Темната страна на науката

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.316
Поени од реакции
34.719
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Геноцид, радијација, човечки заморчиња, тоа е позадинската темна слика на науката која никој не сака да ја види.
Додека човештвото се надева на достигнувањата на науката во поглед на изнаоѓањето лекови за разни болести, веројатно не е ни свесно која е цената на тие достигнувања.

Уредникот на Healthranger.com, Мајк Адамс, направи видео во кое е прикажана застрашувачката цена која човештвото ја плаќа за научниците да дојдат до епохални откритија.

Па така, одредени знаења на полето на науката се добиваат преку сосем нехумани принципи. Самите научници се загрижени дека цената на експериментите преку кои се доаѓа до одредено знаење ќе ја платат луѓето, а тоа би било демонстрирано преку појави како слабеење на имунитетот кај некои луѓе, појава на рак и неконтролирано ширење на заразните болести.

Погледнете го видеото на Адамс и самите заклучете дали неговите тврдења имаат основ:

http://kajgana.com/video-temnata-strana-na-naukata
 
Го изгледав целото видео уште на порталот ко беше објавено, и можам да кажам дека е ова е само блага верзија на неколку документарци посветени за последиците од 'науката' прикажана овде. Ова не е наука, ова е перење пари, правење оружја. Страшно видео.
 
Сосема нормално, ова е така со години - векови.
 
Геноцид, радијација, човечки заморчиња, тоа е позадинската темна слика на науката која никој не сака да ја види.
Додека човештвото се надева на достигнувањата на науката во поглед на изнаоѓањето лекови за разни болести, веројатно не е ни свесно која е цената на тие достигнувања.

Уредникот на Healthranger.com, Мајк Адамс, направи видео во кое е прикажана застрашувачката цена која човештвото ја плаќа за научниците да дојдат до епохални откритија.

Па така, одредени знаења на полето на науката се добиваат преку сосем нехумани принципи. Самите научници се загрижени дека цената на експериментите преку кои се доаѓа до одредено знаење ќе ја платат луѓето, а тоа би било демонстрирано преку појави како слабеење на имунитетот кај некои луѓе, појава на рак и неконтролирано ширење на заразните болести.
Науката нема темна-светла страна... Човекот има!
 
I stand with SCIENCE.
Убаво кажа Strider науkата не предизвикува геноцид , идиоти со помош на достигнувањата на науката предизвикуваат геноцид .Радијацијата nе е производ на науката напротив науката ну објаснува што е радијација , со помош на науката можеме да се заштитиме од нејзе до одредено ниво ., За употреба на луѓе како заморчиња па науката е најмалце крива. Главучите бараат резултати за најбрзо уништување на жива сила, објекти , создавање отрови како и против отрови , создање болести како и вакцини за истите . Луѓето чекаат за чудотворни лекови затоа што на одредени групи им е поважно е да се измисли нова направа за уништување.

Nothing in life is to be feared, it is only to be understood. Now is the time to understand more , so we may fear less. - Marija Kiri Склодовска
 
Науката не убива, но е многу добра алатка за тоа............е многу добра алатка за да може уште повеќе да се изрази класификацијата меѓу луѓето...........

дали е штетна или корисна мислам дека подбро би сфаќале ако го споредиме бројот на луѓето кои умреле од научните достигнувања со бројот на луѓето кои се спасиле од разни болести и опасности со помош на науката............
 
Глупост на квадрат. Бојните отрови сами си се измислија и самите се фрлаа низ пола земја.

Имаш нож, од тебе зависи дали ќе сечеш леб или нечиј врат со него, тоа не зависи од ножот.
 
Oчигледно е дека дечкиве кои го правеле видеово се некои ала анима мунди фрикови кои си немаат благе везе што е генетски инженеринг. GMO има придонесено за значително подобрен квалитет на земјоделските продукти како и намалување на користењето на пестициди. Да напоменам дека процесот на хибридизација кој човекот го практикува илјадници години уназад via cross pollination и не се разликува толку од денешното директно манипулирање.
Кога во 1943 Мексико гладуваше се создаде IR8, генетски модификуван ориз кој до 1963 беше светски дистрибуиран. Ама да не должам повеќе на темава за ова.
Ако сака некој да знае повеќе за ГМО нека ме цитира стриктно во врска со тоа.

За вакцините сум пишувал миљарда пати.
http://www.cdc.gov/vaccines/parents/index.html
Пример, за ефективноста на вакцините ти е Јапонија каде за 2 години од 1974 до 1976 бројот на заболени од пертусис паднал за 70%.
Уште еден пример ти е САД каде до 1990та секоја година имаше 15.000 заболени и 400-500 смртни случаи од менингитис. По внесување во употреба на вакцината бројката се намалува на 50тина случаи годишно.

