Протести против поскапувањата на струјата, парното, бензинот...животот! [вторник, 18 ч.]

  • Креатор на темата Креатор на темата PSYtisfaction
  • Време на започнување Време на започнување
Одев додека не станаа такви какви што ги опишав и се разочарав.
Си згрешил и прерано си се разочарал....
Се работи за долготраен Протест, кој како што гледаш трае веќе четврти месец, а ќе трае уште многу месеци. Уште не е ни почнато собирањето на потписите за измени на Законот, тоа може да трае три месеци, па потоа, процедурата за измена на Законот може да трае исто неколку месеци ( треба да се поминат процедурите во Собранието - разгледување по комисии и прво и второ читање ) Така да, се мали шансите да Протестот заврши пред следното лето
Никаква потреба нема да секоја сабота се собираме неколку илјади. Тоа представува и трошок за учесниците, ние не сме ослободени од плаќање на карти за превоз, а од друга страна сега доаѓа зима ќе има мраз, врнежи. И затоа сегашниот број на учесници е дури и над очекувањата.
Ти всушност си учесник во Протестот, доволно е некоја сабота да дојдеш.
Ако си гледал како се одвиваат долготрајните протести во Вашингтон пред Белата куќа, ќе забележиш дека има по помалку од десет демонстранти.
 
И така гладен си седнав на маса, коњакот у рука и си велам .... ништо, ама баш ништо се е кажано веќе али џаба.

Не можам, а дa нe ја замислам реакцијата на апашиве во оваа ситуација:
"Ааааа, за коњак имате пари, а за струја и парно немате?!
Види ги ти, безобразни едни, каква дрскост!!
Чим ти коњак циркаш, аристократија ќе да си сеуште.
Малку ќе да е поскапувањево, уште треба, уште!!"

И мене секој ден ко ќе чујам Вести ми иде да се пропијам, ама јбг, немам стандард за тоа:place:
У секоја нормална земја барем можеш да се напиеш и издрогираш за да ги заборавиш проблемите...овде ни тоа не ти даваат :tapp::tapp::tapp:
 
Стигнаа и новите сметки за исклучените од парно. Што би рекол Грујо „Нека ни е аиллија“
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=58195
http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=58355
Стигна кај мене 980 денари за 45 квадрати.Никогаш нема да им платам,нека ме тужат а јас контра тужба ќе им стегнам за користење на мој простор.Еден ден Пинокио и тајфата кога ќе ги снема,ќе отворам шише ракија и без салата,за да пече,ќе се напраам гз да заборавам и преболам,ко што вика Дарио,на сите овие глупости кои ги трпам на 25-6 години.
 
Јас поднесов ваква жалба, на 13. 08. 2012. Ми ја одбија како недопуштена со образожение дека немам право да се жалам туку само да извршувам она што регулаторна ќе одлучи
Инаку во оваа комисија се исто професори и доктори блиски на Топлификација
 
Тогаш не ти останува ништо друго легално освен http://www.iomskopje.org.mk/
 
Тогаш не ти останува ништо друго легално освен http://www.iomskopje.org.mk/
Не се предавам јас така лесно. Моментално подготвувам нешто ново... За неколку дена ќе објавам....
--- надополнето: 16 ноември 2012 во 23:24 ---
Во Вечер има напис дека АМАН побарал интервенција од Народниот правобранител и дека во вторник ќе имало конференција панел - дискусија се присуство на странски дипломати
http://vecer.com.mk/?ItemID=512CDDE278A56F42AE5BDF947F1D31BC
 
Иницијативата на АМАН за собирање на 10 000 потписи, за измена на законот за енергетика, конечно одобрена и од владата. Во наредните денови треба ДИК да излезе со соопштение дека се отворени подрачните единици во општините за собирање на потписите.
 
Од кога ќе се соберат потписите, што следува?
 
Од кога ќе се соберат потписите, што следува?
Ќе се разочараш - не многу
АМАН ќе може да поднесе предлог на закон член 71 од Уставот гласи:
Член 71
Право да предлага донесување на закон има секој пратеник во Собранието, Владата на
Република Македонија и најмалку 10.000 избирачи.

Овој предлог на закон Собранието е должно да го разгледа но не мора да го усвои.
А како што гледаш ист таков предлог може да поднесе само еден пратеник. И ова веројатно ќе се искористи за меѓусебни кавги - ете колку вие ја почитувате волјата на народот во наше време беше така, а во ваше беше вака. Вие направивте ова, а ние направивме она.
Затоа јас не верувам на политичари
 
Ќе се разочараш - не многу
АМАН ќе може да поднесе предлог на закон член 71 од Уставот гласи:
Член 71
Право да предлага донесување на закон има секој пратеник во Собранието, Владата на
Република Македонија и најмалку 10.000 избирачи.

Овој предлог на закон Собранието е должно да го разгледа но не мора да го усвои.
А како што гледаш ист таков предлог може да поднесе само еден пратеник. И ова веројатно ќе се искористи за меѓусебни кавги - ете колку вие ја почитувате волјата на народод во наше време беше така, а во ваше беше вака. Вие направивте ова, а ние направивме она.
Затоа јас не верувам на политичари

Во секој случај повторно зависиме од оние кои ги гласаме, кои јадат и пијат од наши пари и од оние што годишно трошат бензин до месечината и назад.
Јас стварно незнам каква улога имаат пратениците и зошто ги гласаме да се богатат на наша сметка.
 
Тоа ти е .....
Ова се тажни времиња, невработени млади и стари по улици, секакви типови кои сакаат да се обогатат на грбот на сиромашните...., што ти нема
Еве што рекол Иво Андриќ:
Доѓу тако времена када памет зашути, будала проговори, а фукара се обогати
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom