Предизвик за 40 прочитани книги во 2012, Кажи ДА!

Доколку го прифаќаш штиклирај.


  • Вкупно гласачи
    113
Статус
Затворена за нови мислења.

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Јас се надевам дека нема да ви пречи ако продолжам со броењето.

41. Room: A Novel - Emma Donoghue

Ќе го ископирам описот од Амазон: To five-year-old-Jack, Room is the world. . . . It's where he was born, it's where he and his Ma eat and sleep and play and learn. At night, his Ma shuts him safely in the wardrobe, where he is meant to be asleep when Old Nick visits. Room is home to Jack, but to Ma it's the prison where she has been held for seven years. Through her fierce love for her son, she has created a life for him in this eleven-by-eleven-foot space. But with Jack's curiosity building alongside her own desperation, she knows that Room cannot contain either much longer.

Room is a tale at once shocking, riveting, exhilarating--a story of unconquerable love in harrowing circumstances, and of the diamond-hard bond between a mother and her child.

Книгава има добра приказна и е потресителна. Пишувана е во прво лице. Раскажувачот е малиот Џек. Тука лежи претпоставувам добрата страна, но си има и свои недостатоци. Добрата страна е тоа што Џек е всушност поинтересниот лик. Нему собата му е целиот свет. Не знае дека надвор постои нешто друго, дека мајка му има име, дека не е тој единствениот Џек на светот. Лошата страна е тоа што дете ко дете, од почеток е слатко, но после станува досадно - не ја слуша мајка му на моменти кога му дава совети, ти иде да му ја заџидаш главата во ѕид.

Има некои добри цитати книгава кои ме замислија:

“Lots of the world seems to be a repeat.”
И мајка му кога беше во болница и му рече на Џек дека ќе остане се додека лекарите не откирјат што и треба, Џек кога помисли "Јас и требам, зар не сфаќаат?", абе срцево ми се искорна.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Јас се надевам дека нема да ви пречи ако продолжам со броењето...
Терај слободно кој ти брани ^ ^. Јас планирам барем уште 2-3 книги да прочитам, ама за сега се враќам на манга, имам бааги да надокнадам :D, Планирани ми се едно 100 volumes за сега, можеби и повеќе ако најдам уште нешто интересно во меѓувреме.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
25. Тело - Ханиф Курејши.
Ептен на сила ја прочитав. Многу го тупи со беспотребни мисли, се повтара на моменти... ме потсеќа на некој кој целиот свој социјален живот му се базира на 3 површни пријателства со мисла дека постигнал нирвана од нив.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
42. The big sleep - Raymond Chandler

Мислам дека е прилично важно и почитувано дело во литературата. Мене не ми се допадна. Само крајот е интересен.
Ликовите не ми се допаднаа. Содржината е многу комплицирана. Самиот стил на пишување не ми се допадна.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
43. Nick Spalding - Love... from both sides

Ми се чини прва книга во животов да читам и да се смеам на глас. Книгава и нема некоја приказна, само што ќе го прочиташ текстот во предговорот знаеш како ќе заврши. Ама многу е смешна. Чудно дури, со оглед на тоа што пред неколку недели ја земав Life... with no breaks од истиот автор и ја прекинав на почеток.
Кој сака лајт книга за опуштање, нека си ја најде оваа.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
1. Explosive Eighteen - Janet Evanovich
2. Три метри над небото - Федерико Моча
3. Љубов на југ - Хелена Фрит Пауел
4. Ден после ноќта - Анита Дајамант
5. Extremely Loud & Incredibly Close - Jonathan Safran Foer
6. The Templar Salvation - Raymond Khoury
7. The Midas Code - Boyd Morrison
8. Summer in the City - Candace Bushnell
9. The Family - It's in the Blood - Martina Cole
10. Alone in Berlin
11. The Rome Prophecy
12. The Inner Circle
13. The Devil's Light од Richard North Patterson
14.Надежна сопруга од Роберт Гулрик
15. Critical Mass (how one thing leads to another) од Philip Ball
16. A Game of Thrones од George R. R. Martin
17. A Clash of Kings од George R. R. Martin (вториот дел од серијалот)
18. The Rembrandt Affair - Daniel Silva
19. The Brand Messiah (you are what you buy) - Jonathan Gabay
20. Plum Spooky - Janet Evanovich
21. The Chamber - John Grisham
22. Eleven on Top - Janet Evanovich
23. To Dance With Kings - Rosalind Laker
24. Љубов - Елиф Шафак
25. The Doomsday Prophecy - Scott Mariani
26. Шантарам - Грегори Дејвид Робертс
27. The Sanctuary - Raymond Khoury
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
44. I've got your number - Sophie Kinsella

