Едно питањце до сите медицинари и стоматолози... 2ра год средно (општа) сум и мн ме влечат овие два факултети сепак до 4та ке се одлучам фајнали за кој.... Ме интеересира дали треба со сите 5ки да си сите 4 год средно или само битна е матурата? Не викам да си Доволен па да идеш на тие факултети туку мн добар-одличен тука негде...? Што препорачувате матура ... да знам да форсирам на тие предмети повеќе.. мене супер ми иде биологија само помалце ми идат физиката и хемијата али секако дека можам да ги научам али ме нервираат со тоа равенки и останат *математички* дел. И крајното прашање... каде е потешко ?? хахаххаха Знам дека и секој факултет си има своја тежина и знам дека овие двата спаѓаат во оние потешките али сепак да си прашам... И зошто баш медицина или стоматологија?? Едно мислење од оние што студираат/завршиле како они се одлучиле на тоа?? Фала.
За медицина мораш да избереш хемија и биологија, додека за стоматологија морален е биологија, а за вториот бираш од хемија и филозофија. (барем кај нас така беше).
Иначе на медицина потешко се влегува, некаде последниот е со 92 бода, тука некаде се движи, а на стоматологија под 70 бода е последниот.
Според мене потешко е на стоматологија, бидејќи ги учиме сите медицински предмети за 3 години, плус стоматолошките, а медицинари учат само медицински предмети.
На пример во прва година стоматолози учат мед.хемија и биохемија за еден семестар
, и тоа истиот материјал како медицинари, а нив им е поделен во 2-3 семестри. Истото е и со хистологија, и со други предмети, порастеретени им се, а ние стоматолозите го јадеме стапот...