Дали богатите се скржави?

Што мислите дали богатите се скржави?


  • Вкупно гласачи
    286

Pep

Член од
1 декември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
21
Ima skrzavi i toa mnogu ama bilo koj da e bogat bil li siromav li bil na sekoj mu sleduva 2 tovara zemja toa e zagarantirano
 
Член од
2 ноември 2008
Мислења
146
Поени од реакции
15
Мнозинството се и повеќе од скржави, мислат само на себе и газат се пред нив што ќе им застане на патот до успехот. Инаку секоја чест на исклучоците а познавам неколку.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
колку повеќе човек има толку повеќе лаком и скржав станува (y) паметот и емоциите им се намалуваат, така да воопшто не чувствува ништо за никого (знам повеќе примери). чувства немаат за најблиските, гледаат само за себе, само тие да имаат, а останатите кој ги .!.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.523
Поени од реакции
22.163
Како и секојпат не може да се генерализира туку тоа зависит од секој човек. Проблемот е можеби во очекувајната, су видел доста случаеви да коментирам. Да дојде некој дијаспорец да седне со десетина души да части цела вечер јадејне пиејне, е тоа се зема за нормално пошто, нели, има пари и така е редот. Само се прашувам од каде тоа правило? А да седнеш со некој ете посиромав кој не може да си дозволи многу честувајна тогаш и не очекуваш па при такви почести ќе бидеш изненаден.

Е сега признавам дека има турпови со многу пари кој наместо бакшиш да дадат пробуваат уште 10МКД да скратат, има и такви ама тие за мене се надвор од конкуренција поради подпросечно ниво на култура.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Zanimliva tema,obicno e vakva rabotata: Toj(tie) vo familijata na bogatite sto gi pecali parite e skržav,a tie što gi trošat obično se radodarni. Onaka moja globalna procenka.
:D
 
D

Daedalus

Гостин
Зависи од тоа дали тој што е богат бил сиромашен некогаш. Ако бил, тогаш постојат шанси да биде скржав поради стравовите дека повторно ќе осиромаши. Ако не бил богат, или е скржав од лични карактерни особини или уопште не е скржав туку обратно, не ги цени парите. Знам многу пријатели кои што се богати и ги фрлат парите на частење и свашта, затоа што лесно ги заработиле или пак нивните ги заработиле па поради тоа што ги имаат во изобилие не знаат како е да ги немаат. Сиромавите луѓе во принцип се поскржави и поштедливи што секако е нормално. Башка себичноста има повеќе нијанси. Некои луѓе се себични за едно нешто а за друго дарежливи. Плус што конкретно претставува себичност? Кога особата нејќе да подарува работи? Кога особата не подарува пари? Кога особата не позајмува пари? Некој може да биде себичен со еден човек, а со друг дарежлив. Сите луѓе се себични/дарежливи до одреден степен, зависно од нивниот поглед кон светот, нивната економска ситуација и нивната благонаклонетост кон човекот кон кој се себични/дарежливи.

И плус се невероватно глупи.
Интелигенцијата врска си нема со тоа колку си богат или не. Дури постои шанса, тој што е богат да е поинтелигентен и поснаодлив од тој што е сиромав и не знае да ги искористи приликите кои му се нудат во животот. Тука не збориме за луѓе кои се збогатиле на среќа(лото, бинго, кладење, коцкање), кои се збогатиле од наследство или други неконвенционални начини кадешто нивната вештина и знаење не играле улога во нивното збогатување. Исто така не мислам на сиромавите луѓе кои се интелигентни,способни и едуцирани но поради различни причини (политички/социјални) не успеале да најдат соодветна работа. Глеј вака....
Во процент, сиромашните земји бележат најмала стапка на образование и генерална интелигенција.
Земјите со висок стандард, бележат најголема стапка на образование и генерално IQ. Tука мислам на Јапонија, Германија, Шведска итн...
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Не знам како го сфаќате ова богат скржав. Значи јас ако сум богат да се расфрлам со париве? На џупцине по пат бакшиш да им ставам вџеб? За себе нормално дека нема да скржавам али за други... Што ми дале они па јас да им го давам тоаш што сум го стекнал со мака?
 
Член од
24 ноември 2005
Мислења
3.233
Поени од реакции
391
Има и исклучоци, но најчесто богатите кои јас ги познавам се скржави. Има и логика во тоа. Ако почитта кон материјалното благо и пари подразбира апсолутна контрола над нив и внимавање да не им се намали количеството и вредноста, тога многу е нормално да се скржави. Дарежливост и „широка рака“ манифестираат само во ретки прилики на добротворни манифестации. Не дај Боже да треба нешто да купат од тебе или да треба да ти платат за извршена услуга: ќе се ценкаат како цигани!
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мислам дека малку се работи за изместена перцепција. Скржавоста не е доблест или недостатог на богатите туку се манифестира кај сите слоеви.
Себеси се перцепирам како човек кој е во подобра материјална состојба барем од 80% од лицата на моја воздраст во Македонија, во последно време се соочувам со префрлање дека сум бештија од пријатели кога се работи за позајмица или пак трошење на средства во нешто што не ми прави ќеиф или пак немам реална потреба.
Му имам дадено на неколку пријатели одредени помали суми и дел од нив немаат воопшто намера да ги вратат, навистина не ми значат ништо 500 или 1000 ден. и со драга волја би им дал неповратен заем, но истите кога дошле кај мене побарале позајмица со некое спремно образложување. Кога веќе дале ветување, нека си го исполнат.
Кога ќе се начекаме ги потсетувам на моменти, барем дел од нив и некако превртуваат очи, демек сум некој изгилиз за 500 ден ги трујам на секое.
Не ми е воопшто за парите (мислам за таква мала сума), колку што се работи за принципиелност.
Мајсторите се посебна приказна пак, првиот водоводџија ми побара 500 евра за да пушти две цевки вода, кога му побарав спецификација да ми даде колку чинат материјалите, колку чини работната рака почна да кемка дека може да појде подолу.
И тој другиот ме одра, ама таква ми беше ситуацијата што немав избор и морав да платам 4/5 илјадарки поскапо од реалната сума. После ќе излезе муабет дека си од Мокрино од причина што не сакаш да те прават будала неписмени.
Слушнав муабет дури и од што сум ингилиз не си купувам автомобил и се возам со точак.:rolleyes:
Ме интересира колку од тие што критикуваат би биле модерни Робин Худовци и би делеле богородици кај сиромаштијата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom