LaChupacabraLoca
jedi master
Владиците печалат плата од илјада евра
Примањата што месечно ги добивам ги користам за тековните потреби, за храна, за митрополитска облека и други потреби. И ние сме луѓе на кои им требаат пари во секојдневието вели митрополитот Тимотеј
Заветот на сиромаштвото што го даваат македонските митрополити кога стануваат монаси последниве години мошне „флексибилно“ го толкуваат. Владиците не само што примаат висока месечна плата туку и живеат во с` полуксузни услови. Со таквиот расчекор меѓу заветот и луксузот и тие се вклопуваат во состојбата карактеристична за достоинствениците на други православни цркви кои се делат на две групи - тие што остануваат доследни на заветот и тие што сметаат дека не е спорно што живеат во комфор бидејќи сето тоа ~ останува на црквата како организација.
Стар часовник и машина за пишување што како единствен имот ги поседувал неодамна починатиот бугарски патријарх Максим е редок случај кога е во прашање имотната состојба на највисоките црковни достоинственици. Иако го дале заветот на сиромаштвото кога се замонашиле, митрополити во речиси сите православни цркви се стотици пати побогати од патријархот Максим, кој и својата месечна плата од околу 340 евра ја подарувал во софиски дом за хендикепирани деца. „Имотно“ раслојување последниве години ~ се случува и на МПЦ-ОА па синонимите за висок стандард – резиденции, службени возила, плати... станаа, меѓу другото, се први асоцијации за нашите високи црковни достоинственици. Зголемувањето на нивниот стандард се совпаѓа со с` поголемите материјални средства со кои располагаат верските заедници, но верските аналитичари предупредуваат дека на таков начин се тенчат врските со верниците. За нив, свештенството и владиците треба да претставуваат примери за скромност и воздржаност во секој поглед.
Пред четири години медиумите како скандалозно автошоу го оквалификуваа доаѓањето на македонските владици на црковно-народниот собор во Струга со скапи џипови и автомобили. Џиповите „гранд чироки“, „туарег“, „ленд крузер“... ги засенуваа и „ауди“, „мерцедес“, „БМВ“, „тојота“,од кои најевтините модели чинеа над 22.000 или 40.000 евра. Оттогаш, состојбата воопшто не е сменета иако на неодамнешниот собор владиците одбегнаа да дојдат со своите луксузни автомобили.
Во меѓувреме, многумина од нив ги обновија и направија епархиските резиденции, кои, за волја на вистинита, не се во „версајски стил“ каква што е таа на српскиот владика Василиј, но не се ниту објекти што се поистоветуваат со скромноста во живеењето. Истовремено, секој месец на сметката на владиците се исплаќаат по 60.000 денари како редовна плата за вршење на митрополитските обврски. Освен тоа, за нашите владици воопшто не е проблематично да се поседува имот.
- Примањата што месечно ги добивам ги користам за тековните потреби, за храна, за митрополитска облека и за други потреби. И ние сме луѓе на кои им требаат пари во секојдневието. Некои од таа плата и штедат, с` е индивидуално. Нам не ни е забрането да поседуваме и имот, сеедно дали ни е наследен како семеен имот или е спечален како заштеда - објаснува синодскиот портпарол, владиката Тимотеј, додавајќи дека „не му е познато како другите владици ги трошат нивните плати“.
Инаку, во нашите црковни кругови како пример за скромност најчесто се спомнуваат имињата на поранешните архиепископи Доситеј, Гаврил и Михаил.
- Првиот наш архиепископ Доситеј беше светогорски монах и целосно си го исполнуваше заветот на сиромаштвото. Цела своја плата им ја раздаваше на луѓето за разни нивни потреби и во фондот што го носеше неговото име. Kога умре, немаше ниту еден денар оставен како заштеда, немаше имот. Г.Г. Гаврил исто така беше мошне скромен. Дури не живееше ни во резиденција што му беше наменета, туку користеше станче. Тој примаше пензија од „Просветно дело“ и нешто како архиепископска плата. Но, тие пари ги даваше. Основа и фонд за стипендирање студенти на Богословски факултет и во него уплатуваше дел од платата. Поим за скромност беше и архиепископот Михаил - посочува еден свештеник од постара генерација.
Бугарскиот патријарх Максим немал лична сметка во банка, ниту автомобил, станови, вили или земја. На располагање имал автомобил „мерцедес“, стар 21 година. Вакви карактеристики, познато е, се врзуваат за починатиот поранешен српски патријарх Павле, кој, меѓу другото, редовно користел градски превоз или одел пеш. Пред неколку месеци руската јавност беше вчудовидена од обидот на Руската православна црква да ги ретушира фотографиите на патријархот Kирил на кои тој е прикажан како носи рачен часовник вреден 30.000 долари.
- Јас знам дека не можеме да очекуваме свештениците и владиците да јаваат на магаре како Исус Христос при влегувањето во Ерусалим и дека можат да користат коли, но во сето тоа со мера. Тие што ја проповедаат верата не можат да зборуваат за потребата да се биде скромен и воздржан, а самите да се сосема спротивни примери – вели Јован Тодоровски, верник од Скопје.
Верските аналитичари укажуваат дека ваквото однесување бездруго укажува колку во црквите станале важни материјалните елементи.
- Луѓето гледаат дека ретко кој свештеник е скромен. А тоа ги оддалечува од црквата, која го губи кредибилитетот, но не и од Бога. Kако оправдување не може да послужи објаснувањето дека тие работи ~ припаѓаат на црквата, на епархијата, и дека како владици нема да ги земат со себе на оној свет. Од нив можете да слушнете дека, откако станале владици, веќе за нив не важи монашки завет на сиромаштво иако никој не ги ослободил од дадениот завет – вели аналитичарот Живица Туциќ.
Тој додава дека е очигледно оти и меѓу црковните достоинственици има разлики, како што меѓу обичните луѓе имате аскети така е и меѓу нив.
- Така и во Бугарската православна црква ќе имате патријарх што беше пример за скромност и владика што се вози со луксузен „линколн“ со златни таблички - вели Туциќ.
Џип - подарок што не се одбива
Дел од луксузните автомобили, најчесто џипови, кои ги поседуваат владиците се добиени преку донации. Последен таков пример неодамна е забележен во Брегалничката епархија кога митрополитот Иларион од двајца бизнисмени доби возило марка „гранд чироки“. Донаторот Горан Ангелов, директор на ЈП „Дрисла“ во Скопје ни рече дека тој е купен „на старо“ и вреди меѓу 4-5.000 евра, а на тоа се решил откако еднаш му помогнал на владиката кој бил заглавен во снегот со старото возило. И владиката Иларион ни потврди дека тој ја прифатил нивната желба во ситуација кога имале само едно старо возило „фолксфаген поло“. Ова епархија, инаку, има акција за собирање парични прилози од граѓаните за изградба на конаците во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“.
Медиумите минатата година година ја пренесоа и информацијата дека на хуманитарна организација на МПЦ-ОА „Милосрдие“ се води како сопственик на луксузно возило „мерцедес Р350“, а во кое повремено се возел и архиепископот Стефан. Подоцна е објаснето дека и тој џип, вреден неколку десетици илјади евра, е добиен како подарок од еден бизнисмен.
НајEPIC момент е болдираниот дел.
Лично се осеќам ко да ми се смејат у фаца , иако не сум верник.
Извор : http://dnevnik.com.mk/?ItemID=8D1E0B42B7711E46ACCB6040DD92002E