Пресметување на нето плата

  • Креатор на темата Креатор на темата ^RedDragon^
  • Време на започнување Време на започнување
И државните службеници се вработени по Закон за работни односи(колку што јас знам).

Овие проценти се стари, користи ги моите, точни се 102,5%.

Делот со лично ослободување(месечно ослободување од персонален данок) е секоја година различно, во 2012 е 7.470, во 2011 беше 7.316.

Не постои храна и превоз, избриши го тоа. Од бруто идеш до нето, никакви хранарини и превози.

Пресметај пак, и кажи што не ти е јасно, да пробам да разјаснам.
Да, видов, во документот од линкот се вели дека процентите се менуваат, ама дадени се процентите за 2009, 2010 и 2011. Еве ти ги напиша за 2012. Што е за понатаму, еве за 2013 само, има нови, ќе останат истите или доправа ќе се објави?

Даночното ослободување, elnino83 пишал дека е процент од просечна плата, колкав процент и од која, од бруто или од нето плата?
 
Не ти е многу битно за 2013та, сега сме 2012та, во никој случај не можеш да го знаеш однапред, не во овој период. Исти дефинитивно нема да бидат, ќе варираат бројките.
Инаку, еве што вика:
Износот на годишното лично ослободување го објавува Министерот за финансии и истото пред почетокот на секоја година се валоризира со планираниот пораст на нето платите на вработените во Република Македонија.
 
Само да додадам нужно е да се пресметува и минат труд кој изнесува 0.5%

Да но нивната плата се пресметува според законот за Државни и Јавни службеници. :)

да за искуство е тоа.....0,5% годишно од брутото плата и се додава на брутото секако....за три години стаж 1,5% повисока плата....тоа е администрација.....само таму важи законот за жал:eek:
 
да за искуство е тоа.....0,5% годишно од брутото плата и се додава на брутото секако....за три години стаж 1,5% повисока плата....тоа е администрација.....само таму важи законот за жал:eek:

I za privaten sektor vazi , ama retko koga trudovite inspektori vrsat inspekcija za ova.
 
Како се пресметува даночно ослободување доколку на пример еден работник наместо од 22 работни дена одработил само 20. Дали со обична матеметика 7470 * 20 / 22 или пак има некоја посебна формула?
 
Дали со обична матеметика 7470 * 20 / 22 или пак има некоја посебна формула?

Од каде оваа бројка 7470?
Месечното ослободување е 7000 денари, и се пресметува за целиот месец ако си земал цела плата за тој месец (без оглед колку денови си изработил).
 
Од каде оваа бројка 7470?
Месечното ослободување е 7000 денари, и се пресметува за целиот месец ако си земал цела плата за тој месец (без оглед колку денови си изработил).
7470 е сумата за лично ослободување види и во погорните постови, а сепак мислам дека оваа вредност не е фиксна туку е променлива во зависност од одработените работни денови.
 
Го смениле лани ова време на 7470.
Барем да кажеа на медиумите, јас даночната пријава ќе ја пополнев со 7000 како и претходните години. Изгледа тоа им е и целта, помалку да се знае.
За 2011 беше 7.316...
 
За 2011 беше 7.316...
Во ред е тоа за за вредноста, но како се пресметува личното ослободување за помалку одработени денови дали како што претходно напишав, дали постои некоја друга математика или дали и воопшто се пресметува тоа.
 
Шефе претпоставувам плаќаш и ти даноци и давачки спрема државава како и јас а од тие пари они имаат јавна администрација од таа јавна администрација дел е и УЈП. Така да слободно прашувај ги досаѓај им итн, за тоа се платени.Поздрав.
 
Прaвото на месечно лично ослободување за работно ангажирање,што се смета за работa пократкa од полно работно време,се утврдува со множење на бројот на работните часови за кои се пресметува плата со износот на олеснувањето поделено со бројот на можните работни часови за тековниот месец.
--- надополнето: 28 ноември 2012 во 19:22 ---
Пример:
(200*7040)/240=5867
 
Не дека не си во право ама ако тргнеш од една таква претпоставка тогаш пола од темите на форумов треба да се затворат исто како и оваа тема. Пример тема економски факултет - прашајте си ги професорите или обратете се на студентски прашања.
--- надополнето: 28 ноември 2012 во 19:38 ---
Прaвото на месечно лично ослободување за работно ангажирање,што се смета за работa пократкa од полно работно време,се утврдува со множење на бројот на работните часови за кои се пресметува плата со износот на олеснувањето поделено со бројот на можните работни часови за тековниот месец.
--- надополнето: 28 ноември 2012 во 19:22 ---
Пример:
(200*7040)/240=5867
Така и си мислев со тоа што математички твојот пример е ист со мојот или 7470 * 200 / 240. Фала
 
Не дека не си во право ама ако тргнеш од една таква претпоставка тогаш пола од темите на форумов треба да се затворат исто како и оваа тема. Пример тема економски факултет - прашајте си ги професорите или обратете се на студентски прашањ
Поентата ми беше во релеваноста на податоците , може некој во најдобра намера да помогне ќе каже погрешни информации, што во некој случај може да направат голема штета па дури некој и да заработи кривична пријава, зошто се потпрел на некоја информација која не била точна , не мора да се работи за овој случај има многу посериозни случаеви што не треба да се базираат на рекла казела муабети. тоа ми беше поентата.Поздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom