Зашто генерализираш 100% ................ од каде знаеш ти како ги воспитуваат родители Македонци своите деца !
Мене моите родители во мои 26 год. до сега ниту еднашка не ми рекле дека треба да мразам Албанци, ниту еднаш, ниту пак ми ја полнеле главата со национализам и со некакви желби за ’’големи‘‘ држави... 21 век е друже мислам дека треба сите да сфатат на овој Балкан па и пошироко дека времето на тие ’’големи‘‘ држави е поминато ........... во последниве 100 год. се распаднаа и Османлиската Империја, се распадна и Руската Империја и Австро-Унгарската Империја, се распаднаа и СССР и СФРЈ и.т.н. па сега кој каде се нашол, дали од таа страна, дали од оваа страна на границите нека си го тера животот ........ во животот има милион поубави работи отколку овие срања што се случуваат, а тие срања се: тепачки и напади на меѓуетничка основа, поставување на едни, а симнување и палење на други знамиња, кршење, убивање и сл. зарем овие работи(кои се б.т.в. мерење на ку*овите) се убави и просперитетни ........... просперитетни и убави работи се да учиш, да работиш, да си ја гледаш куќата и семејството, да напредуваш и уживаш во животот, да им обезбедиш подобра иднина на своите деца... тоа се убави и просперитетни работи, просперитет и иднина не се градат со тресење глупости, со цртање на некакви карти од ’’големи‘‘ држави(денес во 21 век), со означување на некакви си ’’ослободени‘‘ територии(ослободени од кого/кои), со тепање на деца, со вандализам врз религиски објекти и сл. тоа се назадни работи кои не носат напредок туку уназадување неколку децении, море не децении туку векови наназад !
П.С. Ова не го мислам за тебе лично, општо зборам, тебе те почитувам како форумски член и како човек !