M
Muranyi
Гостин
Мајка си го убила синот бидејќи не успеал да го научи Коранот напамет
Мајка си го убила своето мало синче и го запалила неговото тело бидејќи имало проблеми да го научи Коранот напамет, изјавила таа пред судот, пишува британски Телеграф.
Сара Еџ со стап го тепала својот седумгодишен син Јасин „како куче“ доколку тој не може наизуст да рецитира пасуси од исламската света книга.
Тепањето било толку брутално што момчето умрело од добиените повреди, а неговата мајка се обидела да го запали неговото тело за да ги скрие повредите.
Првично се мислело дека Јасин загинал во пожар во својот дом. Но посмртната обдукција покажала дека госпоѓа Еџ го тепала и го малтретирала малото момче неколку месеци пред сето тоа да кулминира во убиството.
На видеоснимката од нејзиното испрашување од страна на полицијата таа вели: Се обидував да го натерам да го научи Коранот. Станував сѐ понервозна. Доколку тој нешто не прочиташе правилно, станував многу лута – и го удирав. Си поставивме голема цел. Јас сакав тој да научи 35 страници за три месеци. Му ветив нов велосипед доколку го постигне тоа. Но Јасин не го биваше многу – по цела година вежбање тој успеа да научи само едно поглавје“.
Судот ги слушнал сведоштвата на 32-годишната Еџ, која инаку има универзитетска диплома, и нејзиниот сопруг Јусуф, и дека тие го запишале Јасин во напредните предавања во нивната локална џамија.
Тие сакале тој да стане хафиз – исламски термин за некој што напамет ќе го научи Коранот.
На Јасин му завршувал тримесечниот пробен период во џамијата, а Еџ сакала тој да го импресионира имамот со своето знаење.
Госпоѓа Еџ на полициските службеници им изјавила: „Многу лоши нешта ми минуваа низ главата и не можев да се концентрирам. Премногу се лутев и постојано му викав на Јасин“.
Таа го удирала со чекан, сукало и папуча, и постојано го удирала со тупаници, се вели во сведоштвото.
Таа наводно го заклучувала во шупата, го врзувала за вратата и го терала да прави склекови.
Во месеците по смртта на Јасин, Еџ на својот доктор му кажала дека ѝ било кажано да го убие својот син од страна на шејтанот – исламско име за ѓаволот.
Таа пред судот кажала: „Станав толку зла што си го убив сопствениот син“.
Нејзиниот 38-годишен сопруг демантира дека учествувал или го одобрил убиството на детето со тоа што не го спречил ќотекот. Судењето продолжува.