N
NikolaMKD91
Гостин
Во некои земји изневерувањето на сопругот/сопругата претставува кривично дело забрането со закон. Горе доле на сите ни е познато дека изневерувањето во исламскиот свет е кривично дело кое се казнува со каменување и камшикување на изневерувачот. Но, немора да отидеме до блискиот исток или било кој дел од светот каде што владее шеријатот за да видиме дека неверството е најстрого забрането од државата.
Во модерниот западен свет, од кој сме и ние дел (или барем се стремиме да бидеме дел) државните закони за прељуба воопшто не се невообичаено , непознато или табу. Во Американската сојузна држава Њу Хемпшир уште пред 200 години е донесен закон за прељуба. Законодавците се обидуваат да го укинат овој закон, но безуспешно бидејќи сеуште меѓу граѓаните ужива висока подршка, но и конзервативното движење во Њу Хемпшир e многу силно кое инсистира дека кршењето на моралните закони треба да подложи на кривични санкции. Либералите долго време се противат на овој закон нарекувајќи го "тиранија на мнозинството врз малцинството" и досега нивните напори за декриминализација на неверството не вродиле со плод. Реално на терен осудувањата на лица за ова "кривично дело" се многу ретки, но сепак се случуваат. Покрај Њу Хемпшир, во уште 2 американски сојузни држави Минесота и Илиноис неверството е казниво по закон.
Е сега, повеќето од нас (блазе на тие што не биле
) барем еднаш биле изневерени во животот од личноста што ја сакаат. Луѓето што биле изневерени знаат какво е чуството да бидеш предаден од личноста што си ја љубел и си и верувал. Изневерувањето знае да боли , психички но и во многу случаеви физички болно . Голем број на самоубиства се придизвикани од прељуба. Жртвите ги потикнува на депресија,самоубиство и ментално растројство. Ако се гледа од еден друг аспект изневерувањето претставува прекршување на брачниот договор меѓу партнерите (ова се однесува исклучиво на сопружници), тогаш зошто да нема соодветни санкции ?
Да не се разбереме погрешно, пред да ми се нафрлат форумските либералите да кажам јас не пропагирам дека варањето е кривично дело и за тоа треба да се лежи робија,или дека се залагам за воведување на некакви конзервативни закони за изневерување. Едноставно сакам да продискутираме и размениме мислења за ова прашање. Мојот личен став е дека изневерувањето на партнерот/партнерката е етички прекршок и неморален чин, се разбира доколку се изврши без негово знаење или согласност. Ама дали треба да се третира како кривично дело навистина незнам .
Во модерниот западен свет, од кој сме и ние дел (или барем се стремиме да бидеме дел) државните закони за прељуба воопшто не се невообичаено , непознато или табу. Во Американската сојузна држава Њу Хемпшир уште пред 200 години е донесен закон за прељуба. Законодавците се обидуваат да го укинат овој закон, но безуспешно бидејќи сеуште меѓу граѓаните ужива висока подршка, но и конзервативното движење во Њу Хемпшир e многу силно кое инсистира дека кршењето на моралните закони треба да подложи на кривични санкции. Либералите долго време се противат на овој закон нарекувајќи го "тиранија на мнозинството врз малцинството" и досега нивните напори за декриминализација на неверството не вродиле со плод. Реално на терен осудувањата на лица за ова "кривично дело" се многу ретки, но сепак се случуваат. Покрај Њу Хемпшир, во уште 2 американски сојузни држави Минесота и Илиноис неверството е казниво по закон.
Е сега, повеќето од нас (блазе на тие што не биле
) барем еднаш биле изневерени во животот од личноста што ја сакаат. Луѓето што биле изневерени знаат какво е чуството да бидеш предаден од личноста што си ја љубел и си и верувал. Изневерувањето знае да боли , психички но и во многу случаеви физички болно . Голем број на самоубиства се придизвикани од прељуба. Жртвите ги потикнува на депресија,самоубиство и ментално растројство. Ако се гледа од еден друг аспект изневерувањето претставува прекршување на брачниот договор меѓу партнерите (ова се однесува исклучиво на сопружници), тогаш зошто да нема соодветни санкции ?Да не се разбереме погрешно, пред да ми се нафрлат форумските либералите да кажам јас не пропагирам дека варањето е кривично дело и за тоа треба да се лежи робија,или дека се залагам за воведување на некакви конзервативни закони за изневерување. Едноставно сакам да продискутираме и размениме мислења за ова прашање. Мојот личен став е дека изневерувањето на партнерот/партнерката е етички прекршок и неморален чин, се разбира доколку се изврши без негово знаење или согласност. Ама дали треба да се третира како кривично дело навистина незнам .
