Според мене мислам дека нема да пречи доколку сепак ги вклучи и фудбалерите од странство кои ќе бидат слободни тој период (дека тогаш само неколку лиги во Европа немаат натпревари, повеќето играчи имаат обврски со своите клубови, но сепак би можеле да ги повикаме тие што играат во Швајцарија, Полска, Романија и Србија оти тие првенства ќе имаат пауза тој период, или поконкретно мислам на Јаховиќ, Тодоровски, Кико Наумовски, Баже Илијоски и Лазевски)... Дека пред се за Тодорвски и Јаховиќ добро би било пак да настапат (со оглед на тоа што они немаат играно многу за нашиот тим, а и двајцата ќе ни требаат за со Белгија), па подобро и нив пак да ги викнеме и спремаме за со Белгија отколку да играме стриктно само со играчи од домашната лига кога и онака нема на нив сериозно да рачуна за следниот квалификациски натпревар кој е доста важен!