СФ во Македонија!

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Мислам дека Змејко и може да даде добар придонес на темава ако не е во турбо фолк муд и не одат Шабан и Шемса во позадина.
Кај него во експозето читав еден расказ од Асимов баеги оддамна.
Ја сум премногу софистициран и читам многу тешка сај фај. Ако ставам тука препораки може да го урнам серверот од тежина, ама ај ќе пробам:

https://docs.google.com/viewer?a=v&q=cache:JtoQj-8nCcsJ:www2.tech.purdue.edu/cgt/courses/cgt211/projects/concept/Asimov.pdf+&hl=en&gl=us&pid=bl&srcid=ADGEEShm_j9xnWbjNlN7CZeiTRbhdFzbPIycQdjGxRbaCspTmllqmDlWhHrwD22hddQw0cx_mgaQqonlLmoGvzWNOTofibs-GciGkkN6EGi57cndwvgrDi2p-0LnkuHFb7MG1J5q13BU&sig=AHIEtbTDgRRWB7JpkG-Mr-mkKQJ5doylAw

http://www.thrivenotes.com/the-last-answer/

@Змејко нека повели. Тој само кратко ми предложи да гледам турски серии наместо радио-драма :)
Убаво ти кажав, ама ти не слушаш.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Ја сум премногу софистициран и читам многу тешка сај фај. Ако ставам тука препораки може да го урнам серверот од тежина, ама ај ќе пробам:

https://docs.google.com/viewer?a=v&q=cache:JtoQj-8nCcsJ:www2.tech.purdue.edu/cgt/courses/cgt211/projects/concept/Asimov.pdf &hl=en&gl=us&pid=bl&srcid=ADGEEShm_j9xnWbjNlN7CZeiTRbhdFzbPIycQdjGxRbaCspTmllqmDlWhHrwD22hddQw0cx_mgaQqonlLmoGvzWNOTofibs-GciGkkN6EGi57cndwvgrDi2p-0LnkuHFb7MG1J5q13BU&sig=AHIEtbTDgRRWB7JpkG-Mr-mkKQJ5doylAw

http://www.thrivenotes.com/the-last-answer/


Убаво ти кажав, ама ти не слушаш.
.....уште еден закоравен почитувач на Асимов :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
Сега брзо ја купив Истражување на Земјата и Космосот од Асимов и реков да ја читам, ама исто како да читам некој учебник и ја баталив.
Тоа и е нешто како учебник, односно научно-популарна книга. Не е роман, уште помалку СФ. Асимов има многу повеќе научни и популарни книги напишано отколку романи и раскази, а нив ги има навистина многу.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Мислам дека Асимов е единствениот писател во светот чиишто дела се застапени во речиси сите сигнатури во библиотеките.
 
R

Randy

Гостин
Драги форумџики и форумџии,

Една моја пријателка се интересира за СФ сферата во Македонија, па би сакала да ми одговорите на неколку прашања.
Важно: под СФ таа подразбира научна фантастика и сродни жанрови (фантастика и хорор).

1. Од кога читате СФ?
2. На кој јазик читате?
3. Омилени автори и дела
4. Омилени автори и дела од неанглиско говорно подрачје
1. Читав и престанав. Некаде трета година средно кога бев прочитав неколку такви книги и потоа престанав (треба и други работи да се читаат не само СФ, да не остане човек глуп едно те исто да прави).
2. Најчесто на англиски.
3. Brave new world, 1984, We, Master and margarita, Animal Farm. И The Cenci oд Перси Шели ако се важи.
4. Од одговорот под број 3 се значи Булгаков и Замјатин.
на прашањата од 5 до 14 одговорот е не знам односно не.

Инаку книга како книга може да е било каков жанр и да е добра. За одредена идеја е попожелно да се употреби научна фантастика, за други идеи историски роман на пример итн. Битно секоја реченица да е на свое место или како што рекол Чехов ако има пушка во првиот чин, во третиот треба да пука.
Ете тоа е моето скромно мислење на таа тема.
СФ сакам да читам, но за жал немам доволно време, а во моментов поинтересни ми се филозофски дела.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Околу жанровската поделба. До некаде, лесно е да се прави разлика меѓу сф и фантастика, посебно кога станува збор за технолошки напредок, вселенски бродови, безброј планети, разни вонземјани и други шаренила. Понекогаш сф може да се повика и на други науки освен вообичаените - социологија, историја, филозофија... Или пак како основа да има науки кои можеби поретко се вртат во овој тип литература - медицина, психологија, екологија, генетика, етика.
Хоророт, пак, може секаде да биде застапен, така што не би требало да се врзува само со фантастиката, кога истиот може да го има во кој било друг жанр.
Исто така, во едно дело може да коегзистираат и различни, навидум спротивставени жанрови.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Последна прочитана книга со нишки од овој жарн: "Девојката што паѓа" од Дино Буцати, што впрочем е збирка раскази.

