Затоа што постојат многу фактори кои придонесуваат до тоа да нашите сеќавања за настанот се искривоколчени. Луѓето не перцепираат 100% совршено, не помнат 100% совршено, подложни се на сугестија, лажат и слично.
Твоето искуство го прифаќаш без да знаеш дека на пример шок може да те доведе до состојба на зголемена сугестибилност и зголеменото лачење на даден невротансмитер доведува до халуцинации.
Нималку не се согласувам. Во експерименталната методологија се полезува со разни видови мерни инструменти кои не се жртви на опструкциите кои ги наведов погоре, а на кои е подложен човекот. Феномените кои се испитуваат се повторуваат во повеќе средини како би се дошло до разновидни податоци од кои се доаѓа до еден единствен заклучок. Од друга страна, црковните догматски ставови ниту е возможно концизно да бидат дефинирани, ниту пак испитувани.
Истите човечки слабости важат и за научниот пристап, па нели истиот е носител на научната дејност?
Но, во друго е проблемот.
Прво забораваш дека креаторите на современата наука како Декарт, Лајбниц, Њутн..., биле теолози.
Во еврејската традиција, верникот ја гледал природата надарена со рационалност, самото верување во Бог, по автоматизам преставувало признание да во самите созданија постои рационалност која човечкиот ум може да ја истражува.
Модерната наука родена во 13 век, тогашните христијанскин средновековни теолози ги кристализираат и проектираат две те познати доктрини дека творението е рационално и истовремено зависно.
Верата во рационалното ја насочува науката да трага по причини и објаснувања за работите во природата, која е зависна бидејќи е различна од Божјата природа значело да во целта на нејзиното познание неопходно е да се проучува таква каква што е.
Врз основа на овие две комбинации на убедувања, науката успева да се вклучи во истражување на природата онаква каква што е и како што постои и тоа со помош на поимите како: мерката, величинита, квалитетот и причината, позајмени од философијата(рационализам).
Затоа историски гледано науката е дете на теологијата. Но детето растејќи се буни против мајка си и се раздвои од неа, гледајќи ја како пречка.
Во нашево време работите пребрзо се менуваат, прво целосно философско специјализирано знаење во науката се испитува, посебно во теологијата. На пр: научниците согледуваат дека зоологијата и ботаниката не се традициноално разделени како се мислело, пр. неможеш да ја разбреш пчелата без цветот кој и го одредува животот итн.
Исто теологијата се менува, дека еволуционистичките идеи за човекот како органски дел од животинскиот свет..., иако немора да ги прифати деталите од дарвинизмот и сама библиски зборува за тоа дека човекот е составен од природните елементи кога е создаден во последниот ден итн...
Познат е теолошкиот антропоцентричен космолошки поглед.
Понатаму и науката оди во правец прифаќајќи го Антропијскиот принцип, односно дека универзумот е измислен и дека единствено има смисла ако човекот однапред е претпоставен...
Само по пат на ндминување на дихотомијата на овие два спротивставени погледа можеме да ја разбереме позицијата и целта на човекот.
Досега сите прашања ми ги одговори со совети да го променам светогледот односно да го прифатам твојот.
Но без разлика на светогледот реалноста е објективна во секој поглед и стремежот кон објективна аквизиција и анализа на податоци доведува до најверојатната вредност на податоците.
Мислам дека премногу излетавме од темата. Нема да те цитирам повторно доколку не планираш да одговориш на прашањата. Тоест, доколку се држиш на ставот дека мораш да ги одговараш од црковна перспектива.
Значи не се работи за прифаќање на мојот светоглед, напротив реално трендовскиот научно - теолошко потребен двиг за надминување на одредени пречки и проблеми кои го тиштат човекот и природата.
А за темата за злото мислам доволно се изјаснив претходно, но за конкретни прашања сум на располагање.