Со буџетски пари во Скопје ќе се слави независноста на Албанија

  • Креатор на темата Креатор на темата никола-те
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
А што ти е толку важно ова? јас ги почитувам тие што носат кече , и не е тоа заостанатост.
Кечиња сите нации носеле , само што албанците малце повеќе се придржиле до традицијата.
И во Швајцарија има што носат , но ти кажав дека сега и на Косово не е толку застапен како порано , во Швајцарија уште помалку.
Јас не носам.
Не болеше нели, си прашав и сакав да ми одговориш. Во 90те години речиси сите беа со кече на глава, денес ретко само оние по селата што се. Па се прашував дали со вашиот напредок и кечињата ги исфрлате од употреба. Еве ми одговори, така и мислев.
 
Pa normalno deka od budzetski pari ke se sllavi ,albancite se so povisok procent na polnenje na budzetot na RM .i sto ima tuka sporno ,nie imame drzava ,imame zname i sme pola makedonija,sto vie e krivo vami ,i nikoj ne vi e kriv zasto ste dojdeni vo ova pozicia ,ne cini ovoj ne cini onoj,nie sme anticki nie sme aleksandrovci ,saraj baraj .

Се согласувам, само има еден проблем... ние Македонците не сме виновни. Ние не се разбравме во 2001 година. Ние ве баравме за да го расчистиме недоразбирањата, сакавме да ве преслушаме, ама не можевме да ве препознаеме кога се криевте во фустаните. Еве, сега ве чекаме да ни дадете втора шанса да ја поправиме грешката.
 
Датум: 26.11.2012, 18:23
KОЛЕKТИВНАТА АГОНИЈА НА МАKЕДОНЦИТЕ
6537ADBCBB442E4391AC9ED8EAB7C0AB.jpg

Тони Науновски
Вовед во хобсовска состојба
Попусти се обидите врз основа на длабинска анализа да се постават загрижувачките перспективи и антиципираат настаните кои во бесконечна спирала с` подлабоко ја уништуваат Македонија како држава. Најновите, но веројатно не и последни национални понижувања се конечен свиреп доказ дека Македонците се народ кој, за жал, реално повеќе нема капацитет за самоодржливост на своја, национална држава според моделите на современите држави – доколку набрзо не се случи тотален пресврт во мислењето и практичниот однос кон актуелните политички процеси. Иако формален егзекутор на потрошената национална самосвест се политичките партии, отсуството на помасовна спонтана реакција и каков било облик на организиран протест против секојдневните акции за понижување на с` што има значење на македонски национален идентитет, јасно ја покажува слабоста на македонскиот народ/нација. Отсуството на елементарни политички самоодбранбени реакции против недогледните антимакедонски политики кои постојано ни се случуваат, не се веќе показател само на апстрактниот демократски дискурс во кој се потонати (единствено) Македонците, туку токму напротив – тоа е ултимативен доказ за с` поинтензивниот распад на македонската национална свест, прецизно регистриран од оние што отворено ги кршат законите и Уставот.

Денешните, најнови национални порази на Македонците – незаконски поставените јарболи со албанско знаме и изградба на музеј на терористичката УЧK, како и споменик на некој човек припадник на УЧK од протекторатот Kосово врз македонски тенк (на територија на РМ!) – иако се ужасни до таа мера што може да се помисли дека ја доживеавме кулминацијата на антимакедонизмот, е веројатно само вовед во тотална аномија и претполитичка хобсовска состојба на владеење на посилниот. Отворените и цинични најави за следните активности (освен доколку нивниот „коалиционен“ партнер не распише предвремени парламентарни избори за да се спаси себеси како партија и неопходен мит во колективната историска самосвест, но и заради спас на самата држава) – воени пензии за борците на УЧK-ОНА, Бадентеров принцип во судскиот систем, промена на името Македонија, целосна двојазичност на државата, етничка распределба на државниот буџет, итн. – се сигурен показател и јасна слика за траорната иднина, ако воопшто веќе и ја имаме на ова парче земја. Докажаниот политички опортунизам на македонските политички партии, во комбинација со колективната индиферентност на Македонците, сосема извесно ќе доведе до целосно уништување на едвај присутните (по проклетиот Охридски рамковен договор, почетокот на крајот на државата) национални, македонски димензии на Уставот.

Оттаму, колективната агонија на Македонците ќе трае уште долго време, па дури и ќе се интензивира со секој изминат ден – бидејќи, колективната слабост е согледана од другите. Иронијата на историјата, за која Хегел одамна забележа дека во еден аспект е и развој на националниот дух на силните (само силните!) народи/нации, е дотолку поголема што сета оваа трагедија ни се случува во миговите кога (с` уште) го живееме сонот на многу наши предци кои херојски умреле за идеалот – држава на Македонците! По сто години од кобната 1913 г., можноста да се повторат настаните како фарса на историскиот развој на светскиот дух во однос на македонскиот народ станува с` пореална. Денешните поколенија, современите Македонци, се суштинска спротивност на храбрите и силни Македонци – тие дозволуваат незаконски активности кои во крајна инстанција значат уништување на с` што го рефлектира македонскиот национален идентитет. Наместо да го зацврстуваат и унапредуваат, наместо гордо да го покажуваат секогаш и секаде, денес Македонците дозволија да бидат дискриминирани во својата држава, допуштија пред очи да им се урива нивната држава! Kако што на истиот начин дозволија уривање на црквата-музеј во центарот на својот главен град, како што дозволија незаконско поставување на табли со имиња на основни училишта и улици, незаконско промовирање на двојазичност во најважните државни институции, споменици на балисти кои според сите историски факти убивале и тероризирале Македонци, и многу други нешта!