Чик лит. Ми се допадна. Секако дека нема уметничка вредност, не ми е омилена книга, знаев како ќе заврши, ама ја препорачувам на љубителите на лик лит. Дупки колку сакаш, happy ending (досадни се веќе) и имаше еден момент за кој писателката мислела дека е романтичен, а всушност беше многу глупав.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
31. Франкенштајн - Мери Шели
32. Макбет - В. Шекспир
33. Кројцерова соната - Л.Н.Толстој
34. Убиство во Ориент експрес - Агата Кристи
35. Чуварите на книгата - Џералдина Брукс
36. Љубов со мали букви - Франсеск Миралјес
(мало, симпатично книжуле кое ми ја стопли душата, мора да се препрочита)
37. Негирање - Кит Аблоу
38. Сестрата на Сигмунд Фројд - Гоце Смилевски
39. The picture of Dorian Grey - Oscar Wilde
40. Црното лале - Александар Дима
41. Die Leiden des Jungen Werther - Johann Wolfgang von Goethe
(во фаза на читање, бавно оди, ама it will be worth in the end)

Бидејќи ова ќе биде моето последно мислење на темава, сакам да изнесам една кратка резолуција во врска со истата.
Како прво, мило ми е што темата успеа да опстане цела година со оглед на тоа колку негативни критики имаше на почетокот. Со оглед на тоа дека постојано едни исти, кои можат да се избројат на прсти, ја одржуваа во живот темата и не знам баш колку претставувала предизвик за некого. Тие што си читаат и да не беше темата, пак горе-долу ќе си прочитаа онолку книги колку што сакаат и колку им дозволува времето.
Според мене, оваа тема е успешна, ако сме поттикнале некои членови (макар и еден) да земат да прочитаат нешто. Ако има таков/такви тогаш јас најмногу ќе се радувам и ќе знам дека не сум бадилија постирала и коментирала книги овде, оти нели ние што пишуваме овде само сакаме да покажеме колку сме "начитани" и "паметни" или нешто слично. А на крај нели она што е битно не е колку сме прочитале туку колку и дали воопшто сме пораснале во умот (митот за Сизиф, you know...).

Сума сумарум, ако не повеќе, барем од ова излезе еден убав католог со книги за сечиј вкус.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Мора да признам на почетокот бев строго против предизвикот, бидејќи на еден начин смешно ми беше да правам некои си статистики со бројки... Како и да е, темава ако не поттикнала некој да почне, сепак даде доста идеи на наслови за читање, како и една груба слика на вкусови на одредени форумџии. Јас си поставив еден вид на предизвик од 30тина книги некаде во средината на мај, и сметам дека горе доле ќе го завршам. (сеа демек се тешам дека не се 40). Шега, навистина оваа година пролетта и летото малку повеќе дадов се` од себе (пуста желба) на сметка на есенва и зимата каде едвај прочитав 3-4 книги. Од друга страна сево ова што го прочитав одново ми пројави желба за пишување на проза.
Значи како и да свртиш, се има бенефит од читањето.
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.684
Каква е оваа?
Па еве на кратко, дејството се одвива во 16век, Холандија. Главниот лик е љубител и одгледувач на лалиња, кој неправедно е осуден за предавство и додека ја чека пресудата работи на создавањето на црното лале за кое е понудена награда од страна на Друштвото на цвеќарите. Во затворот се заљубува во ќерката на чуварот и тајно се состануваат. Да не ти откривам многу, прочитај ја, ама бидејќи мислам дека ја имаш читано и Времето на лалињата би требало да ти се допадне.
А ако ти се допадне оваа, ќе ти се допадне и Дамата со камелии од Дима синот.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Па еве на кратко, дејството се одвива во 16век, Холандија. Главниот лик е љубител и одгледувач на лалиња, кој неправедно е осуден за предавство и додека ја чека пресудата работи на создавањето на црното лале за кое е понудена награда од страна на Друштвото на цвеќарите. Во затворот се заљубува во ќерката на чуварот и тајно се состануваат. Да не ти откривам многу, прочитај ја, ама бидејќи мислам дека ја имаш читано и Времето на лалињата би требало да ти се допадне.
А ако ти се допадне оваа, ќе ти се допадне и Дамата со камелии од Дима синот.
Ја имам читано Дамата со камелии и ми се допадна па барав на интернет нешто од таткото или од синот и оваа некако ми имаше најубаво име па решив да ја прочитам :) Ама дур стигнам...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom