Јохан се врати дома! :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Се сложувам, јас не викам мора да замине, јас сметам, лично мое мислење е дека е поарно да замине. Оти не знам дали си запознаен дека Јохан веќе е искористен од страна на неговата партија уште 2001/02 со старото раководство, што мислиш оти баш тој и само тој беше обвинет, од негова страна херојски, никогаш во целиот тек на истрагата ниту на судењето не кажуваше со кого, кој му командувал, со кого се координирал за акцијата Љуботен. Но каде беа другите патриоти сами да прифатат одговорност и да се солидаризираат со него, вклучително и неговиот „брат“ и „колега“ од хашките ќелии!
Ако го гледаше судењето во Хаг, примети дека Јохан никогаш не негираше дека не ја извршил акцијата и дека не направил некои од работите за кои се товареше. Тврдеше тека тоа што го правел го чувствувал како должност и дека заради тоа не се чувствува како виновен.

Инаку, има разлика помеѓу патриот и „патриот“. Јохан неспорно е во првите.
--- надополнето: 23 ноември 2012 во 21:59 ---
Искрено политичариве ми се како есен во Македонија час сонце час дожд,за пример би ги земал Љубчо кој стана најдобар другар со Црвенковски,а додека беа во борба за власта го нарекуваше наркоман,а исто и сестра Љубе кој го бацуваше бетонот на аеродромот кога го ослободија,а после тоа се покажа како кодош и исто така пратеничката фотелја му стана многу слатка па се служеше со сите можни средства за да се смести во неа,мислиш дека и Јохан би испаднал таков после неговото ослободување,мене не ми делува на таков човек,но сепак Македонија е земја на чудата се е тука можно.
Љубе ја сакаше претседателската фотеља, не пратеничка. А, му беше нудена министерска. Тука настана судирот. :)

Јохан не верувам дека би се бавел со политички функции. Можеби некоја професионална функција во МВР. Но, ќе биде користен од ПР на ДПМНЕ, во тоа сум сигурен.
 
Нека излезе одтаму, ама да се врати тука неверувам ..после тоа шо го претрпе ..
 
Доколку се врати тоа би било мала правдина во големата неправдина. Не дека не убил, туку тој делувал како униформитана законска сила, во тој момент тој го спроведува законот во државата за кој е правно обврзан. Тој почитувал и извршувал нечија наредба. Ја брани својата држава од агресија која беше и домашна и увезена. Тој секогаш за нас Македонците ќе биди херој, за Албанците убиец или како и дае, исто како што е за нив некој војник-терорист од учк,она,ана итн... знам не е исто ама исто е. Некој одма го осудуваат Јохан дека тој бил согласен да се поништат Хашките случаи. Можеби тоа баш и ќе го ослободи пред време. Тој има легитимно право да се бави со политика. Тој заслужил и ако има нешто да каже пред неговата Македонија треба да го слушнеме. Братот проба кажа, само во кажувањето го заборави името на државата дека му се вика Македонија, така треба да завршат сите оние кои го забораваат името Македонија. Со враќањето на Јохан Македонија може да започне една нова страна од својата историја.
 
Јохан е еден од основачите на унијата на млади сили, во партијата е десет години пред 2001

Кога реков не беше партиски послушник, не мислев дека не беше член на ДПМНЕ во 2001 год. Прво и основно самоиницијативно нападна во Љуботен (без амин од влада, армија, партија, полиција...) за да го спречи ширењето на фронтот во близина на неговото родно Љубанци! Е сега ќе наведам неколку причини зошто Јохан природно не припаѓа во ДПМНЕ:

1. Груевски и фамилија се во коалиција со Ахмети и командантите на УЧК, заради кои тој гние во зандани!
2. Јохан е голем почитувач на ликот и делото на Тодор Александров, а продадените од ДПМНЕ дозволија прослава на Зебрњак (и тоа не било каква прослава... туку „ослободувачка).
3. Испадна жртвено јагне на партијата, во која цела одговорност ја превзеде сам!
4. ДПМНЕ амнестираше касапи и крвници, кои истото можеа да го сторат и во Љубанци доколку Јохан препуштен сам на себе, не го спречеше тоа!
5. Доколку остани член на ДПМНЕ, ќе прифати да биди член на партија која од ден на ден се повеќе се понижува самата себе, а и Македонскиот народ!
6. Како бранител од 2001 год. ДПМНЕ нема ништо сторени за него и за неговите соборци!
7. Единствено оправдување да остани во ДПМНЕ ќе му биди, само ако успее да се избори да биди некој и нешто во партијата (а не послушник) и ако самиот се бори за подобро утре, за самиот себе и за сите Македонци!

Има потреба да наведам уште причини?

ПС. Јохан и неговата фамилија не треба да зависат од една партија, ако навистина се покае за неговата изјава за хашките случаи, треба да биди прогласен за национална гордост, и да биди почитуван без разлика кој да е на власт.
 
Кога реков не беше партиски послушник, не мислев дека не беше член на ДПМНЕ во 2001 год. Прво и основно самоиницијативно нападна во Љуботен (без амин од влада, армија, партија, полиција...) за да го спречи ширењето на фронтот во близина на неговото родно Љубанци! Е сега ќе наведам неколку причини зошто Јохан природно не припаѓа во ДПМНЕ:

Е то не знајме.

1. Груевски и фамилија се во коалиција со Ахмети и командантите на УЧК, заради кои тој гние во зандани!

Таа коалиција е наметната однадвор не е затоа што толку му се допаѓа на Никола или претходно на Бранко

2. Јохан е голем почитувач на ликот и делото на Тодор Александров, а продадените од ДПМНЕ дозволија прослава на Зебрњак (и тоа не било каква прослава... туку „ослободувачка).

Споменик на Александров во Кисела вода.

3. Испадна жртвено јагне на партијата, во која цела одговорност ја превзеде сам!

Не ја превзеде сам само тогашниот министер за внатрешни работи поинаку се извади. Тоа ВМРО ДПМНЕ од сегашното се разликуваат

4. ДПМНЕ амнестираше касапи и крвници, кои истото можеа да го сторат и во Љубанци доколку Јохан препуштен сам на себе, не го спречеше тоа!

И амнестијата беше наметната и до утре ќе се натегаме, зошто сега или зошто не покасно или порано, тоа еден ден мораше да биде.
Башка за пример го имаш ставот на Јохан за Хашките случаи

5. Доколку остани член на ДПМНЕ, ќе прифати да биди член на партија која од ден на ден се повеќе се понижува самата себе, а и Македонскиот народ!

Како не

6. Како бранител од 2001 год. ДПМНЕ нема ништо сторени за него и за неговите соборци!

Се носи закон за бранители

7. Единствено оправдувањеда остани во ДПМНЕ ќе му биди, само ако успее да се избори да биди некој и нешто во партијата (а не послушник) и ако самиот се бори за подобро утре, за самиот себе и за сите Македонци!

Никогаш не бил партиски послушник нити ќе биде

Има потреба да наведам уште причини?

Не мора секако безвезе пишуваш

ПС. Јохан и неговата фамилија не треба да зависат од една партија, ако навистина се покае за неговата изјава за хашките случаи, треба да биди прогласен за национална гордост, и да биди почитуван без разлика кој да е на власт.

Уствари цел муабет го сведе на тоа дека не го сакаш ВМРО ДПМНЕ и цел муабет за Јохан го поврза со ВМРО ДПМНЕ.

А муабетот е дали е возможно негово порано враќање. И одговорот е: Да возможно е
 
lol... на многу дипломатски начин ми се вадиш :icon_mrgr: Притисоци од сите страни... заговори?!

ДУИ - ДПМНЕ наметната коалиција однадвор?!?! Зошто не беше така и во 2006 год. кога ДПМНЕ коалицираше со губитничката ДПА, наспроти победничката ДУИ?? (Заради тоа највеќе гласав за ДПМНЕ во 2008 год.)

И Амнестијата е наметната??! Заради тоа Amnesty International ја осуди?? Па да му еб*м мајката, еден Тачи попаметно размислува:

Тоа што се случи амнестијата на Хашките случаи за Тачи е мала целна група од пет-ѓест луѓе, што е задоволна, што претставува консензуален принцип од групи на интереси и непотизам, за решавање на проблемите.

http://zurnal.mk/content.asp?id=2011925133828

Мало дете да си ќе сватиш, дека тоа беше само заради тоа да се состави влада (читај: да се зачува фотеља).

Замисли СДСМ за нивните срања што ги направи во изминатите 20 години да се вадеше на таа карта :icon_lol:...

- 150. 000 државјанства.
- Продажбата на Струга.
- Референцата „ФИРОМ“.
- Промената на знамето.
и др.

Браво за све си имате рачка... можи сега и пензии на УЧК ако му дај ДПМНЕ... со амин од надвор ќе биди... па недај боже и името ако го смени... Јбг... една ебана Грција знае да му се спротистави на Америте за да не изградат воени бази на нивна територија, а ние неможиме еден закон за бранителите да донесиме... Тоа е... цел свет ни се меша...
 
lol... на многу дипломатски начин ми се вадиш :icon_mrgr: Притисоци од сите страни... заговори?!

Тоа е реалност, безразлика дали е прифатлива за мене и за тебе.

ДУИ - ДПМНЕ наметната коалиција однадвор?!?! Зошто не беше така и во 2006 год. кога ДПМНЕ коалицираше со губитничката ДПА, наспроти победничката ДУИ?? (Заради тоа највеќе гласав за ДПМНЕ во 2008 год.)

И Амнестијата е наметната??! Заради тоа Amnesty International ја осуди?? Па да му еб*м мајката, еден Тачи попаметно размислува:
Да наметната како победничка партија кај албанските гласачи
ДПА се негатори на Македонците, со нив за тебе во ред е.

Мало дете да си ќе сватиш, дека тоа беше само заради тоа да се состави влада (читај: да се зачува фотеља).
Значи затоа не сфаќаш

Замисли СДСМ за нивните срања што ги направи во изминатите 20 години да се вадеше на таа карта :icon_lol:...

- 150. 000 државјанства.
- Продажбата на Струга.
- Референцата „ФИРОМ“.
- Промената на знамето.
и др.

Браво за све си имате рачка... можи сега и пензии на УЧК ако му дај ДПМНЕ... со амин од надвор ќе биди... па недај боже и името ако го смени... Јбг... една ебана Грција знае да му се спротистави на Америте за да не изградат воени бази на нивна територија, а ние неможиме еден закон за бранителите да донесиме... Тоа е... цел свет ни се меша...

Замисли цела тема за Јохан успеа да ја свртиш во тема за ВМРО ДПМНЕ и нивната политика.
 
Повели на која сакаш тема ќе продолжиме... избери си сам (поврзана со дискусијата), или отвори соодветна доколку нема! ;)
 
Темите поврзани со дискусијата која сакаш да ја наметниш се забранети на Кајгана нешто повеќе од 3 години.
 
Ако го гледаше судењето во Хаг, примети дека Јохан никогаш не негираше дека не ја извршил акцијата и дека не направил некои од работите за кои се товареше. Тврдеше тека тоа што го правел го чувствувал како должност и дека заради тоа не се чувствува како виновен.

Инаку, има разлика помеѓу патриот и „патриот“. Јохан неспорно е во првите.
И што аир од неговиот патриотизам? Од неписмени битанги со оружје во рацете како него и ја изгубивме војната, и дополнително добивме етикета на "угнетувачи" и "непочитувачи на човекови права". Борба против шака неписмени сецесионисти се води исклучиво со регуларна армија, и додека се прави тоа, се удира по нив со сето оружје што е на располагање, додека не се парчоса и последниот. После тоа, ако душегрижниците за човекови права имаат проблем, армијата едноставно ќе рече имаше сецесионистички бунт, ние интервениравме, има колатерлани жртви како и во секој судир, и многу ни е жал што не можевме да ги избегнеме. Крај. Ние тргнавме по сосема спротивната опција, и ги регрутиравме неписмените битанги налик на овој идиотот и ги пративме да пукаат во воздух. И сега се чудиме зошто ја изгубивме војната. Понекогаш ми се чини многу добро поминавме, имајќи предвид дека за кур не не бива.
 
Се слагам, во принцип. Но, во 2001 70% од нашата регуларна армија и полиција зеде боледување, а одзивот на поканите за регрутација беше смешен едноцифрен процент. Затоа требаше да се амнестираат затвореници за да се формира ЕБИ „Лавови“, која требаше да биде елитна единици што би војувала во првите линии на фронтот. Во Арачиново видовме колку далеку се стига со такви елитни единици. Не треба да се чудиме зошто ја изгубивме војната, тоа досега треба да ни е јасно, а и според начинот на кои денес функционираат посебните единици на полицијата и нивната опременост, сме научиле нешто.

Кога во прашање е Јохан и акцијата на неговата група, официјалната верзија е дека тој сам ја организирал. Но, тој не беше случаен човек кој би правел такви глупости на своја рака. Вистината ќе ја слушнеме откако ќе излезе на слобода.
 