Некои луѓе дури одат до таму и сметаат дека е попожелно дете да ја прележи болеста наместо да биде вакцинирано, демек било поприродно. Ова е тешка глупост, со оглед на тоа дека за разлика од вакцинацијата контрактираните патогени не се умртвени и болеста може да биде фатална.

СЗО всушност откри дека 60тина девојчиња се заразиле од полио преку вакцина, но нема никаква евиденција дека вакцините предизвикуваат ракови и леукемија. По ова, исламистите во Нигерија го илегализира лекувањето од полио и ја отежна борбата против болеста што доведе до тоа да Нигерија се искачи на прво место по заболени. Сепак, во 2007ма вакцинацијата против полио во Нигерија се дуплираше и притоа земјата веќе не е на прво место по заболени од полио.

Во 2002. Immunization Safety Review Committee of the American Institute of Medicine имаат направено тестирање на сите аргументи кои тврдат дека вакцинацијата го намалува имунитетот и имаат утврдено дека не постои валиден аргумент pro тврдењето дека повеќе имунизации можат да го компромитираат имунолошкиот систем.

Битно да се напомене е дека иако бебињата имаат доста силен имунитет, многу е битно вакцинацијата да не се одложува бидејќи болести како пертусис се посебно опасни за нив.

Тоа е тоа. Уште конспираси теории.

Ова со нуклеарните катастрофи не е вина на науката. Нуклеарките се едни од најисплатливите извори на енергија а воедно и прилично чист. Патем речено, безбедносните мерки постојано се редефинираат и подобруваат. Да, несреќи се случуваат. Јебига. Исплатлив ризик. Јапан секои два дена да им пука реактор пак ќе бидат поизградени од нас бидејќи за разлика не се ретардињоси.

Runaway superbugs се вина на науката? Како?

Искрено, видеово е многу лошо и ме мрзи да дебанкирам све.
 
Науката може да се каже дека е инструмент односно алатка со која се води светот во погрешна насока. Тешки болести и "лекови" за нив по дифолт нема да го спасат човештвото кое и со нив за две децении ќе биде над 8 милијарди па јас би рекол големи пари се во прашање воопшто тој бизнис да опстане со препишување на апчиња и користерње на методологии од кои започнуват нови проблеми.
Геноцид и држави мултинационални и религиски како Македонија можеме да ги земеме за пример за експеримент од страна на помоќните.
 
Науката нема темна-светла страна... Човекот има!
Абе гледам повеќето ќе се согласат со тебе али неможеш да направиш одвојување на едното од другото. "Науката" е создадена од човекот па затоа ги има и неговите својства посебно социјалните науки па и останатите. Секогаш постои факторот субјективност и грешка.
 
Видеото веројатно го има направено некој ваков
tin-foil-hat.jpg

Науката е моќно оружје, до човекот е како ќе ја употреби.
Конкретно за работите во видеото, за цигарите во периодот во кој е направена рекламата не се знаеле штетните ефекти, а маркетингот е опасна работа. Нели ги рекламираа и оние соковите од Велија дека се полни витамини, минерали и по некоја кременадла, а направени се од чиста хемикалија што го убива црниот дроб. Исто како и сите сокови што се од македонско производство, а се рекламираат како "чаша полна здравје".
Следно, како за Чернобил се виновни научниците, односно како тие сокриле од јавноста? Нив им било забрането да зуцнат од власта, значи обратете се кај политичарите.
Атомските бомби - исто кај политичарите. Што научниците не кажале во врска со нив?
Сликите со црнците што се прикажани се многу двосмислени, да, црнци лежат/стојат додека им земаат крв, можеби веќе биле заразени со нешто па им земале крв да ги тестираат.
За вакцините веќе објасни еден член погоре.
Единствено што се сложувам од целото ова манипулаторско видео е за психијатриските лекови кои им се даваат на децата. Тоа е еден тренд кој веќе подолго трае во САД, а се должи на синдромот на мрзливи родители кои немаат желба да си ги воспитаат децата, па децата им стануваат размазени монструми и најлесно им е да им дадат лекови за смирување.
In conclusion, Како научниот развој е крив за злоупотребата? Развојот само му помогна на човештвото да има поудобен живот и продолжен животен век.
 
Да бе, науката е крива :)
Утре кога ќе се разболете од рак, лечете се со билки, а кога ќе се пораѓате, не викајте доктор. Оти науката е лоша.
Не го користете мобилниот, немајте компјутер, не возете кола, не се качувајте во автобус, ако оќоравете не носете наочари, ако скршите нога не користете патерици, туку со гранка шетајте.
Науката не е ништо крива што постојат лакоми и болни умови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom