Зошто постоиме? Која е нашата цел на живеење?

Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
1.Зошто постоиш?
Затоа што татко ти се попалил како млад мајмун, ја грабнал мајка ти, ја затресол неколку пати, и не сакал да го извади пред време, пошто убаво му било.
2. Која е нашата цел на живеење?
- Изненадувањеееее.... нема цел. Целта е, да се родиш, да живееш како што ке живееш, да оставиш потомци, и да умреш. Поедноставно здравје.
Целта на живеење е измислена за оние кои веруваат дека има невидлив дедо на небото кои гледа се, и казнува, да бидат лесно контролирани и прогрмирани за да живеат како послушни работници,бидејки целта е да се биде послушен за да се иде во рај. Ете сите вие кои верувате,ете ви одговорот на прашањето. Вашата цел на жиевење е да бидете послушни работници (верници), за да идете во рајот, сите останати, ке си прават она што тие сметаат дека е правилно, ке си бидат слободни, креативни,среќни, ке направат промени, со мислата надвор од кутијата,и ке го направат светот подобро место за живеење, пошто ке ги користат очите за она што им е намената, да гледаат, за разлика од верниците, кои при очи, се слепи.
--- надополнето: 20 септември 2012 во 19:09 ---
Се согласувам дека не постои предодредена причина или цел поради која сме се родиле, но дали не постои судбина?
Ако не тогаш како го би го објасниле тоа што еден човек се раѓа во богата фамилија, живее во најдобри услови има се што ќе посака, а друг се раѓа во најголема беда и мизерија (пр. гладните во африка) кој цел живот мизерува за јадење, а не ли па да ужива во благодетите на животот. Значи сепак кога се раѓаме не сме сите исти туку сите сме тотално различни и животниот пат далумно ни зависи од околината во која се живееме. Пример некој се раќа со талент, дарба за цртање, музика или било што, но што ако околината и условите во кои живее тој човек се такви да тој никогаш не видел четка за цртање или гитара или било што.
Тоа не е судбина, така ни е формрано општеството, кој ке стекне материјално богатство, нормално и неговите потомци ке израснат во благодетите на тоа богатство, кој нема да стекне и покрај тоа што има талент, нема да може да го искаже својот талент бидејки талентот се искажува со помош на материјални предмети т.е алатки. На пример сликарот ако нема бои четки платно и тн. не може да го истакне својот талент или пак да го усоврши, затоа што талентот е 10% од целото завршено дело, 90% е трудот. Некои се снашле низ животот но многу кои имале талент, нивниот тален останал на едно ниско ниво и не се усовршил. Ама тоа не може да биде некаква судбина која ние сметаме дека претходно ни го напишала нашиот живот некаде, па сега као све се одвива според пишаното. Ние си ги донесуваме нашиот одлуки во животот, не некој друг или нешто друго. Ние си го креираме патот по кој ке идеме. Некој ке го почне патувањето по пат кој му е послан со рози, некој по пат послан со трња, но секој поединец си оди по својот уникатен и единствен пат. Нема дупликат од тие животни патишта, секој си е посебна приказна за себе, некој ке биде среќен некој не, некој ке има пари некој не, некој ке има здравје некој не, и така до бесконечност, ама никогаш не може да се најде некое мерило според кое ке се донесат некакви стандарди за добар живот или лош. Пример според парите не може да се оцени кој има добар а кој лош живот. Може и оној кој има помалку пари да биде посреќен од оној кој има многу. Може оној кој има повеќе пари да биде поздрав од оној кој има помалку, и обратно. Се е релативно кога станува збор за животот, а судбина според мене не постои, постои само сегашноста, ние кои живееме во неа, и нашите одлуки за кои сме заслужни само ние самите, никој друг. Не постои бог, препуштени сме сами на себе, и ако не се освестиме ниеден бог нема да не спасува кога ке си ги фрлиме атомските бомби и ке го уништиме животот на планетава, како што полека но континуирано и сигурно го уништуваме до денес, а многу веројатно и дека во блиска иднина нема да престанеме. Така да според мене, би сакал планетата Земја да се излечи од вирусот наречен човек.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Покрај другото да чуеме некоја ваква совршена работа
:cuc: .........а само 205 views има...да се чуди човек :)
Има некои постојат за да слушаат турбо фолк...........
Се на се постоењето е чудна ствар...
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.204
Поени од реакции
12.201
Собирање искуство. Ваше е да одлучувате кое искуство ќе го сметате за добро или пак за лошо.
И нормално, средете ја повратната врска „ШТО СО ТОА ИСКУСТВО“ и се ќе биде во ред. (y)
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Прекрасен цитат на оваа тема, кој според мене ја доловува суштината (Извинете што е на хрватски, се надевам дека разбирате):

Smisao postojanja nije jedino imati djecu, već postati osviještena i kreativno ostvarena individua. Stalno biološko repliciranje ima i višu svrhu od zadovoljenja članova vlastite obitelji slatkim prinovama, no o takvoj svrsi rijetko tko brine. Ljudima je najbitnije imati dijete koje će obožavati dok je malo, slatko i čisto, ali će ga čim odraste početi ponižavati na sve moguće načine te vršiti na njega pritisak da postane baterija u ekonomskoj mašineriji koja će uz vlastiti mukotrpan rad još k tome morati i sama proizvesti novu baterijicu u obliku slatkog novorođenčeta. No, što je s kvalitetom života na ovoj planeti? U kakav svijet guramo svoje novorođenče koje obožavamo prvenstveno zato što još miriše na rajske sfere iz kojih dolazi? Reći ću vam ja - u pakleni svijet utemeljen na nepravdi, laži, nasilju, krađi energije, destrukciji. Stoga ne bi bilo loše da potencijalni tate i mame, djedovi i bakice prestanu cendrati ukoliko se iz nekog razloga ne mogu replicirati te porazmisle o svijetu u kojem žive i doprinesu ponešto njegovoj transformaciji jer će slatko novorođenče i samo postati hrana gladnim duhovima koji njime vladaju. Svrha postojanja je, ponavljam, osvješćenje sveopćeg duha u čovjeku, spiritualizacija materije, a ako prosvijetljena i kreativno ostvarena osoba sebi može priuštiti i djecu kojoj će omogućiti istu takvu ostvarenost, krasno. Ako ne, nije važno - bitni ste vi, a ne vaše na silu i pod svaku cijenu „naštancano" potomstvo.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
А што е битно зошто постоиш?
Луге спуштете се на земјата, не сме тука за некаква возвишена цел. Тука сме затоа што не створиле нашите да живееме. А како живееме и дали правилно е вака да живееме тоа е веќе друго прашање. Кога би издвоил цел за живеење би рекол дека нашата цел е да живееме што посреќен поудобен побогат живот, материјално и духовно. Значи да ни биде исполнет животот и со многу убави материјални работи, но и со убави чувства, како што се среќата, љубовта и се што ни го прави нашиот живот поквалитетен. Нашата цел е секој момент од сегашноста да го поминеме во што поголемо материјалното и духовното задоволство (овде не спаѓаат религиите, бидејки тие ни го осиромашуваат нашиот дух, не затвараат во една кутија, и ни ја скратуваат креативноста т.е дел од среќата).
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Ах... нема цел, нема... бесцелно е нашето постоење... и самото постоење како такво... но тоа е и убавината...
Сите тие цели што си ги препишуваме се само илузорна креација на нашиот сопствен и колективен ум... си поставуваме цели во живото и си се возвишуваме себе си(или понижуваме зависи од човек до човек) само за да ја пополниме празнината која е во нас... само затоа што ни е страв од бесцелноста на постоењето, не можеме да се носиме со животот во кој нема никаква цел... туку тој е само една игра, вечна космичка игра во која има многу моментални илузорни цели(создадени од нас) но не и крајна цел... Доколку ова се свати на вистинскиот начин без страв и без да се чувствуваш безвредно... ќе те ослободи и препушти на сопствена одговорност и ке ти ја врати моќта(не политичка, не економска, не физичка... туку) духовната, психолошката моќ која е како водата... или како цветот... цветот нема физичка моќ... но затоа е толку моќен да може да го смени живото на индивидуа доколку истата се препушти на неговата величенственост... All is just a cosmic joke...:) Така да уживајте и бидете свој во живото оти нема за што да се притесњаваме...(y)
 