И со 30% регуларна армија бевме 10:1 побројни, и повооружени. Едно од најосновните правила во војна е да го затвориш сиот олош и да ги држиш под конец, зошто ако излезат надвор, ќе имаш проблем ем со непријателот ем со криминалци. Ние со наш камен по своја глава, ем ги ослободиме, па и оружје им дадовме и ете ти ЕБИ Лавови, и со тоа дојде и ЕБИ држава и ЕБИ све.

Тој никако не беше случаен човек. Тој беше селски вмровски тепач какви што ги имаше со багер да ги ринеш за време на Војводата. За да не ја чекаш вистината долго, еве што се случило: еден селски идиот му дал пристап на оружје на друг, уште потежок идиот и овој отишол да си игра Каубојци и Индијанци. Инадијанците викнале неколку чичковци да сликаат мртви шошони и отиде цел македонски ПР у курац.
Ако веќе немавме пари да му најдеме адвокат како што беше случајот со Готовина, Кеш и останати, барем да најдевме ПР агенција да го убеди да каже дека е ретард и дека не ни знае што правел таму (што не е далеку од вистината), барем да можеме да се оградиме после јавно од вакви кретени.
 
Змејко: Поголем кретен од тебе има ли бе?

Се читаш ли ти бе што пишуваш?
Го нарекуваш кретен човекот што ја бранел Македонија?

Ме интересира ти како голем јунак,дали учестуваше во војната? И прееcка ти пишав,ама модераторот ми го избришал мислењето, очигледно и на него му одговара вакви провакации како твоити!
 
Мило ми е што ке се врати дома - жал ми е што ке се дополнително ке се разочара од својата земја.
 
И со 30% регуларна армија бевме 10:1 побројни, и повооружени. Едно од најосновните правила во војна е да го затвориш сиот олош и да ги држиш под конец, зошто ако излезат надвор, ќе имаш проблем ем со непријателот ем со криминалци. Ние со наш камен по своја глава, ем ги ослободиме, па и оружје им дадовме и ете ти ЕБИ Лавови, и со тоа дојде и ЕБИ држава и ЕБИ све.
30% од тие што земаат редовна плата од армија и полиција. Не 30% од военоспособното население. Побројни бевме во однос 4:1 до 5:1, ама ако земеш во предвид дека задача на вооружените сили е да бидат присутни на цела територија и во местата каде што нема непријателска војска беа малку тенки на бројка. Не за џабе на резервистите во гостиварско и скопско им беше забрането да пукаат на непријател, ако прво не бидат нападнати. Не сакаа да отворат нов фронт по ниедна цена. Бидејќи немавме доволно војници. Но, не негирам дека со подобра организација и побрзо делување ОНА немаше да биде разбиена брзо. Грешката е кај нас, тоа е очигледната болна вистина и не треба да се негира.
Тој никако не беше случаен човек. Тој беше селски вмровски тепач какви што ги имаше со багер да ги ринеш за време на Војводата. За да не ја чекаш вистината долго, еве што се случило: еден селски идиот му дал пристап на оружје на друг, уште потежок идиот и овој отишол да си игра Каубојци и Индијанци. Инадијанците викнале неколку чичковци да сликаат мртви шошони и отиде цел македонски ПР у курац.
Ако веќе немавме пари да му најдеме адвокат како што беше случајот со Готовина, Кеш и останати, барем да најдевме ПР агенција да го убеди да каже дека е ретард и дека не ни знае што правел таму (што не е далеку од вистината), барем да можеме да се оградиме после јавно од вакви кретени.
Не се работите секогаш толку едноставни, ко што изгледаат. Јохан за време на целиот конфликт, се до акцијата е примерен и послушен војник. Не е дел од тие единици на селски идиоти и крадци. И одеднаш се решава да направи таква акција. Јас сум сигурен дека за таква акција има добиено наредба. Е сега, дали тој што ја дал наредбата требало да ја даде или не, не е работа и проблем на Јохан. Такви климави наредби за време на 2001 имаше многу, и за тоа најкрив е народот кој стави идиоти на позиција да даваат наредби. Работа на Јохан било да ја изврши наредбата. Тој човек е најмалку виновен за исходот од војната во 2001, а за неговата храброст не заслужува ништо друго сем почит.

Нерафинираноста, неписменоста и неспособноста на тогашното вмровско раководство се добро познати факти што многу го чинеа и ВМРО-ДПМНЕ, но и Македонија за жал. Таа грешка денес е исправена, освен во пониските ешалони на власта, каде што селските landlord-ови се ептен корисни за добивање на избори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom