Еее ЕВРОПО, зар го заборави ова?! Срамота!
Им дојде некој на овие дома и ги отера на клоци или самите избегаа 1-3 дена пред да влезе хрватската војска ?
Ако е второто, овде не се работи за никаков воен злостор.Цела документација на РСК говори за планска евакуација на цивилното население во случај на воени дејствија.Ако се водиме по логиката на оваа тужба,секоја војна е воено злосторство затоа што има избеглици.
Целата тужба против Готовина беше фарса......
Еден од темелите на тужбата беше прекумерното гранатирање на Книн,град кој 90% беше нечепнат и 90% од зградите неоштетени.Овој дел е смешен,да не е трагичен.
Најголем дел од воените злосторства се случија во периодот после Олујата и тоа најчесто како индивидуални чинови на одмазда - во време кога Готовина води воени операции во БиХ.После Олујата не се запре, ХВ продолжи и во Босна......Бања Лука на пример беше на артилериски домет.
Готовина води еден сектор од операциите,тој во кој што цивилните жртви се сведени на минимум додека во другиот каде што се случуваат срањата,генералот Стипетиќ мислам дека беше,кој е одговорен за тој сектор не е обвинет и има направено спогодба за сведочење.
Во тужбата се товарат генералите дека се здружиле да направат воено злосторство и дека акцијата била заедничко злосторничко здружување.Акцијата е признаена како легитимна.Сами си мочаат во уста со овој дел од тужбата,од една страна ја признаваат за легитимна акцијата,а од друга велат дека е здружен злосторнички потхват.
Судијата што ја донесе првата пресуда,на него сите пресуди до сега му се или поништени или драстично намалени.
Хашкиот суд е комедија,како прво што дозволи и да се дигне тужба против конкретно овие генерали.Ниту оваа пресуда,ниту една друга не ми значи ништо.Овој суд е целиот комедија......а ниту целиов овој случај не е поразличен.
На сите срби од крајина им е доделена амнестија и куќите им се изградени.Во мешаните средини,како кај нас испобутани се по полиција и администрација.......сите бивши српски војници сега се хрватски полицајци.2 министри во сегашната влада се Срби.....иако Србите се можеби и помалку од 4%.
Тоа што и ден денес дел од нив не ја признаваат Хрватска и не сакаат од тие причини да се вратат - тоа е друга работа.Или на другите што им се уарнија Белград и Војводина и не им се враќа во дупка каква што е внатрешноста на Далмација (нешто налик на Мариово,права пустелија е тој регион).