И вината за сето ова сепак не може да се трансферира исклучиво кај неодговорните политички партии и/или нивните елити – колку и да е болен овој факт за секој самосвесен Македонец. Тие најчесто сепак мора да ги следат доминантните мегатрендови на јавното мислење и барања на електоратот, на народот кој го претставуваат. Историската потреба од „отрезнување“ по сите овие настани, кое просто конечно мора да се случи кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и да доведе до нивно помирување, е единствениот начин преку кој, во комбинација со активно учество (на секој можен начин и секаде) на буквално секој Македонец, с` уште може да се прекине овој понижувачки вртоглав редослед на антизаконски, антимакедонски акти и случувања. Македонците не смеат повеќе да бидат препуштени сами на себе, очајно свесни дека и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат погрешна ориентација на опортунизам, која треба да се преврти во својата спротивна насока и да ги врати верувањата и сништата на македонскиот народ. Оттаму, одговорноста на раководствата на македонските политички партии го добива својот историски максимум. Денес Македонците, препуштени сами на себе, се без витална, атавистичка национална енергија за спротивставување на наведените антимакедонски случувања и политики во нивната (с` уште нивната) држава. Потребата од креирање нови македонски парадигми, од нови идеали кои ќе ги вдахновуваат денешните генерации, сега е поголема од кога било во нашата мачна и горда историја и сегашност. Без нови енергии и прагматични поттикнувања на колективниот ум на Македонците во пронаоѓање големи излезни решенија, агонијата без крај – во која има бесконечно многу солзи на загинатите Македонци за Македонија, во која има лелеци на илјадници мачени и убиени Македонци – од Грамос до Вејце – ќе н` остави без своја држава, дури и без своја земја, без свое парче земја на планетата Земја. Заветот на нашите херои ќе биде срамно изневерен, националниот лакримариум скршен, а на нашите деца нема да им оставиме нивна држава во која слободно ќе се реализираат себеси – о, Македонци мои, поголем индивидуален и колективно-национален грев од поднесувањето на оваа наша свирепа реалност нема!
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1B67146F513ED846801C332D445FA2A0
Се сложувам за тоа дека ние Македонците сме во колективна агонија и оваа агонија не е од сега туку не зафати веднаш по првиот занес и романтика од осамостојувањето. Од осамостојувањето Македонскиот народ отчекуваше подобра иднина, да биде подобро одколку што беше во заедничката држава, отчекуваше многу...... Но наместо подобра иднина веднаш по осамостојувањето Македонскиот народ беше осиромашен, опљачкан, оставен за никаде, свати дека беше излаган...... и спасот го побара во промена на власт и одкако неколкупати ја промени свати дека и сите политички елити се исти- арамии и неспособници... и затоа народот падна во уште поголема агонија. Не гледа народот спас, не гледа дека некој може нешто да промени, да го извлечи од сиромаштијата, од калта, од понижувањата.... со еден збор државата (читај политичките елити) со својата алчност и неспособност направија да народот ја замрази сопствената држава, да му одмили... И затоа е очајот и агонијата, затоа се бугарските државјанства, затоа е одливот на младите..... власта треба да свати дека прва задача и е да направи народот да си ја засака државата ама тоа не се прави со реклами, со лажење, со задолжување... со споменици......со математички игри од типот дади му 2 земи му 4...... тоа не се прави со казни и оцрнувања.... со прислушкувања... со апсења... туку треба да му дадеш на народот вистинска слобода, вистинска демократија, вистински да му го покачиш стандардот. Тогаш народот ке ја засака државата и тогаш ке биде вистински патриот спремен и за борба ако треба. Така се прави тоа а не со споменици. Да се запрашаме како некој ке биде патриот и ке оди ако треба и во борба ако дома му ја исклучиле струјата, нема пари да ја нахрани и облечи фамилијата, нема пари да ги школува децата, неговиот живот само така се нарекува а воопшто не е живот... како тој човек да покаже дух и патриотизам? Ке му ги покажеме спомениците или ке го пратиме на час по историја или ке го врзиме пред телевизор и ке му ги пуштиме сите можни реклами? Не сум ооптимист дека ке останеме. Особено не по последните случувања......
 
Не болеше нели, си прашав и сакав да ми одговориш. Во 90те години речиси сите беа со кече на глава, денес ретко само оние по селата што се. Па се прашував дали со вашиот напредок и кечињата ги исфрлате од употреба. Еве ми одговори, така и мислев.
kocni-dobos.png
 
Албанциве се врвот на темава,вртат филмови како немале права и затоа почнале војна,а всушност војната беше за територија и тоа се гледаше од спејс-шатл,а од кога видоа дека тоа со територијата не им оди по планот си извадија добро алиби морам да признаам дека војната била за права.

Секоја чест браќа Албанци,секоја чест.:)

Ако не во друга држава тука сигурно ќе ви се исплати глумење лудило.
 
На оваа тема најдобро може да се види зошто ни оди у к... државата. Додека се тепат наши деца, додека се палат наши знамиња, додека се пеат туѓи химни и се веат туѓи знамиња платени од наши пари ние овдека очите си вадиме меѓусебно затоа што неможеме да ја победиме злобата и омразата кон сопствениот народ а се затоа што чекаме од зависност на партијата да се докопаме до некое учителско столче, некоја позиција во шумското, позиција во некоја пошта или едноставно скромна платичка за лепење на плакаати.
Аллоооооо свестете се државата пропаѓа , не газат на секој чекор, во сопствената држава се осеќаме како странци а вие овде серете за политика. И не само вие туку и оние од горе , толку ли историјата не не научи дека има некој работи кои се многу поважни од административно столче и плата од 20 илјади денари. Треба ли поради некое лично задоволство и партиски ќар да уништиме многу идни генерации а мислам дури дека и ние ќе доживееме да бидеме слуги на оние кои вчера, денес и утре на глава ни се качија со нивната прослава, која и не беше прослава туку јасна порака дека никој ништо не им може.
Целата наша мизерија се виде кога прострев реченицата на Милошевски: „Знамињата ќе бидат толку големи колку што ќе биде голема неслогата меѓу Македонците„ и токму на оваа реченица почнавте да серете и да го бљувате , со што само потврдивте дека знамето ќе биде МНОГУ , МНОГУ големо.
Веќе неколку дена неможам да спијам како човек од што ми е криво и од што ми е страв не од Албанците нив можеме да ги решиме, страв ми е од сопствениот народ, кој нема ниту еден заеднички идеал, ниту на една тема не сме сложни, ниту еднаш неможе да се спротиставиме на некој проблем заедно, секогаш и за се се наоѓат сератори и паметњаговичи.
И додека ние се пукаме еден на друг, некој друг сложно чекор по чекор не гази секој ден.
 
- Каналот на информација им е џамија
Ова никогаш не успеав да го сфатам, барем не целосно. Значи сфаќам дека од мали ги учат дека мора да се слуша муфтијата или што ти знам таму, ама логика здрава да исклучиш и само да прифаќаш што ќе ти каже не можам никако да го разберам.
Еве пример за илустрација: македонски албанец (може вака или треба албанец што живее во Македонија?!) Сеедно, чоеков живеел неколку години во европска земја, си нашол и жена таму и станал и татко. После 2 години се развеле и човеков се вратил овде. За месец дена му стигнала судска покана од земјата, дека треба да отиде таму на рочиште да се утврди кој ќе биде старател на малолетното дете, кој ќе плаќа алиментација и така натака. Човеков со писмото прва работа директ во џамија, каде што инстантно му било речено дека нема што да се замара, според нивната религија децата припаѓаат на таткото и тоа е тоа. :facepalm: И нормално човеков среќен си отишол дома.
Судот во европската држава секако дека не го тангираат вакви небулози, и си донел пресуда со која чоеков нема право да го гледа детето. И сега овој што да прави? Тргнал ќе се жали по наши невладини. :tapp:
Еееееееееееј, до толку ли бе сонародници наши? Почитувајте си религија, јас не гледам некој да ви попречува, ама користете го И мозокот успат..
 
Принцезо тоа ти се вика слепа послушност и испран мозок . Што мислиш ти зошто ДУИ и ДПА се тепаат за превласт во ИВЗ, искуствата до сега покажале дека таа партија што ја има на своја страна ИВЗ обавезно победува на изборите, затоа што брачата не размислуваат за кого да гласаат место нив мисли џамијата. Оџата за кого ќе каже да изгласаат, сите до еден него ќе го гласаат без да зуцнат .
 
Што све читам тука :facepalm:

Денеска во Албанија стотина илјади албанци слават по улиците , Тирана од рано наутро е полно со народ , на граничниот премин Ќафасан за неколку часа во Албанија влегле илјадници албанци , исто и од Косово итн.

Честитка и од гугл

561693_10151275284687229_634728177_n1.png
 
Принцезо тоа ти се вика слепа послушност и испран мозок . Што мислиш ти зошто ДУИ и ДПА се тепаат за превласт во ИВЗ, искуствата до сега покажале дека таа партија што ја има на своја страна ИВЗ обавезно победува на изборите, затоа што брачата не размислуваат за кого да гласаат место нив мисли џамијата. Оџата за кого ќе каже да гласаат, сите до еден него ќе го гласаат без да зуцнат .
Тоа е се‘ јасно. Она што ме интересира мене е како сега ќе му помогне џамијата да си го гледа детето?
Што све читам тука :facepalm:
Ако алудираше на мојот пост, ти тврдам за веродостојноста, ако не ми веруваш, може да се сретнеме да ти докажам, пошто на јавен форум, повеќе од горното, не можам да изнесам.
 
