ask.fm & connected2.me

Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
ask.fm е сајт каде што корисниците креираат свој профил и одговараат на (најчесто анонимни) прашања. Сајтот стана многу популарен меѓу младите кои си поставуваат шегаџиски прашања, но има и многу сериозни, а има и такви кои се многу навредливи.

connected2.me се користи за слична работа, но концептот на сајтот е различен од ask.fm. Овде си отвараш твој профил на кој можат сите да ти напишат нешто (секако анонимно - тоа е предноста) и да си разговарате. Исто како на фејсбук разговорот, само како што реков овде личноста што ти пишува е анонимна.

Што мислите вие за ваквиот начин на комуникација? Дали сте корисници на овие сајтови? Дали ви се допаѓа да ви пишуваат анонимни личности и да се интересираат за вашата приватност, или можеби од чиста досада одговарате?

П.С. Имам грешка во насловот, треба connected2.me. Модератори, ве молам поправете.
 
Најискрено ова е за до 17 год. јас лично не познавам личност која го користи ask.fm над 19 год :) интересна страна но сепак за тинејџериве исто како и за втората страница.
 
Најискрено ова е за до 17 год. јас лично не познавам личност која го користи ask.fm над 19 год :) интересна страна но сепак за тинејџериве исто како и за втората страница.
Интересни се се до оној момент кога некои личности ќе почнат со навреди или со прашања кои се премногу приватни. Најчудно ми е тоа што со цел памет си одговараат на таквите прашања.
 
lucyCharlieFootballBig.gif

http://forum.kajgana.com/threads/ask-fm.63195/
 
Анонимност. Кој прави со анонимен муабет?
Инаку и двата сајтови се џаболебарење (барем на fb знаеш со кого разговараш)
Еве ти разговор на двајца анонимни.

014205.jpg
 
Типката си рекламира свој аск и цела тема е со сеирџиски коментари, а јас сакам посериозно да продискутираме за овие сајтови и погледни малку кај е ставена мојата тема, а каде е нејзината. Ама ако несакаш да дискутираш, немораш, никој со сила не те тера. Заобиколи ја темава, не се труди да бидеш интересен со сликички. :)
 
И нејзината беше у интернет и мрежи....ама ја преместија :sneaky:
 
И нејзината беше у интернет и мрежи....ама ја преместија :sneaky:
Јас се потрудив со воведниот пост да поттикнам дискусија, повторно ќе те замолам доколку несакаш да дискутираш, заобиколи ја темава. Благодарам.
Теми има и за фејсбук и за твитер и за мајспејс и за хајфајф, па има дискусија, а не се сите нивни корисници.
 
ask.fm мене лично не ми се допаѓа, но за помладата популација е интересен :) Другиот не го знам.
 
Тоа треба да се убие бе.
Чиста љубопитност ме натера да прочитам кај некои од регистрираните на аск Еф Ем. По 3 минути дојдов до заклучок дека бабите на бунар кога полнеле вода правеле попаметни, подомаќински муабети.
И да , на 15 годишно чупенце и поставувале прашања од типот : Вистина се муваше со Стојче, вистина те легна Петре...........нека сиби мајката кај појде светов.
Собир на регистрирани луѓе со блага жичка на ретардација, така некако на македонски би се превело.
 
Јас се потрудив со воведниот пост да поттикнам дискусија, повторно ќе те замолам доколку несакаш да дискутираш, заобиколи ја темава. Благодарам.
Теми има и за фејсбук и за твитер и за мајспејс и за хајфајф, па има дискусија, а не се сите нивни корисници.

Да брат...шо е најлошо и јас имам аск -.-

иначе ајј...
според мене треба да се забрани овај начин на комуникација...баш од вакви страници ми иде да го фрлам компјутерот и да не го плаќам нетот. 13-14 годишнни зборуват за секс...
или најјаки ми се прашањата од видот :скината ли си, на колку ќе се скинеш, го свиѓаш ли борче од 8а, која ти е најубава од 7б :tapp:
 
А ние па што правевме на hi5. :)
Сега, не се прашувавме која е скината во 8мо, али кој ти се свиѓа, кој го симпатишаш и тако то, разликата е што таму не можеше да се биде анонимен прашувач, ама беше ,,фора,, да имаш некое име, кое не е твоето, уствари се фураа Daddy's little princess, Ghetto princess, и такви ми ти срања.
Не дека јас бев поарна :) :) :)

Сепак, не ми сметаат сајтовиве како такви, ми смета тоа што копиљациве се понашаат како да имаат многу повеќе години од што имаат, ама не се ни тие криви за тоа.
Јуесејот све заеба.
 
шо споредуваш сеа hi5 со ова...времиња беа тоа...времиња...и немаше таму молење за прашања -.-

не сега...напишала на фб:

-Уффф, досадно ми е, прашајте ме нештооо! *тука следи линкот*
Прашање: Ај да се е**ме?
-Мршшш, не замарај.
Е, што? Сама си го бара, па после квичи...
 
Тоа мене ми личи како на Мирц ако ви текнува многу одамна кога излезе ПЦ-то пентиумки јас си чатував како ненормален тиунејџер,а сега овие некако опасно ми делува оти има многу педофили за разлика од порано така да што знам дали е добро или лошо бидејќи се нечие ќерки или синови :eek:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom