Дали би простила неверство зависи од многу фактори....Дали се случило во почеток на врската, зошто се случило, дали е за време на врска или во брак, колку ја сакам личноста што ме изневерила, со кого сум изневерена итн. Генерално поинаку би размислувала доколку никогаш не сум почуствувала некој да ме изневери и отсечно би рекла дека не би простила никогаш, но одлучно тврдам дека тоа е за личности кои се удираат во гради или исклучително инаетливи против своите чувства и многу принципиелни(им се восхитувам на вториве).
Простувам ако е во почеток на врска кога се пронаоѓаме и двајцата, кога не сме сигурни во чувствата и сл. Тогаш неверството може да ја зацврсти врската затоа што личноста сфатила дека треба да остане со тебе.
Простувам ако е за време на врска во некој здодевен период кога и двајцата не знаеме што сакаме, висиме на конец, се повеќе се отфрламе отколку привлекуваме, да не речам е некоја криза (сепак зборувам за врска која е во помлади кодини кога не е ништо сериозно и сл.) и да е со некоја личност што се појавила пропратно еднаш и никогаш веќе, што се вика ни на името не и се сеќава само онака се издувал на неа.
Не простувам ако е во брак без разлика дали имаме деца или не, сепак експериментирањето е дозволено само во период на врска кога никој не е обврзан за ништо.
Не простувам ако ме изневери со некоја бивша со која идел пред мене и
не простувам ако го повтори повеќе од еднаш.
И сите примери на простување морам да напоменам дека се за личност што ми станала и ми е исклучително важна и навистина ја сакам. Сепак ова е едно генарализирање и покрај ваквата генерализација постојат уште мал милион фактори кои би посочиле дали би простила или не.....