Тоа е се‘ јасно. Она што ме интересира мене е како сега ќе му помогне џамијата да си го гледа детето?
Ќе му даде 500 евра да се носи ко талибанец.Долга брада,црно ќече,пантолони над глужд и ако земе некое ново нусе да ја були од глава до пети и очите да и го були.А за детето,што кој к*р,ќе направи ново,ее па и ти.
 
Тоа е се‘ јасно. Она што ме интересира мене е како сега ќе му помогне џамијата да си го гледа детето?
Абе измислиле луѓето фотографии. Ќе оди оџата да го сликне детенцето, овој ќе си ја урами сликата и оп ќе си го гледа.
Ете видиш?
 
Слика од прославата во гимназијата во Тузума, Црна Гора . Слично како кај нас без државни црногорски симболи во националистички стил со албански државни знамиња и пароли исклучиво на албански не водејќи смета за државата во која живеат и чии граѓани се .
61622_10151549164342538_2048804895_n.jpg


Албански иредентизам кон Црна Гора : На отварању моста крај Подгорице склоњена државна застава Црне Горе
 
На оваа тема најдобро може да се види зошто ни оди у к... државата. Додека се тепат наши деца, додека се палат наши знамиња, додека се пеат туѓи химни и се веат туѓи знамиња платени од наши пари ние овдека очите си вадиме меѓусебно затоа што неможеме да ја победиме злобата и омразата кон сопствениот народ а се затоа што чекаме од зависност на партијата да се докопаме до некое учителско столче, некоја позиција во шумското, позиција во некоја пошта или едноставно скромна платичка за лепење на плакаати.
Аллоооооо свестете се државата пропаѓа , не газат на секој чекор, во сопствената држава се осеќаме како странци а вие овде серете за политика. И не само вие туку и оние од горе , толку ли историјата не не научи дека има некој работи кои се многу поважни од административно столче и плата од 20 илјади денари. Треба ли поради некое лично задоволство и партиски ќар да уништиме многу идни генерации а мислам дури дека и ние ќе доживееме да бидеме слуги на оние кои вчера, денес и утре на глава ни се качија со нивната прослава, која и не беше прослава туку јасна порака дека никој ништо не им може.
Целата наша мизерија се виде кога прострев реченицата на Милошевски: „Знамињата ќе бидат толку големи колку што ќе биде голема неслогата меѓу Македонците„ и токму на оваа реченица почнавте да серете и да го бљувате , со што само потврдивте дека знамето ќе биде МНОГУ , МНОГУ големо.
Веќе неколку дена неможам да спијам како човек од што ми е криво и од што ми е страв не од Албанците нив можеме да ги решиме, страв ми е од сопствениот народ, кој нема ниту еден заеднички идеал, ниту на една тема не сме сложни, ниту еднаш неможе да се спротиставиме на некој проблем заедно, секогаш и за се се наоѓат сератори и паметњаговичи.
И додека ние се пукаме еден на друг, некој друг сложно чекор по чекор не гази секој ден.
Немаме изградено национална свест, а. 1,5 милион Македонци сме во државава а сме поделени, на неопределени,СДСМ,Вмро после на антички и словени, на подржувачи на Комунизмот, на подржувачи на Капитализмот, после на Југоносталгичари кој плачат за СФРЈ и на Македонци што кажуваат дека ни е подобро во независна Македонија итн. Многу поделби а само 1,5 милон жители сме а и секоја година има 2000 македонци повеќе умрено од родени. За разлика од нас Албанците се обединети знаат кај се сега и кај сакаат да бидат за 10-20-50 години. Додека ние се тепаме и очи си вадиме и баш ни е гајле што на комшијата му гори куќата они почнуваат полека но сигурно да го остваруваат сонот за Голема Албанија. Во секој случај ако вака продлжиме да попуштаме кон рамковните не е прашање дали ќе ја изгубиме државата туку кога. поздрав
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom