Помош, софтверски проблеми и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Sase91
  • Време на започнување Време на започнување
Може некој да ми каже како да ги направам иконите на desktop да немаат плава боја на името доле под иконката ?
 
khz777
XP користиш?
Не се сеќавам баш но мислам дека е : Desktop> Десен клик >Properties> Desktop >Web и одштиклирај се од таму.
 
Пребарувачот сам ми отвара сајтови значи уклучувам да си проверам меил а во ново јазиче само отавара некој друг сајт со реклами ( не е скокачки прозорец ) и ми се гаси пребарувачот при гледање онлине филмови на филмовизија на пример преинсталирав цел оперативен систем но проблемот остана
 
Прашањево ми е за во хардвер ама мислам дека оваа тема е повеќе читана затоа го пишам овде(ако има потреба преместете го ). Значи ме интересира од што можи лаптопот кај кулерчето да ми испушта звук како да греби на нешто, а исто така некогаш и чука малце. Пред брзо време му менав паста пошто мислев дека е до тоа проблемот но повторно исто. Значи си работи све најнормално ниту загрева ниту ништо ама тој звукот стварно ме иритира.
 
Разлокано ти е.. оди на сервис и тури ново вентилаторче!
 
ахам ок фала на одговорот. бтв ако не е нешто во ред вентилаторчето немаше ли да загрева ?
Аман што не е јасно, ти вика разлокано е, или у превод перката е изместена од осовината и тропа, одбројани му се деновите коа скроз ке престане да врти а тоа ни некој видовит неможе да ти го предвиди, сеа сигурно врти со помал број на обртаи од неговите максимални, знаеш со колку треба да врти и со колку вртежи врти сеа ? Многу ти е гајле со колку врти (RPM се број на вртежи)
 
Како прво форумов е место каде што слободно секој можи да праша што сака,а како второ ако на некој не му одговара прашањето (мометално тебе) слободно можи да го прескокне и да не одговори. А исто така не побарав некој видовит за да ми предвиди кога ке му дојде крајот туку само ПРАШАВ едно едноставно прашање на кое можи да се одговори со 3 збора без да има потреба некој да изнапише глупости како тебе. А штом толку те интересира максимални вртежи му се 2600 а моментално врти со 2590.
 
Не ми одговараше твојот циничен reply на одговорот кој веке ти беше даден од Vone, а ја на такви смартасови шо ставаат паста на кулер ради тропање па после мудруваат увек враќам
 
Не ми одговараше твојот циничен reply на одговорот кој веке ти беше даден од Vone, а ја на такви смартасови шо ставаат паста на кулер ради тропање па после мудруваат увек враќам
Незнам од каде запримети ти дека сум му вратил циничен одговор можеби така ти одговара тебе или пак немаш што да кажиш па мојот одговор бил циничен(слободно можиш да ги провериш сите мои досегашни мислења на форумов па ке видиш дали од 2008 година до ден денес сум вратил на некој циничен одговор или пак сум се испонашал како тебе што во случајов ти сакаш да бидеш смартас). И те молам повејке да не ми одговараш затоа што стварно не сакам да се расправам.:drk: (y)
 
Прашањето дали од АСУС инсталираш драјвер е баш на место, по сриншотов приметливо е дека за твојов модел има вкупно 12драјвери(32битни, 64ките се појше) за одприлика едно 7-8 различни брендови на wifi картици што се врадуваат во тој модел што и не е малку.
Која е твојата картица и колку си сигурен дека е токму таа :)

Да од АСУС инсталирам 64битна верзија и картицата ми е Atheros AR9002WB-1NG. :)
Како и да е проблемот го решив со преинсталирање на 8цата (пошо др работи зезнав). И еве од тогаш наваму немам никаков проблем. Се е ОК :)

Сепак фала на помошта на сите кои што ми одговоривте на мојот проблем. :)
 
dobra programa za siminjanje video od youtube?
 
Ја имам оваа конфигурација:
Процесор: AMD Athlon x64 3000+ 1.80 GHz
RAM: 2 GB
Графичка: nvidia geforce 6200, 256 MB

Вака гледано многу слаб е веќе компјутеров :)

Прашањето ми е - Дали би ми се исплатело вин7 да ставам? Или да си седам на хр? Не ми е за изгледот работата, сакам брзо и стабилно да ми работи компјутерот...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom