Бидиков, ќе се обидам да бидам смирен и културен како што беше и ти во твоето мислење. Не ја знам твојата улога во Телекабел, ама очигледно дека ја следиш темава и даваш некои насоки онака од страна, претпоставувам не сакаш да си директно вклучен во решавање на некој проблем заради твојата позиција во ТК или слично.
Еве од кориснички аспект. Телекабел воошто не се труди да им овозможи на корисниците квалитетна и цивилизирана услуга. Значи нивната помош за корисници, техничката поддршка, не знам дали знаеш ама не се јавува на телефон. Ни на двата. Верувај ми дека сум ѕвонел преку 50 пати. Ми имаат кренато само два пати. И му кажав на тој, дека ќе отворам пијачка во чест на неговото кревање слушалка.
Јави се во Телеком или ВИП (тие ги користам) и види како се одговара при контакт со оператор. За помалку од 60 секунди, да не губиш време.
И што ти значи тоа домашен корисник или мал бизнис корисник? Па ако ТК не сака да се замара со домашни корисници, што воопшто нуди услга за истите? И како други оператори нудат подобри брзини за домашни корисници, само ТК е застанат во времето од пред 4-5 години со 0,5 мегабита аплоуд? Знам дека звучам игнорантски, ама ако ТК нуди 50/60€ по мегабит месечно загарантирано, ќе се префрлам на друг оператор бидејќи нема шанси да соработувам со ТК за таква цена.
Ти го пишувам мислењево искрено, од поглед на многу корисници на ТК и не сакам да те навредам лично (освен ако не си одговорен на техничка поддршка на ТК). Ти можеш да ни кажеш дека се работи на инсталација на мрежа и ни продаваш иднина дека ќе биде подобро, ама сегашноста е таа за која е заинтересиран крајниот корисник, а ТК тука потфрлува со услуга (пакет/брзина/количина и поддршка).