Сега само една споредба. И ние и Албанците живееме лошо економски. Кај Албанците има повик да се извадат албански знамиња по повод празникот. На балконите од секоја албанска куќа и стан имаш албанско знаме. Замисли обратна ситуација. Груевски ги повикува Македонците да извадат македонско знаме. Јас, иако го почитувам Никола, не би извадил така по наредба. Можам да замислам што ќе прават тие што не го почитуваат и тие што го мразат. Ќе биде распнат.
Па ние го распнавме човекот за тоа што ни ја кажа очигледната вистина дека ако остане ваков наталитетот ќе бидеме малцинство, ко да ни рекол сите да му дадеме по милион евра, а не па за нешто друго што ќе ни изгледа нелогично. Албанците, иако не ги сакаат албанските политичари, доколку така им биде кажано од нив или оџите ќе го направат тоа. Па макар да е и на сопствена штета.
Економијата е добар изговор за замижување пред проблемот. Ама нема да биде уште долго. Кога проблемот ќе ни чукне на сите на врата, нема да може да се вадиме со економија.