Секакви рецепти

Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
ПАЛАЧИНКИ СО ТРИ ВИДА ЧОКОЛАДО

Состојќи

450 милилитри млеко
180 грама брашно
40 грама какао во прав
6 супени лажици шеќер во прав
2 големи јајца
2 супени лажици путер (стопен)
едан половина кафена лажичка екстрат од ванила
една четвртина кафена лажичка сол
200 грама бело чоколадо
чоколаден сируп


ПОДГОТОВКА:

Чекор 1: За да ги направиме палачинките едноставно ги ставаме сите потребни состојки заедно. Вклучувајќи го и стопениот путер. Добро измешајте додека сите состојки да се спојат.

Чекор 2: Загрејте ја тавата за палачинки на силен оган и со црпалка сипувајте доволно од смесата за да се покрие тавата. По минута или две нежно подигнете ја палачинката по рабовите кога ќе почне да се пржи. Превртете ја за да се испржи и од другата страна и кога ќе биде готова ставете ја на страна. Повторете ја постапката за да направите 6 до 8 палачинки.



Чекор 3: Стопете го белото чоколадо во сад на пареа. Во зависност од тоа какво чоколадо користите, можеби ќе треба да му додадете и малку млеко за да го разредите.

Чекор 4: За сервирање, намачкајте ги палачинките со чоколадната смеса и внимателно замотајте ги.

Чекор 5: Сервирајте со декорација од чоколаден сируп на чинијата, а потоа во неа ставете 3 палачинки. На крај попрскајте ги со шеќерот и какаото во прав.

Нешто прекрасно :love:





 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
234
Поени од реакции
28
Abe luge Vafli dali imanekade kolku pari se posleden pat jadev vo bugarija 2005 g i od togas nemam poejke ni videno ni jadeno POZZ
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Abe luge Vafli dali imanekade kolku pari se posleden pat jadev vo bugarija 2005 g i od togas nemam poejke ni videno ni jadeno POZZ
Има во Кам.

Јаболков коблер или американска пита од јаболка




Состојки
  • 6 средни јаболка (било која врста)
  • Прелив
  • 1/2 лимон (сокот и коричката)
  • 1/2 чаша вода
  • 2 лажици брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 1 пак. ванилин шеќер
  • 2 лажици растопен путер
  • 1 лажиче цимет ( јас ставив 3 лажички и можеше уште :) )
  • Тесто
  • 1 јајце
  • 1 пак. ванилин шеќер
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1/2 лажиче прашок за пециво
  • 2 лажици растопен путер
  • 1/2 чаша брашно
Подготовка
1. Излупените јаболка се сечат на осминки ( јас ги сецкав поситно зошто мислам дека е попрактично за јадење) и се ставаат во подлабока чинија. Се додаваат сите состојки од преливот и се добро се меша.
Потоа се ставаат јаболките во тавче, предходно намачкано со путер.
2. Во друг сад се меша јајцето со шеќерот и путерот, па се додава просееното брашно со ванилата и прашокот за пециво. Се меша да се добие хомогена густа смеса.
3. Тестото со лажица се распоредува преку јаболката.
4. Се пече 25-30 мин. на 180 степени.
 
Член од
5 февруари 2011
Мислења
234
Поени од реакции
28
Има во Кам.

Јаболков коблер или американска пита од јаболка




Состојки

  • 6 средни јаболка (било која врста)
  • Прелив
  • 1/2 лимон (сокот и коричката)
  • 1/2 чаша вода
  • 2 лажици брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 1 пак. ванилин шеќер
  • 2 лажици растопен путер
  • 1 лажиче цимет ( јас ставив 3 лажички и можеше уште :) )
  • Тесто
  • 1 јајце
  • 1 пак. ванилин шеќер
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1/2 лажиче прашок за пециво
  • 2 лажици растопен путер
  • 1/2 чаша брашно

Подготовка

1. Излупените јаболка се сечат на осминки ( јас ги сецкав поситно зошто мислам дека е попрактично за јадење) и се ставаат во подлабока чинија. Се додаваат сите состојки од преливот и се добро се меша.
Потоа се ставаат јаболките во тавче, предходно намачкано со путер.
2. Во друг сад се меша јајцето со шеќерот и путерот, па се додава просееното брашно со ванилата и прашокот за пециво. Се меша да се добие хомогена густа смеса.
3. Тестото со лажица се распоредува преку јаболката.
4. Се пече 25-30 мин. на 180 степени.
http://www.google.com/imgres?q=waffles&um=1&hl=en&newwindow=1&tbo=d&tbm=isch&tbnid=CfymEGqhTmCKLM:&imgrefurl=http://www.edrants.com/the-situation-in-american-waffles/&docid=8oIMB63kT7Ad0M&imgurl=http://www.edrants.com/wp-content/uploads/2012/01/waffles.jpg&w=500&h=343&ei=J-G3UPmsIun_4QS9xoDIAQ&zoom=1&iact=hc&vpx=4&vpy=156&dur=144&hovh=186&hovw=271&tx=130&ty=71&sig=107979242628835659004&page=1&tbnh=145&tbnw=227&start=0&ndsp=15&ved=1t:429,r:5,s:0,i:167&biw=1024&bih=653
Voa se vafli momce a ne toa pita od jabolka :)))
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Денешниот оброк ми е измислена салата од кинеска зелка.
Испадна топ!

Потребно е:
10тина листови кинеска зелка, добро измиена под млаз млака вода.
1 конзерва туна од 200 гр,
2 пакетчиња кубети од домат/зачин
половина главица кромид
1 лажиче паста од зелени маслинки
2 лажици мајонез
1 лажица мексикана сос
малку цеден лимон
сол
бибер


Во длабок сад, листовите кинеска зелка искинете ги на средно големи парчиња. Истурете едно пакетче кубети и конзервата туна со се маслото во неа. Кромидот исецкајте го на ситни коцкички и додајте го. Повторно истурете кубети, додајте паста од маслинки, мајонезот, мексикана сосот, лимон и наросете со сол и бибер. Промешајте да се соединат состојките и оставете ја салатата да се олади во фрижидер барем еден час пред послужување.
Добар апетит.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Протеински микс за кога немаш време да напраиш нешто посложено:
- 3 лажици павлака
- 2 лажички овес
- пола банана
- малку суво грозjе
- лажичка/вилушка
- помал сад

Павлаката се става во садот и се меша со овесот а потоа се додаваат бананата и сувото грозjе. Се меша но не се гмечи и се конзумира со лажичка или вилушка.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Леб со чедар сирење

Количината на состојките е по желба
Еден леб
Путер ( 100 грама одприлика и растопен )
Лук ( 2-3 чешниња )
Млад кромид
Магданос
Чедар ( околу 200 грама )

Еве ви ја припремата во слики. :)









Се пече околу 10 минути на температура од 200 степени.



Печете уште 15 минути на истата температура.



И на крај ставете го магданосот. Јас плус ставив 100 грама гауда.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Не мора, комбинациите се сепак по желба. Само во никој случај обичен кравји кашкавал.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Јаврија со кајсии


Состојки:
една ипол, една и четврт шоља тарана, стокмена и процедена
нелупени слатки кајсии од конзерва (со сируп)
една јаврија, без кожата, исечена на парчиња (копан, надкопан, гради...крилцата не)
една ипол чаена лажичка кари во прав.
две до три супени лажици маслиново масло
6 млади кромитчиња.
сол/вегета
Карито може да се замени ако некој не сака со друг зачин

Приготвување:
Се вари тараната, се процедува. Се цедат кајсиите, се чува околу половина шоља од сирупот
Притоа, додека се токми тараната, се премачкува јавриичето со сол, црн пипер, кари, вегета. Се загрева маслото на умерен оган во големо тавче. Се додава јавриичето во маслото и со дрвена лажица се брка низ тавчето. Додека не зарумени солидно и престане да има розова боја. Околу десет минути, можеби петнаесет. Се додаваат кајсиите при крај, околу две, три минути пред крај. Потоа се сече главчето од два кромидот дијаголнално и се тргаат на страна. Другите кромитчиња на тркалца и со полојна лажичка кари се додаваат во тавата. Околу две минути, потоа се додава тараната на една минути. Се трга од оган и се додава сирупот. се размешува се убаво, да се впие. Се поросува со настрана тргнатите коромитчиња. Се служи топло.
За околу четворица.

@Morbio Inferiore
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
CafeDelMar; ова добро изгледа навистина. Ме интересира само неможам да сфатам од сликиве, ова се врз лебот горе го ставаш, не внатре во лебот, така?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
CafeDelMar; ова добро изгледа навистина. Ме интересира само неможам да сфатам од сликиве, ова се врз лебот горе го ставаш, не внатре во лебот, така?
И е превкусно. :)



Eве одприлика како би требало да е, значи путерот е растопен и секако влегува и во внатрешноста на лебот, а од лукот и кродмидот може со лажичката и внатре да се стави и плус да остане и врз лебот. И пред да се стави сирењето/кашкавалот исто со лажичката малку се рашируваат коцките леб за да влезе во целата површина.

 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Свињачко со круши

Лајца олио од оливки
лајца путер
круша
полкило свињачко без коска
лајче сенф
сланинка, пршут, печеница по десет комада од едното, по избор и сопствено нахоџење.

Као се супрауе:

Ќе се олупи круфчето и се насечка на парчиња
Меџувремену, се загрева рернето на 190/200 ступњева. У тава се пежи на олионо и путерон крушката. Околу 3 минути, се додаваа насечканите на листиќи сланината ли, печеницата ли, пршутот. ПослеМ се реди со местото, намачкано со сенф и сол по укусу и се праи таќе да не се распадни. Најлесно, заклопуеш и го врзуеш со сиџим. Се печит, нешо десетина петнајсе минути и послем на 160 ступњева продужуе околу 45 минути до сат, завиис од килавоста на рерната. мојана е килава и никад не знам кога ќе се повампири. Некад знае спорохотка да е, некад за 40минути да испечи. Знали од 40 минути натаќе, внимавајте. Горе кората убо испечена, внутре да е стокмено, меко, а печено.

Јајте и уживајте.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Налетав на ваков рецепт. Пред да го правам, ако некој го правел, нека каже, мене премногу шеќер ми фаќа око дека има.


Бајадера
Состојки

650 грама шеќер
18 лажици вода
210 грама маргарин
250 грама мелени ореви
250 грама мелени бисквити
100 грама чоколадо
глазура


100 грама чоколадо за готвење
20 грама маграрин
3 лажици млеко
3 лажици масло
Подготовка
Шеќерот и водата се зовриваат и тргаат настрана, потоа им се додаваат мелените бисквити, оревите и маслото, се да се соедини убаво. Се дели на два дела. Едниот с остава бел, другиот се прелива со топено чоколадо, Тој со чоколадото се почекува да се стегне малку и се спојува под белиот. Кога се ќе се олади убаво, се прелива со чоколадната глазура.


Се плашам да не ми излезе преблаг и да не може да се јаде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom