Овој има среќа што е во купус држава. Да беше во некоја посредена доживотна ќе му опнеа за измама.
Оној кој тужи треба да докаже. Semper necessitas probandi incumbit ei qui agit.
Иако се занимава со болни луѓе, очигледно е дека Иван не нуди медицински третман и не е во надлежност на закон за здравствена заштита, значи неговата работа е во надлежност на кривичниот законик, што додатно го отежнува евентуалното кривично гонење, затоа што тоа треба да биде приватна тужба на веќе направена измама со резултат противправно стекнат имот како резултат на намерна заблуда.
Ако го гледаш на телевизија, ќе видиш дека после секое опсежно објаснување за прашањата во смс пораките, Иван е обучен да кажува дека ако пациентот сака може да појде кај него и овој ќе проба да направи што може. Значи иако често пати му испушта терминот излекување, па дури и името му е исцелител, никогаш изричито не ветува излекување и со тоа се отежнува некој приватно да се зафати во тужба со него.
Друго мислам и дека не бара изричито плаќање, туку остава на луѓето сами да му остават пари колку што сакаат и со тоа внимава за да не остави докази за изнудување на имотна корист.
Јас не сум правник, ако некој знае повеќе дали може да се започне гонење по службена должност за вакви случаи нека каже, ама не ми се верува. Дури мислам дека Иван може да не тужи нас овде кои пишуваме тврдења за неговите способности.
Ова е делот за измама од кривичниот законик. Текстот е од 1996, оттогаш има многу измени, ама немам прочистен текст во моментов.
Измама
Член 247
(1) Тој којшто со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист ќе доведе некого во заблуда со лажно прикажување или со прикривање факти или ќе го држи во заблуда и со тоа ќе го наведе да стори или да не стори нешто на штета на својот или туѓ имот, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
(2) Ако сторената штета е од помала вредност, а сторителот одел кон тоа да прибави таква вредност, ќс се казни со парична казна или со затвор до една година.
(3) Ако сторената штета е од поголема вредност, сторителот ќе се казни со затвор од три месеци до пет години.
(4) Ако сторената штета надминува значителна врсдност, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
(5) Тој којшто делото од став 1 го сторил само со намера да оштети друг, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
(6) Обидот за делото од ставовитс 1 и 5 е казнив.
(7) За делото од ставовите 2 и 5 гонењето се презема по приватна тужба.