Изневерувањето како кривично дело

  • Креатор на темата Креатор на темата NikolaMKD91
  • Време на започнување Време на започнување
N

NikolaMKD91

Гостин
Во некои земји изневерувањето на сопругот/сопругата претставува кривично дело забрането со закон. Горе доле на сите ни е познато дека изневерувањето во исламскиот свет е кривично дело кое се казнува со каменување и камшикување на изневерувачот. Но, немора да отидеме до блискиот исток или било кој дел од светот каде што владее шеријатот за да видиме дека неверството е најстрого забрането од државата.

Во модерниот западен свет, од кој сме и ние дел (или барем се стремиме да бидеме дел) државните закони за прељуба воопшто не се невообичаено , непознато или табу. Во Американската сојузна држава Њу Хемпшир уште пред 200 години е донесен закон за прељуба. Законодавците се обидуваат да го укинат овој закон, но безуспешно бидејќи сеуште меѓу граѓаните ужива висока подршка, но и конзервативното движење во Њу Хемпшир e многу силно кое инсистира дека кршењето на моралните закони треба да подложи на кривични санкции. Либералите долго време се противат на овој закон нарекувајќи го "тиранија на мнозинството врз малцинството" и досега нивните напори за декриминализација на неверството не вродиле со плод. Реално на терен осудувањата на лица за ова "кривично дело" се многу ретки, но сепак се случуваат. Покрај Њу Хемпшир, во уште 2 американски сојузни држави Минесота и Илиноис неверството е казниво по закон.

Е сега, повеќето од нас (блазе на тие што не биле :)) барем еднаш биле изневерени во животот од личноста што ја сакаат. Луѓето што биле изневерени знаат какво е чуството да бидеш предаден од личноста што си ја љубел и си и верувал. Изневерувањето знае да боли , психички но и во многу случаеви физички болно . Голем број на самоубиства се придизвикани од прељуба. Жртвите ги потикнува на депресија,самоубиство и ментално растројство. Ако се гледа од еден друг аспект изневерувањето претставува прекршување на брачниот договор меѓу партнерите (ова се однесува исклучиво на сопружници), тогаш зошто да нема соодветни санкции ?

Да не се разбереме погрешно, пред да ми се нафрлат форумските либералите да кажам јас не пропагирам дека варањето е кривично дело и за тоа треба да се лежи робија,или дека се залагам за воведување на некакви конзервативни закони за изневерување. Едноставно сакам да продискутираме и размениме мислења за ова прашање. Мојот личен став е дека изневерувањето на партнерот/партнерката е етички прекршок и неморален чин, се разбира доколку се изврши без негово знаење или согласност. Ама дали треба да се третира како кривично дело навистина незнам .
 
Да, треба да се третира како кривично дело.
Не ти оди веке со партнерот? Добро. Имаш раскинување, имаш развод.
 
Да, треба да се третира како кривично дело.
Не ти оди веке со партнерот? Добро. Имаш раскинување, имаш развод.
Имаш право за ова, ако партнерот не те задоволува, не ти иде со него или воопшто несакаш повеќе да бидете заедно нема потреба од изневерување, постои развод/раскинување. И сега кога некои ќе излезат со тези човекот е полигамно суштеството, ова она, ајдее . Биди си полигамен ама не повредувај никој поради твојата полигамија, многу едноставно .
 
Мислев дека се зае*аваш, ама после видов дека не сме у ЧДА.
Граѓанскиот брак никаде не забранува секс со лице кое не ти е брачен партнер, па така нема законска основа за предлогот.

Значи, да повторам, склучувањето брак не значи и обврска за сексуална ексклузивност на партнерот. Тоа е ствар на меѓусебен договор, желба, потреба и воздржување у име љубави :icon_mrgr:
 
Наjпаметно е да се понуди опциjа за моногамен и полигамен брак па партнерите да си одберат еден од нив и со договор испринтан у +2 примерока да си живеат. Зошто ако +3ца луѓе се сакаат или од друг интерес сакаат да стапат у брачна заедница да не смеат? 21 век е :)
 
Значи, да повторам, склучувањето брак не значи и обврска за сексуална ексклузивност на партнерот. Тоа е ствар на меѓусебен договор, желба, потреба и воздржување у име љубави :icon_mrgr:
Сум видел парови со склучен граѓански брак кои имаат меѓусебен договор да си коваат и двајцата на страна. Донекаде си за ова у право . Ама дали тогаш е тоа изневерување ако има согласност од сопругот/сопругата?
 
Никола, види ако девојка ти или жена ти те изневерува, до тебе е проблемот, толку се трудиш или толку те бива. А при лечење на фрустрациите нетреба да ти помага правниот поредок на државата, сам треба да си ги решиш.
 
Сум видел парови со склучен граѓански брак кои имаат меѓусебен договор да си коваат и двајцата на страна. Донекаде си за ова у право . Ама дали тогаш е тоа изневерување ако има согласност од сопругот/сопругата?
Извини дечко ти во ЊуЈорк сити да не живееш?
 
Сум видел парови со склучен граѓански брак кои имаат меѓусебен договор да си коваат и двајцата на страна. Донекаде си за ова у право . Ама дали тогаш е тоа изневерување ако има согласност од сопругот/сопругата?
Секако дека не е изневерување ако двајцата партнери не очекуваат ексклузивитет.
У бракот, ипак, се ОЧЕКУВА таков ексклизивитет, а ако некој кој стапува у брак нема намера да дели постела само со брачниот другар, чесно е претходно да каже (ако воопшто има обѕир за чуствата на другиот).

Не сите луѓе на планетава се родени за брак.
 
Како би функционирал тој закон? Би стапил на сила само во случај на пријава од изневерениот или може и швалерката да те заебе?
Иначе фино лепо поднесуваш барање за развод, приложуваш како причина неверство на брачниот партнер и му/и ебеш матер финансиски( бар во странство, кај нас не знам:)). Не гледам потреба од нов закон за лечење на фрустрации.
Од друга страна, со сила убавина не бидува. Никаков закон нема да ти го спаси бракот нити да те спречи да бидеш неверен.
 
Апсолутно против. Секој има право да прави што сака во животот и секој е доволно разумен да донесе одлука која влијае на неговиот живот. Тоа што дечкото кој би ме изневерил би излегол во ситуацијава глуп ко точак заради тоа што со таква постапка би изгубил личност која го сака, почитува и цени - е доволна казна сама по себе. :icon_mrgr:

Не можеш со сила да тераш некој да ти биде верен, особено не со закон. Не можеш ни со сила да тераш некој да те сака и почитува, но затоа можеш слободно да му дадеш шут карта од животот и да најдеш личност која што навистина ќе те сака и цени и која нема да биде глупава и да направи таква грешка.
 
За неверниот маж кастрација,а за неверна жена отсекување на носот.Пазете му се ако станам премиер. :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom