Германците и не се некој репер за "вистината" за распадот.
Зачетоците според информации и документи (низ нетот) се по смртта на Тито, кога американскиот амбасадор во Ју формира организација "Пријатели на Југославија" кои преку сет на заеми преку ММФ (за кои пишав и порано) и СБ добиваат целосна контрола врз економијата на Југославија (тогаш ЈУ почнува да паѓа на колена, притоа сесрдно и помагаат којзнае од каде донесените републички "лидери" односно националисти и странски платеници). Тогаш ги осетивме и првите проблеми со недостаток на масло, млеко...
Според некои информации, во соработка со ЦИА и слични агенции на инволвирани засегнати држави, БНД (германска разузнувачка служба) активно учествува во распадот на Југославија односно Германија ги закрвавува рацете во тој распад. Според истите извори и документи, се одржала средба меѓу Хелмут Кол и Туѓман уште крајот на 80-тите со цел признавање на Словенија и Хрватска и приклучување кон германската економска зона...германци за кои и ден денеска Македонија е Фиром, побрзале да признаат независност на републики членки на суверена држава уште пред да се отцепат. Нели е тоа чудно? Дали требало да чекаат Грција како ќе реагира?
Лицемеријата со топ листите не им помагаат да ги измијат рацете од крвта на Југословенските деца.
Германија учествува преку својата агенција и во финансирање на босанските муслимани (минатото на Изетбеговиќ доволно говори за тоа...бил член на Ханџар дивизијата во 2 св војна, соработник на нацистичка Немачка) со оружје и пари. Доказ за инволвираноста на Иранската, Американската и Турската агенција во вооружување на босанските муслимани се базира и на холандската истрага во 2002. Впрочем, скоро излезе информација за заслугите и поврзаноста на Месиќ со албанската мафија и КЛА (нејзините генерали).
И американската агенција активно учествува во крвавата војна преку разузнувачки активности за сметка на хрватите преку кои се раселени околу 200.000 срби, убиени, заклани, силувани и запалени. Хрватската армија била у ствари тренирана од американски служби. Тие американски служби се разместени низ Хрватска, Македонија, Албанија, Босна под назив "советници" (сетете се на американските инструктори во РМ). Според документацијата, истите американци (Иглбергер, Цимерман) го советуваат Изетбеговиќ да се повлече од мировниот договорот (на лидерите на ЈУ републиките во СФРЈ пред војната) за СФРЈ да се распадне.
И Ал Каеда учествува во војните во Југославија, секако со голема поддршка од САД. За таа цел според одредени информации и документи, по Заливската Војна се формирал добротворен фонд на Ал Каеда во Хрватска, тесно поврзан со американскиот оддел Ал Кифах. Армиските претставници на САД соработуваат со Ал Каеда во операциите за помош на босанските муслимани на балканот.
Ако ги сумираме активностите на ММФ и Св Банка, ЦИА, БНД и другите служби, Иглбергер, Кол, Ал Каеда, Медлин Олбрајт, КЛА и ред други светски миротворци, како и националистите кои дојдоа на власт во републиките по смртта на Тито, а кои прилично активно соработуваа со странските агенции и држави, не е чудно зошто Југославија се распадна.