Јас пред да се омажам незнаев јајце да спржам, пржев јајце без зејтин и кога бев дома сама, гладував затоа што незнаев сама да си спремам. Никогаш немав потреба да учам да готвам, затоа што цел живот живеев со мајка ми и баба ми.
Додека бев што би рекла баба ми, мома, мојата соба беше во константен хаос, плакарот ми беше неуреден и не здиплен, фрлав чорапи кај стасам, се соблекував и џиткав партали по фотељите да висат со денови, додека не ги облечам пак, и целиот мој ден го поминував во пижами.
Да се разбудев во 12 ми беше рано. Значи будење пред 12 никако, и легнување пред 5 наутро беше светско чудо.
Исто кога пушев цигари, седев по цела ноќ на компјутер, пепељарата полна, ме мрзеше да станам да ја истресам, само ја ставав во фиока и затварав фиоката да не смрди, па утредента кога ќе се разбудев ги фрлав или не.
Кога ќе станев од кревет, го оставав неуреден како сум станала така останал додека не си легнам пак.
Сега знам да готвам се. Научив за месец дена релативно да се снаоѓам во кујна, сега веќе ми е научено да готвам и повеќе од добро.
Куќата ми е уредна, се на свое место, прашина избришана, садеви измиени. Плакарот, како аптека. Се е сортирано посебно маици на кратки ракави, плетени блузи, Маици на долги ракави, посебно хеланки, посебно фармерки.Се на свое место. Креветот редовно затегнат, постелнината секое утро излуфтирана на тараса. Се ми е цакум пакум, и покрај тоа што секој ден сум на работа, без слободен ден, дома ми свети се, имам и ручек зготвено, и се по ред.
Сакам да кажам, се во животот си бара прилагодување, и се си доаѓа на свое место во времето во кое ќе си дојде.
Мене мајка ми секогаш ми викаше, од тебе оџак не чури, еве сега сите се чудат. Како си доаѓаат обрвските, така мораш да учиш и да се се носиш со се во животот.
Се омажив на 24 полни.
