Историски гледано расколот настанува под следниве околности: Ромејското Царство е нападнато, на царот Константин Мономах му треба помош, поради тоа се обраќа и кај папата. Папата на преговори го праќа кардиналот Хумберт. Во меѓувреме Охридскиот Архиепископ Лав создава список на грешките што ги има во Римската Патријаршија. Поради мислењето дека папата има првенство по власт, а не само по чест, Хумберт бара на воениот самит да седи од десно на Царот, Патријархот Миахил Керуларија се спротивставува. Чашата се прелеала кога Хумберт побарал Михаил да му ја целива раката и да побара благослов. Нанервиран Патријарх Михаил го протерува кардиналот Хумберт, по што Хумберт пишува анатема и ја фрла во олтарот на света Софија, ѓаконите и ипоѓаконите успеваат да ја фатат и да ја искинат пред да падне на земја. На одење од Константинопол Хумберт си го тресе правот од сандалите.
Патријархот Михаил Керуларија свикува помесен Собор на 4. патријаршии (Константинополска, Александриска, Антиохиска и Иерусалиумска) и 2. архиепископии (Охридска и Кипарска) и испраќа анатема во Рим. Истата се чита од амвонот на соборната црква во Рим.
Потажни и понесреќни настани од овие се само настанот кога Јуда го продаде Христа го продадоа и кога Ева касна од забранетиот плод.