Осумнаесетте раскази од Девојката што паѓа го прикажуваат Буцати во најдобро светло - станува збор за моќни приказни, во кои доминираат апсурдот и црниот хумор, фантастиката проткаена со меланхоличен лиризам. Авторот е опседнат со светот на непознатото, кој најчесто добива застрашувачки димензии. Во овие раскази доминира традиционалниот тек на раскажување, но фантастичното, бајковното, чудесното, ужасното, метафоричното, симболичното и алегориското поместување доведуваат до создавање позиција од која неговиот поглед, секогаш чувствителен за она што се наоѓа под видливото, создава сатиричен однос кон силите кои имаат тенденција да ја поедностават стварноста. Буцати отворено истакнува дека неговиот интерес за литературата се движи кон таканаречената “црна” литература, кон приказните за духови, мистерии, светот на страшното и навидум невозможното.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Околу жанровската поделба. До некаде, лесно е да се прави разлика меѓу сф и фантастика, посебно кога станува збор за технолошки напредок, вселенски бродови, безброј планети, разни вонземјани и други шаренила. Понекогаш сф може да се повика и на други науки освен вообичаените - социологија, историја, филозофија... Или пак како основа да има науки кои можеби поретко се вртат во овој тип литература - медицина, психологија, екологија, генетика, етика.
Хоророт, пак, може секаде да биде застапен, така што не би требало да се врзува само со фантастиката, кога истиот може да го има во кој било друг жанр.
Исто така, во едно дело може да коегзистираат и различни, навидум спротивставени жанрови.

Така е. Само што тогаш требаше да отворам три теми, а како што можеш да видиш јас не читам СФ, фантастика многу малку, а хорор ич :)

CafeDelMar
Буцати чека на ред :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Значи нема ни да почнеш :)
Де па ти не биди таков! :(
--- надополнето: 16 ноември 2012 во 17:40 ---
1. Читав и престанав. Некаде трета година средно кога бев прочитав неколку такви книги и потоа престанав (треба и други работи да се читаат не само СФ, да не остане човек глуп едно те исто да прави).
2. Најчесто на англиски.
3. Brave new world, 1984, We, Master and margarita, Animal Farm. И The Cenci oд Перси Шели ако се важи.
4. Од одговорот под број 3 се значи Булгаков и Замјатин.
на прашањата од 5 до 14 одговорот е не знам односно не.

Инаку книга како книга може да е било каков жанр и да е добра. За одредена идеја е попожелно да се употреби научна фантастика, за други идеи историски роман на пример итн. Битно секоја реченица да е на свое место или како што рекол Чехов ако има пушка во првиот чин, во третиот треба да пука.
Ете тоа е моето скромно мислење на таа тема.
СФ сакам да читам, но за жал немам доволно време, а во моментов поинтересни ми се филозофски дела.
Фала за постот, ренди. Со тоа се слагаат сите читатели, особено оние кои објаснуваат дека СФ/от не е само поинаква стварност, туку многу повеќе од тоа.
 
L

Luki Junior

Гостин
Фала за постот, ренди. Со тоа се слагаат сите читатели, особено оние кои објаснуваат дека СФ/от не е само поинаква стварност, туку многу повеќе од тоа.
Повеќето критичари всушност пробуват да најдат логика у него, дирекно инспирирана или паралелна на секојдневната логика. И коа нешто не праве определена смисла се карактеризира како невозможно, глупаво, чудно, досадно, непостоечко...

А тава е всушност еден поразличен свет, со сите негови предности и маани. Макар и измислен, вреде да се посетува од време на време. :)
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Најголем дел од љубителите на СФ-от имаат солидни познавања од областа на техниката и природните науки. И затоа еден СФ писател ако стави две сонца на една планета, тогаш мора да знае како тоа ќе влијае на суштествата што живеат таму. Има и писатели кои прават грешки, ама се забавни, па им се простува.
Ама ако некој прави грешки и не е ниту забавен, тогаш (n)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.746
Поени од реакции
2.561
И затоа еден СФ писател ако стави две сонца на една планета, тогаш мора да знае како тоа ќе влијае на суштествата што живеат таму.
Спуштање на ноќта - Исак Асимов
Додуша таму мислам дека беа 6...
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Спуштање на ноќта - Исак Асимов
Додуша таму мислам дека беа 6...
.....да беа 6 сонца....на таа планета никогаш не беше темница...луѓето се плашеа од темнината....и никогаш не виделе ѕвезди....

....се прави забавен парк со тунел кој е потполно темен....луѓето кои поминуваат низ тунелот ги фаќа ужасен страв и паника....и научниците сметаат дека луѓето можат да полудат од темнината....

во меѓувреме се случуваат коинциденции....археолозите пронаоѓаат необични рушевини....на секои илјада години старост има јагленисан слој од огромни пожари....во меѓувреме една верска секта пропагира дека според нивните списи навршуваат 1000 години од последното уништување....и дека цивиизацијата пак ќе биде уништена....а научниците забележуваат дека ќе дојде до порамнување на сонцата и месечините и дека ќе има затемнување.....светите списи и старите текстови зборуваат за ѕвезди.....но современата цивилизација ниту ги видела...ниту знае што може да очекува

....многу интересна книга....добро се прикажани човековите очекувања и стравови од непознатото...топло ви ја препорачувам на сите

книгата е базирана на цитат од Ралф Валдо Емерсон

If the stars should appear one night in a thousand years, how would men believe and adore, and preserve for many generations the remembrance of the city of God which had been shown!
--- надополнето: 19 ноември 2012 во 11:18 ---
 

Kajgana Shop

На врв Bottom