Храна за кучиња

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Значи книшка нема, имам јас еден втор братучед ветеринар и кај него го носев. И тој и жена му се ветеринари. Инаку, го вакциниравме на три месеци оти така ни рече тој, дека треба да наврши три месеци, ние не знаевме точно колку е старо, ама тој го прегледуваше и по забите заклучи дека сеуште нема наполнето три месеци, па ни даде апче за глисти и ни рече за десетина дена дојдете пак. Јас сега сум во Скопје и планирам тука да почнам да го носам на ветеринар...
А за апчињата за глисти, кога е во ред пак да му дадам апче, има ли врска што е скоро вакцинирано, на 15 октомври?

Храната е е од пет шоп, но врска немам што марка е, рефус е, ја купувавме 140 ден. килограм, а таму ни рекоа дека треба да јаде сто грама дневно...Ама мене тоа некако многу малку ми се чини, една полна рака само, без врска ми е, мислам да не треба повеќе. Ама јас колку што му давам најверојатно многу му е, еве од сабајле два пати одевме во веце, по голема, а тек до вечер не знам уште колку пати ќе отиде. Да ја дотрошам оваа и ќе му купам некоја друга храна, што пишува на неа колку грама да му давам.

ЕДИТ: Сега се слушнав со татко ми, ќе му правеле некаков си чип, електронска книшка, така го разбрав од тоа што ми го кажа.. Значи книшка ќе има до крајот на месецот:icon_lol:
Побарај да ја видиш спецификацијата на вреќата и по тоа ќе можеш да заклучиш колку е неопходно дневно храна на твоето куче.
Тоа што се кења по неколку пати дневно не треба воопшто да значи дека ти му даваш вишок храна, туку можеби храната не е квалитетна и исфрла повеќе.
Пробај ја Natural Trainer Junior од novafood.it која чини 130 ден. кг, кај мене се покажа одлична барем засега, го држи на некаква добра килажа и немам замерка како му изгледа влакното. Изметот му е пообилен од што беше кога го хранев со ПроПлан и Ројал Канин ама пак цената е за дупло помала.
Варете му пилешко со ориз и зеленчук во комбинација со храна, пример пола кг замрзнати копани се околу 50 ден. и за мало куче тоа ќе биде доволно таа количина за два/три дена, во зависност од расата. Обавезно да се отстранат коските од копаните.
 
Член од
28 април 2010
Мислења
89
Поени од реакции
30
Кутрето е во развој, и да му даваш повеке сега нема да му штети. Штом даваш дехидрат на вреката ја пишува грамажата, ако немаш врека знаеш која е храната, побарај на интернет. Јас мојата до 7 месеци некаде ја чистев секој месец, потоа ја почнав 4х годишно. Вакцинација, тоа твојот ветеринар треба да знае да ти каже, во ветеринарната книшка треба да има запишано и дехелментизација и кога да биде следната вакцина. Прашање, зошто првата вакцина е примана на три месеци? До тогаш треба да биде завршена втората, а не тек првата???
--- надополнето: 21 октомври 2012 во 12:32 ---
oliver-police, храната за тие пари е добра и добро се има покажано, барем за мене... сите знаеме што е најдобро, ама кога еден Про План чини 4000 денари во најмала рака, секако дека ке бараш алтернатива која ке ти одговара на џебот а во исто време ке ти го задоволи и кучето.
ама точно така е .Од мака ги имам пробано сите храни изминативе 18 години ама баш сите и треба да си луд идиот да платиш 1кг мини адулт 380 денари или јуниор ројал канин 420 денари.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
18
Поени од реакции
1
Да ја дотрошам оваа храна и ќе му купам некоја од овие препорачаниве, само не од тие ептен скапите;) Инаку за чипувањето не знам точно како оди процедурата, ама му рекле на татко ми дека околу 700 денари ќе коштало. Ќе пишам подетално кога ќе се заврши таа работа:)
 
моментално 1000 ден. кај сите ветеринари
 
Член од
21 октомври 2007
Мислења
99
Поени од реакции
58
Ја има ли кај нас храната Алева?
Јас не сум ја забележала по продавнициве, ама можно е и да сум ја превидела. На еден хрватски форум доста ја фалат и гледам дека многу ја користат. Еве за која храна станува збор http://www.pet-food.com/a/2257/food-for-your-dog-medium-large-puppy-junior-c1.aspx
Вака според составот ми изгледа добра.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523

Мислам дека кај нас ја нема, не сум ја видела а не сум ни чула...
 
Член од
5 август 2010
Мислења
222
Поени од реакции
50
Едно прашање до ЛУ, а и сите останати... Направив грешка, купив од храната Pedigree Junior, и тоа цела вреќа, како и да е ќе морам да ја искористам... што да му давам како додатоци, некои витамини и слично? Се работи за пинч од 4 месеци...

Ме интересира исто што мислите за храната Premil Puppy

Состојки:

Протеини: 30%
Масти: 20%
Пепел: 8%
Сирови влакна: 3%
Влага: 10%
Калцијум: 1.4%
Фосфор: 1.1%
Витамин А ЛЈ 18500
Витамин Д ЛЈ 1800
Витамин Е 180 мг/кг
 
L

Lu

Гостин
Едно прашање до ЛУ, а и сите останати... Направив грешка, купив од храната Pedigree Junior, и тоа цела вреќа, како и да е ќе морам да ја искористам... што да му давам како додатоци, некои витамини и слично? Се работи за пинч од 4 месеци...

Ме интересира исто што мислите за храната Premil Puppy
Со квалитетен дехидрат, немаш голема потреба да додаваш други витамини и минерали ... во квалитетниот дехидрат си има се комплетно избалансирано за потребите на кучето според возраста и големината на расата.
Можеш да му даваш калциум сега додека ги менува забите.
Убаво е и да му готвиш Пилешко месо со ориз и морков.

Ако можеш во пет шопот пробај да ја замениш храната Pedigree со некоја поквалитетна.

А Premil е Српска храна и составот на Puppy ми изгледа сосема ОК, има одличен процент (30%) на протеини кои што се добиени од животинско потекло (Јунешко, Пилешко и Риба) и одличен процент на масти (20%).

Само мислам дека увозникот за Македонија не ја носи формулата Puppy (барем јас досега ја немам видено во пет шоповите) ги увезува само формулите Mix и Senior.
Знам дека во Веро се продаваа овие 2 формули (Mix и Senior) па провери можеби сега има и Puppy формула.

Ја има ли кај нас храната Алева?
Јас не сум ја забележала по продавнициве, ама можно е и да сум ја превидела. На еден хрватски форум доста ја фалат и гледам дека многу ја користат. Еве за која храна станува збор http://www.pet-food.com/a/2257/food-for-your-dog-medium-large-puppy-junior-c1.aspx
Вака според составот ми изгледа добра.
За жал Алева не се увезува во Македонија.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Во врска со додатоците,кога веке ке мораш да ја користиш храната, барај мултивитамин,ги има во едно бело пластично кутивче како за орбитот што се. Кутрето има четири месеци, мора да прима и калциум,консултирај се со ветеринар за тоа како да ги ускладиш овие две работи бидејки не го знам составот на мултивитамините.
 
Член од
5 август 2010
Мислења
222
Поени од реакции
50
Фала ви на одговорите и на двајцата, и ДА во право си ЛУ, денеска бев и во веро ја нема Puppy само Михсот го видов... Тогаш ако не ви е проблем препорачајте ми некоја добра храна, со прилагодлива цена... :D Пример што мислите за храната Darling ? ... дајте ми некои предлози а и цените како идат ако ги знаете од прилика, за да знам што да одам да барам, да не направам пак грешка...
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931

Најубаво е да кажеш со колкав буџет располагаш за вреќа од 10-15кг па да ти препорачаме храна зашто и гореспомнатата е од рангот на педигре.

Sent from my LT22i
 
Дарлинг = ѓубре
 
Мора ли тоа да е вреќа од 10-15кг, нема ли нешто како педигре ( само за килажата ) до 3-4 кг? Пример педигре е 3г 500 денари, јас барем толку ја платив, нешто слично до таа цена или поквалитетните ( да не се од рангот на педигрее ) се поскапи :) ?
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Повеке ти се испати да купиш цела вреќа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom