Најбогатиот Македонец со поголема плата од американскиот Претседател

Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Доколку мислевте дека да си претседател на Америка значи и да земаш огромна плата, тогаш грешите, а доказ за тоа се и информациите во продолжение.
Имено, според официјалните податоци, платата за извршување на претседателската функција во САД последен пат била зголемена пред цели 11 години, во 2001 година. Она што сигурно ќе го зачуди секој Македонец е фактот што Претседателот на САД зема помала плата од онаа која што ја зема најбогатиот жител на Македонија.

Според македонските статистики, најбогатиот Македонец прима плата од 64.000 евра месечно, додека пак годишната плата на Претседателот на САД е "само" 400.000 долари, или околу 33 илјади долари месечно или околу 26.000 евра.

Во продолжение можете да ги погледнете и информациите за тоа колкава плата земале Претседателот на САД, потпретседателот и другите државни служебници во САД во 2011 година, пренесува интернет порталот "factor.mk".
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Официјалната плата на државниците никогаш не е превисока, ама затоа имаат други бенефиции...
Ако гледаш така, да не споредуваме па со Бил Гејтс... Тој има пари ко сите државници на светов заедно...:icon_mrgr: Платата на претседатели и министри и премиери намерно не е премногу висока, затоа што се работи за јавна работа, плата технички добиваат од буџетот и ако земаат преголема плата, самиот народ ќе изрази незадоволство, па затоа и платите не им се толку високи. :)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Да не има некаде оглас за портпарол ?
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
За лидери на заедниците би било весело :D:D:D
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Доколку мислевте дека да си претседател на Америка значи и да земаш огромна плата, тогаш грешите, а доказ за тоа се и информациите во продолжение.
Имено, според официјалните податоци, платата за извршување на претседателската функција во САД последен пат била зголемена пред цели 11 години, во 2001 година. Она што сигурно ќе го зачуди секој Македонец е фактот што Претседателот на САД зема помала плата од онаа која што ја зема најбогатиот жител на Македонија.

Според македонските статистики, најбогатиот Македонец прима плата од 64.000 евра месечно, додека пак годишната плата на Претседателот на САД е "само" 400.000 долари, или околу 33 илјади долари месечно или околу 26.000 евра.

Во продолжение можете да ги погледнете и информациите за тоа колкава плата земале Претседателот на САД, потпретседателот и другите државни служебници во САД во 2011 година, пренесува интернет порталот "factor.mk".
Не знам што те чуди ова Кога чим во Америка претседателот годишно зема 400 000 долари ,а во америка има илјадници менаџери што заработуваат над 10 милиони долари годишно. Тогаш зошто и во Македонија да не нема некој што заработува над 700 000 евра годишно, кога и во Македонија има над 100 компании кои успешно работат вадат добри профити и заради тие резултати се и така добри платени некој менаџери и во Македонија ,зошто сепак за добрите резулатите на компаниите најодговорни се е од топ менаџментот на компанијата исто како и за лошите, така да не гледам зошто се дига паника ако некој менаџер толку заработува а зашто да не заработува ако успешно ја води фирмата.Македонија ќе требаше да се загрижи ако немаше Македонски менаџер што повеќе заработува од Американскиот претседател. Инаку плати на претседатели на држави да споредуваш со плати на јаки менаџери во одлични компаании, е како да споредуваш , Дачиа и Ферари. На политичарите работа им е да тераат политика, а на менаџерите да прават профит. И не знам што е тука чудно, изгледа уште кај добар дел од народов живеат во социјализмот кај што никој не смеел повеќе плата од тито да зима па сега им се чудни вакви работи:)
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Мене ме интересира кој е тој Македонец искрено а не за претседателов, тој земал толку ќеш од сите маднати и тури што ги тера... има милиони и милиони на страна бенефиции :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.732
Поени од реакции
9.856
Мене ме интересира кој е тој Македонец искрено а не за претседателов, тој земал толку ќеш од сите маднати и тури што ги тера... има милиони и милиони на страна бенефиции :)
Најверојатно е директорот на Алкалоид..мислам дека негде прочитав дека он е.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Најверојатно е директорот на Алкалоид..мислам дека негде прочитав дека он е.
Абе, најверојатно има разлика од најголема плата и најголем пријавен приход. Лани за најголем пријавен приход беше тој стружанецот, фудбалски менаџер што е, не ми текнува на името да ме убиеш сега, ама го знаев. Да не мислат на него, па да му делат по месец и да видат колку е месечна заработувачка.
 
Член од
29 јануари 2012
Мислења
2.172
Поени од реакции
3.719
Нека му е алал на пријателот кој и да е

иначе и јас барам оглас за потпарол некаде да бидам ако сум со средно уште :P
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Нека му е алал на пријателот кој и да е

иначе и јас барам оглас за потпарол некаде да бидам ако сум со средно уште :P
Ричард Бренсон нема ни средно завршено па стана милијардер:P Не е све до хартијата!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom