Знаеш кога отиде татко ми во болница со глукоза во крвта 18,што и рекоа на мајка ми?
Рекоа да не маж ви е алкохоличар?Наместо да ја гледаат објективно работата премногу стрес и зголемена тежина го направија татко ми алкохоличар.
Помина тоа отидов со него да видам што ќе му дадат,му дадоа тие апчињата да му го зголеми нивото на инсулин сензитивност,што прави да инсулинот реагира како што треба,а не секогаш кога ќе му дадеш храна да биде активиран.Ок реков а исхраната што ти дадоа?
Му дадоа една цела листа процесирани храни(бел леб,јогурт,ѓеврек) работи кој немаат ништо хранливо кај нив.Му реков дур сум летово тука немој да си се држел на исхраната ќе отидеме во Бугарија ќе ти земеме некој додатоци во исхраната(хром) многу важен за луѓето со дијабетис тип 2.Му реков исто да се држи на тоа што јас ќе му кажам да јаде и што да се храни и во рок од 3 месеци ослабна 15 кг нивото на глукоза од 15 му се намали на 6.Ако тоа не е доволна промена нашите докторки се зачудија како успеа тоа да го направи за толку кратко време.Промената беше само што му дадов сирова храна и храна богата со витамини и минерали.Јадеше леќа,грав,грашок +пилешко бело зеленчуци,салати,овошје и дур бев со него се беше супер.Ама а си отидов во Бугарија и дознав дека се врати на старата храна пак се вративме на истото.Така да не можеш да ми кажеш дека верувај на докторите.
Таму има добри и лоши доктори.Повеќето од нив се со врски влезени а повеќето абер немаат што прават таму...Извини но да беше здравството како што треба до сега ќе немаше вакви проблеми....
--- надополнето: 10 ноември 2012 во 14:00 ---
Седењето дома и легачење е полоша работа....А да не зборам жалењето.Повеќе е психа отколку еден лек или било што.Некогаш треба драстично да се промениш за да разбереш некои работи.
Значи тоа ако со баш тие зборови прашале дали Вашиот татко е алкохоличар - тогаш докторот заборавил како да зема анамнеза.. Инаку ако прашал дали пиеш алкохол, или колку често пиеш, или кој тип алкохол тоа не е навредливо..
Ама не верувам да сте отишле кај специјалист а тој да не знае или слично. Сигурно не би препорачал бел леб во секој случај
Интересно за алкохоличарите е тоа дека често патат и од хипогликемија отколку хипергликемија..
У секој случај 18 гликемија може да се регулира така да тука физичката активност и диета држи вода дека треба да се применува.
А за Хипотиреоидизам - не давај совети бидејќи има многу причини за појава на хипотиреоидизам а додека вистинската да се утврди првин се пие лекови за да се нормализира вредноста.Нема секогаш - резултати ВЕДНАШ во медицината. Може да е до хипофизата, може да е до надбубрежна жлезда, може да е до хормонален дисбаланс,може да е автоимуно, може да е намалена рецепција или ефект на хормонот, може да е до промена на биоритам, слабо спиење,или дење спиеш ноќе буден, може да е ..
Значи по 3 месеци после терапија се иде на контрола и се продолжува со лечењето или дозата, се иде по истиот курс или се иде на друг. Има доста специјалисти и субспецијалисти стручнаци кои одговорно и стручно си ја вршат работата на Ендокринологија па затоа остај на нив да си ја завршат.