Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
вентилаторот (кулерот ) се слуша најнормано дека бучи од загреаност на компјутерот лупањето се слуша додатно значи не е од вентилаторот (кулетрот) ,али треба да проверам да го отворам да го исчистам па ќе видам што е

Види од вибрации од компјутерот некој кабел внатре да не мава по куќиштето или нешто такво слично. Отвори го и среди све.
 
Кој хардиск од 500GB до 3500 денари? кој да го изберам? ми треба за играње игри и складирање филмови. поздрав.​
 
а слушнав нешто квалитетот на дисковите се мерел според гаранцијата колку поголема гаранција толку поквалитетен? да или не?
 
а слушнав нешто квалитетот на дисковите се мерел според гаранцијата колку поголема гаранција толку поквалитетен? да или не?
Фабриката е таа што дава гаранција за да биде попродаван некои даваат повеќе гаранција. Самите фирми во МК тешко дека додаваат гаранција, може само да ја смалуваат.
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 21:15 ---
WD имаат некој проблем blue / green па за тоа би ги одбегнивал додека не се средат.
 
Имам проблем со кулерот на процесорот. Станува збор за Cooler Master Hyper TX3.

Од нигде никаде, кулерот престана да врти. Помислив дека рикнал, па пробав да го приклучам на 3pin-ски приклучот за да го проверам. Така приклучен почна да работи. Пробав повторно да го вратам на 4pin-скиот приклучот но видов дека пластиката на која се заглавува самиот конектор е скршена.

Пробав да ја сетирам брзината на вртежи преку BIOS-от но, неуспешно. Кулерот едноставно не реагира на било која промена која ја правам. Можеби самиот BIOS не подржува некои сетинзи. Закачив две слики да ѕирнете што се има таму.
01.jpg 02.jpg

Пробав и со SpeedFan и abitEQ но, без резултати. abitEQ воопшто не ни дава можност да ги намалиш вртежите. А, на листата на матични плочи кои ги подржува SpeedFan ја нема мојата, Abit AN52V. Чудно ми е што успева да извлече температура а не успева да го менаџира кулерот.
Capture.PNG

Дали има начин да се контролираат бројот на вртежи во мојов случај и дали 4-Pin PWM to 3-Pin Adapter Cable би помогнал? И, каде може да се набави.

Благодарам на сите што ќе пробаат да помогнат.
 
Фабриката е таа што дава гаранција за да биде попродаван некои даваат повеќе гаранција. Самите фирми во МК тешко дека додаваат гаранција, може само да ја смалуваат.
--- надополнето: 17 ноември 2012 во 21:15 ---
WD имаат некој проблем blue / green па за тоа би ги одбегнивал додека не се средат.
WD од коа знам за нив дава 3години гаранција за дисковите и тие 3год треба да се почитуваат и во МК, значи ако купите само WD хард мора да добиете 3год гаранција. Преварата се прави од некои мангупски фирми при купување цела конфигурација па на гарантниот лист стои само вкупна гаранција на целиот систем од 1год иако секој од деловите (хард,плоча,рам) има своја гаранција која е повеќе од 1год. Исправно е да бидат наведени сите компоненти и до секој од нив да стои колку години е гаранцијата.
 
Денес почна да брчи малку гласно компјутерот и случајно ми текна да отворам OpenHardwareMonitor.
Сите температури беа добри освен една на напојувањето што покажуваше. Видете на сликата. Опасно ли е. Мислам дека ми го забавува компјутерот и тоа многу. Може ли да ми препорачате некој кулер евтин да врши работа за оверклок од 2.2GHZ на 2.8GHz?
\
 
Attachments

  • kajgana.PNG
    kajgana.PNG
    80,1 KB · Прегледи: 15
Види од вибрации од компјутерот некој кабел внатре да не мава по куќиштето или нешто такво слично. Отвори го и среди све.
Го отворив полн беше со прашина :vozbud: може едно најлонче цело да се собере прашина пошо неисчистено беше уште од првото негово отварање ,зедов усисивачот го усисавав секаде и во секое ќоше.

Ми беше под гаранција од АМЦ ,али јас одамна го имам отворено и му ставив уште еден хард диск плус од постар мој компјутер колку да не ми стои тој хар диск за џабе
 
Значи повторно, по кознае кој пат може да заклучиме, побрзо е да се постира на кајгана него да се отвори кукиште :facepalm:
 
Значи повторно, по кознае кој пат може да заклучиме, побрзо е да се постира на кајгана него да се отвори кукиште :facepalm:
Ама после 2-3 часа пак почна да ми бучи компјутеров како трактор го отворив пак и пак го исчистив иако нема што веќе да чистам ,приметив дека тоа бучење не е од кулерот туку од кај напојувањето на компјутерот
 
Па исто и таму, од нечистење се измачила перката да врти со тежина/прашина и рокнала, ама се праи. Кукиштето отвараш, откачуваш сите кабли од напојувањето, го вадиш напојувањето тоа коцката(4штрафа однадвор заштрафени кај што го пикаш кабелот за струја) го вадиш капакот од напојувањето. Тука вентилаторот треба да е поврзан со кабел и конектор на плочката, ако е лемен батали не го вади. Го носиш извадениот вентилаторот во Логинг во капиштец и ке си купиш за некои 200ден иста димензија вентилатор, земи некој со лагери не без.
 
Грешка друже, графичката ти е ATI mobility а драјвери за мобилни(laptop) верзии на АТИ сајтот нема за довнлоад, ке си ги корисатиш само тие од ACER...школа за друг пат...сеа спремај се за формат.
da dopolnam
Ко ке се откажеш од пробување да го средиш и одлучиш да форматираш пробај со овој универзален АТИ каталист мобилити драјвер за HD радеон модели од 2xxx-7xxx, доста ги фалат по нет иако ја на HP лаптоп ги имам ставано за да ги апдејтирам тие оригиналните на HP и ми сјебаа windows.
Го средив без формат .. ме знајш мене не знам ама се трудам да научам па си барам по сајтови форуми да научам нешто и еве направив една добра работа .
бтв еве за тие што ќе имаат сличен проблем како да го решат .

1. Use AMD uninstall utility, remove all
2. Restart computer in safe mode, run driver sweep or equivalent ( I use two different sweepers in case)
3. Restart computer with internet plugged out
4. Disable any anti Virus or firewall
5. Run drivers
6. Restart again
истово го направив 2-3 пати пред тоа ама ете до третиот и четвртиот чекор била цела работа . :D
 
Ама после 2-3 часа пак почна да ми бучи компјутеров како трактор го отворив пак и пак го исчистив иако нема што веќе да чистам ,приметив дека тоа бучење не е од кулерот туку од кај напојувањето на компјутерот
Ако сакаш да им одложиш скорешно менување на кулери, испрскај ги со wd40 во процепот каде што се врти кулерот, остави ги да се исцедат 15-20 минути и 5-6 месеци нема да ти дрнда.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom