- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.667
Отсекогаш било интересно да се разгледа напредокот на човештвото, на цивилизацијата. Бронзата се покажала поиздржлива и посмртоносна од дрвото, коската и каменот. Дознавањето како може да се искористи железото и како се произведува челикот секако биле големи откритија. Сигурно е дека прво направиле секири, мечови и копја, а потоа плугови за орање или мотики. Катапултирањето на којзнае од што пцовисани крави во опсадуваните градови и тврдини можеби е првата употреба на биолошко оружје, или пак, ако одиме уште порано со отров премачканите оружја и сл.
И барутот претставувал предност која го изменила текот на историјата. Сега тоа се нови современи нешта, разни вируси, радиоактивни материјали, хемиски отрови кои можат да се испратат оддалеку. Секогаш науката, како и се` друго, можела да биде, односно била и се` уште е во служба на господарите на војната. Тој факт не би требало да го намали и обезвреднува придонесот на науката во другите сфери од животот.