Член од
17 август 2012
Мислења
49
Поени од реакции
5
Постоиме за да ја пронајдеме формулата за бесмртност, кога ќе станеме бесмртни ќе се прашуваме зошто постоиме. А сега засега постоиме за да умреме, кој порано кој подоцна на секој ќе му дојде родот. За тоа време се трудиме да создадеме потомство и иднина за нас, но сепак секој знае каков е крајот, дали ќе умреш богат или сиромашен, среќен или несреќен сепак ќе умреш, смртта е иста за сите :)
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
83
Поени од реакции
19
А што е битно зошто постоиш?
Луге спуштете се на земјата, не сме тука за некаква возвишена цел. Тука сме затоа што не створиле нашите да живееме. А како живееме и дали правилно е вака да живееме тоа е веќе друго прашање. Кога би издвоил цел за живеење би рекол дека нашата цел е да живееме што посреќен поудобен побогат живот, материјално и духовно. Значи да ни биде исполнет животот и со многу убави материјални работи, но и со убави чувства, како што се среќата, љубовта и се што ни го прави нашиот живот поквалитетен. Нашата цел е секој момент од сегашноста да го поминеме во што поголемо материјалното и духовното задоволство (овде не спаѓаат религиите, бидејки тие ни го осиромашуваат нашиот дух, не затвараат во една кутија, и ни ја скратуваат креативноста т.е дел од среќата).
Рака ти пуштам на одговорот... Тоа е реалноста...се друго е фантазија!!!
Религијата е само една подметната работа од најголемите луѓе на светот,која материјално им ги полни џеповите и не затвора во една кутија од каде се повеке и повеке се затвора и не ограничува.Не велам дека е лоша,во никој случај таа за мене представува само еден почеток и да се донесе ред и мир,или некоја цел на човекот,но не е добро да се затварате!
Животов е толку едноставен и суров,па затоа бараме некои замислени работи,но тоа е реалноста зарем не!!
--- надополнето: 20 ноември 2012 во 14:57 ---
Покрај другото да чуеме некоја ваква совршена работа
:cuc: .........а само 205 views има...да се чуди човек :)
Има некои постојат за да слушаат турбо фолк...........
Се на се постоењето е чудна ствар...
Извини...што имаш против слушањето на турбофолк?
или слушаш по децата шо зборуваат?
Па ајде бе не бидете ограничени,се во последно време гледам некои типчиња,раперчиња,рокерчиња....Па се е нормално...слушам и сериозна,исто така одам на џез,на Хипхоп,на рок концерти,па одам и во кафана и ми е мерак да се напијам колку што сакам.Турбофолк одма ко ќе слуушните,онај е селанец. глупости!
Прајси тебе шо ти одговара,затоа е свој живот напрајси го колку што можеш подобар и гледај ти шо сакаш а не твојата околина.
Позз
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
320
Поени од реакции
225
Da se opulish hahahaha mislam razbudish i osoznaesh deka nema krajna cel. Iako na "lukaviot" toa voopshto ne mu se dopagja, pa postojano ja bara, takva si e negovata priroda.:D Se dodeka "ima cel" - kje "ima i kraj" i taka si spremen samo za v muzej.:P
Bescelno, chisto dozhivuvanje...otkako kje se "opulish":)
 
Член од
4 мај 2012
Мислења
83
Поени од реакции
19
Da se opulish hahahaha mislam razbudish i osoznaesh deka nema krajna cel. Iako na "lukaviot" toa voopshto ne mu se dopagja, pa postojano ja bara, takva si e negovata priroda.:D Se dodeka "ima cel" - kje "ima i kraj" i taka si spremen samo za v muzej.:P
Bescelno, chisto dozhivuvanje...otkako kje se "opulish":)
Цел во некоја твоја работа.. иначе потполно си во право.. нереков дека има крај на таа цел,се ова што не опкружва се е случајно,па затоа не ни очекувам да има некоја Крајна цел :)
 
Л

Лигеја

Гостин
Животот нема цел.Кога би ја знаеле целта и резултантата познавајќи го нашиот идиотски мозок за инат нема да тежнееме кон неа.Постоиме за да стекнуваме искуство,учиме,спознаваме,перцепираме и да живееме ден за ден кој како знае и умее.Поточно кој како знае и умее да се справува со досадата.Така се бираат патиштата.За на крајот да умреме.Сами.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
934
Иако навидум се чини поголемиот дел од животот бесмислен, сепак секој треба да се стреми да ја најде сопствената индивидуална цел за постоењето... За некого е тоа некое духовно осознавање или спознавање на себеси или светот, за некого некоја рационална ултимативност, за некого материјална среќа, јас сум всушност поедноставна, за мене целта на постоењето е да живеам опкружена со љубовта на најблиските :)...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom