некој - ќе си штедам и ќе си одвојувам онолку пари месечно колку ќе кошта неговата рата - и ќе си го земам :) Али тоа е за телефон само, постпејд исплатливо е за оние кои многу зборуваат и кои многу се закачени на нет. Тоа за мене не е одлика, па затоа у готово само :)
 
Кеш, кеш, готовина. :)
И вака и така треба да ги дадеш парите, само со кеш нема да плаќаш камата и нема да имаш товар на умот дека си должен.
 
Никогаш не сум земал телефон на претплата.
Причината од секогаш била флексибилноста. Ако земам на претплата ќе сум обврзан со договор 2 години, а така за тие 2 години многу работи се менуваат.
Исклучиво припејд.
Си менувам тарифи како ми одговара, си активирам пакети кои на мене ми одговараат, на крај краишта ќе сменам и оператор.
 
Или имаш пари и купуваш нов телефон во готово или го користиш стариот, ова со обврзувачки договори постпејд ми е тапа.
 
Што му фали на пост пејд? Јас порано се занесував исто со припејдот ама тогаш ставав над 500 денари месечно и пак немав доволно минути за разговор, сега ретко кога над 300 ден ќе ми дојде а цел месец не му ја мислам за сметката. Плус на секои две години имаш ново телефонче - се разбира колку пари толку музика!
 
Пост Пејд е животот. Имаш потреба се јавуваш не му ја мислиш колку кредит имаш и да трчаш да си пушташ кредит. Сум бил и припејд и постпејд, и дефинитивно второто е подобро!!!
 
Се што е земено дома, е земено на припеид (освен службениот на стариот). Не знам, некако помирна глава за понатаму.

Ама сега, почнуваат се подобри и подобри постпејд понуди да излагаат, што искрено, мене почнуваат во мисли да ме ставаат да се префрлам на тој "систем". Сменет е пост-пејдот што беше пред неколку години и тој сега, и тоа многу е сменет.
 
Користев скоро 6 години припејд и никогаш повеќе!Ем земаш поевтин телефон на постпејд ем зборуваш за 555 денари 1000 минути кон сите броја(ова е невозможно во припејд),така да само постпејд(y)
 
има топ опции за пост пеид, но некако тежнеам кон ОНЕ. од тмобиле се откачив пред 5-6 год, не знам точно кога, но едвај дочекав и сега сум на ОНЕ. и морам да признам дека сум презадоволен. имаш 2-3 ефтини опции. првата е за 250 ден 1000 мин кон еден број на оне. некако не ми се свиѓа таа, н озатоа има подобра. 400 ден со 1000 мин кон оне и 40 мин кон останатите мрежи. мислам дека оваа опција е топ за студенти и ученици. јас пак ја користам 700 ден, со 1000 мин кон оне, 200 кон остантите мрежи. плус имам и 1гб интернет. а за тел, .... мислам дека е поарно ако се обврзуваш 2 години, а биде на рати, односно од пакетите. се исплати. плус тоа, после истекот на договорот имаш бенифиции, па можеш на повеќе начини да ги искористиш тие бенифиции.
П.С. да не бидам погрешно сватен, не работам за ниедна тел компанија
 
Ако имаш готовина колку што те кошта телефонот ( или било кој друг уред што планираш да го купиш ) нормално дека секогаш е подобро да си платиш во готово. Некои продавници за плаќање во готово даваат и попусти ( за мобилни ова не важи ) плус немаш камати и обврска секој месец да мислиш за рата па ако закасниш некој ден да те бараат насекаде и слично. Од друга страна пак не секој има толку пари во готово за да го купи тоа што го сака и затоа зема на рати. Зависи на кој како му одговара, секој според своите можности. Дефинитивен одговор на анкетата неможам да дадам.
 
Премногу едноставно прашање со пре премногу едноставен одговор

1. Ако имаш кеш зимаш во готово
2. Ако немаш кеш земаш на рати

Лесно ко 2 и 2 (јас би те украла (Ноне))
 
Ако живееш надвор од МК многу јасно дека на претплата од 2 години земаш јаки телефони за мали пари.

Кај нас тоа не важи, цената на телефонот е поскапа отколку во мобилара ИАКО го земаш на 2 години СО НАЈВИСОКА претплата
 
у принцип ја сум за кеш купување за што и да се работи од повеќе причини - малце е тешко да се соберат парите за било кој производ но кога ке ги дадеш кеш воопшто не се замараш дали имало камата дали имало скриени давачки плус и слично - плус кога станува збор за купување на поскапи работи ( пример мотор ) кога ке избоиш кеш пари обавезно газдите спуштаат од цена или како подарок ти даваат уште некој продукт - на рати секогаш искача барем 10% поголема цената плус теба да му ја мислиш дали ке имаш следниот месец да отплатиш или ке немаш па 300 други заебанции
 
Ако живееш надвор од МК многу јасно дека на претплата од 2 години земаш јаки телефони за мали пари.

Кај нас тоа не важи, цената на телефонот е поскапа отколку во мобилара ИАКО го земаш на 2 години СО НАЈВИСОКА претплата

Каква претплата, во Сатурн (Германија) имаш 30 рати на секој уред над 300 евра со 0% камата, т.е. ако уредот вреди 350 евра после 30 рати ќе имаш исплатено токму 350 евра, без ниту едно евро повеќе за камати и незнам какви трошоци. Направив мало истражување, одбрав Sony Xperia S во Сатурн и во Т-Мобајл во Македонија. Само уредот во Сатурн вреди 329 евра, во Т-Мобајл 405 евра. На 24 рати во Сатурн телефонот ќе го плаќаш 13.70 евра месечно, во Т-Мобајл на 24 рати може само со Relax XL постпејд пакет каде заедно со телефонот ќе плаќаш 40 евра месечно со годишна камата на телефонот од 11%. Дерат во Македонија партал прават, демек германците помала плата имаат од нас па поефтино им се продава се и сешто.
 
Само првиот телефон ми беше припејд, од тогаш сум на постпејд и искрено доста е поефтино вака.
Прво бев претплатник на Мобимак (па Т-Мобиле), сега сум на ВИП.
Т-Мобиле по квалитет им нема рамни, ама по цена па на ВИП им нема рамни.

Како и да пресметаш, моментално да сум на припејд, со оглед на количината на разговори и интернет од телефон што ги користам, би ме коштало далеку повеќе од 600 денари колку што плаќам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom